
Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности во работењето на пет интернет и електронски коцкарници во кои Државна лотарија има 51 отсто од сопственоста. Меѓу констатираните состојби се разлики во договорените парични влогови, неевидентирани побарувања, долгорочни договори за софтвер и платформи, недостатоци во документирањето на трошоците и слабости во контролата на работењето.
Ревизијата се однесува на финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива за 2024 година на ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–77 БИТС, ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–ВЕЗУВ, ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–МОЗЗАРТ, НОВО-ВЛТ и Државна видеолотарија–КАСИНОС АУСТРИА. За сите пет компании ДЗР изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста на нивното работење со законите, упатствата и воспоставените политики.
Разлики од 1,4 милиони евра во договорените парични влогови
Една од клучните констатации се однесува на компаниите интернет-игри на среќа основани во 2023 и 2024 година. Во договорите за заедничко вложување било предвидено содружниците да уплатат вкупно 2.171.470 евра, во три рати во период од три години. Во договорите за основање на друштвата, меѓутоа, бил утврден паричен влог од 771.470 евра, со рок за уплата од една година.
Разликата меѓу двата износа е 1,4 милиони евра. Според ДЗР, на ревизорите не им биле презентирани уредни и веродостојни докази за причините поради кои износите и роковите се разликувале. Ревизорите утврдиле и дека предвидената уплата на влоговите во три рати, во период од три години, не е во согласност со Законот за трговските друштва кој предвидува рок од една година за уплата на преостанатиот дел од влогот.
Кај ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–МОЗЗАРТ и ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–ВЕЗУВ, дополнително, како што посочуваат извештаите на ревизорите, неуплатениот дел од договорените парични влогови не бил евидентиран во трговските книги.
Особено изразена е разликата кај ВЕЗУВ. Според извештајот на ДЗР, од вкупно договорениот влог од 2.171.470 евра, до моментот на ревизијата биле уплатени девет милиони денари, односно приближно 146.000 евра.
Договори до 15 години, најчесто со една понуда
Ревизорите утврдиле неправилности и во начинот на кој биле избирани операторите за обезбедување софтвер, интернет-платформи со играчки содржини, како и услуги за одржување и техничка поддршка на видеолотариски терминали.
Така, посочено е во извештаите дека постапките за избор на економските оператори биле спроведувани врз основа на јавни повици и интерни правилници, без примена на Законот за јавните набавки. Во најголем дел од постапките била поднесена само една понуда.
По овие постапки биле склучени договори со рок на важење од 15 години кај дел од друштвата, односно, како што посочуваат од ДЗР, 10 години кај НОВО-ВЛТ.
Долгорочните договори се однесувале на услуги поврзани со технолошки решенија и платформите преку кои се приредуваат игрите. Во извештајот за НОВО-ВЛТ, ДЗР посочува дека друштвото било должно да ги применува правилата за јавни набавки, имајќи предвид дека Државна лотарија поседува 51 отсто од основната главнина и има доминантно влијание врз неговото работење.
Ревизијата утврдила слабости и во постапките за јавни набавки кај друштвата што спроведувале такви постапки, како и во следењето на реализацијата на договорите. Трошоците за маркетинг, реклама, пропаганда и промоција се уште една област во која ревизорите констатирале недостатоци.
Кај ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–МОЗЗАРТ, ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–77 БИТС и КАСИНОС АУСТРИА, според ДЗР, не била обезбедена целосна и соодветна документација за дел од овие трошоци. Поради тоа, ДЗР не можел во целост да го потврди нивното наменско и рационално користење.
Констатацијата се однесува на можноста ревизорите да проверат како биле потрошени средствата и дали постојат соодветни документи за реализацијата на услугите. Таа сама по себе не значи дека е докажано оти сите спорни трошоци биле ненаменски потрошени.
Кај 77 БИТС, ревизорите велат дека биле утврдени и неправилности при закупот на деловен простор, при што договори со заинтересирани страни биле склучувани без претходно одобрување од Собирот на содружниците. Ревизијата утврдила и авансни плаќања за закуп пред склучување договор, како и позајмици на поврзани друштва без потребното одобрување, кои подоцна биле вратени.
Неправилности при закупот на деловен простор биле констатирани и кај НОВО-ВЛТ.
Прашања за лиценците и престанокот на онлајн-игрите
Ревизорскиот извештај отвора и прашања за правната основа врз која друштвата ги приредувале интернет-игрите на среќа.
Според ДЗР, друштвата приредувале интернет-игри врз основа на пренесено право, произлезено од договорите за заедничко вложување и основање склучени во 2023 и 2024 година. На ревизорите не им бил презентиран акт за издадена лиценца за приредување интернет-игри на среќа.
Во септември 2024 година Владата донела одлуки со кои се одобрува започнување постапки за престанок на друштвата за приредување интернет-игри на среќа. Врз основа на нив, во декември истата година Државна лотарија поднела тужби до Основниот граѓански суд Скопје за престанок на ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА–МОЗЗАРТ, 77 БИТС и ВЕЗУВ. Според соопштението на ДЗР, судските постапки сè уште се во тек.
МОЗЗАРТ и 77 БИТС дополнително престанале да приредуваат интернет-игри на среќа преку своите платформи, додека ВЕЗУВ не започнал со вршење на основната дејност за која бил регистриран.
Посебна констатација се однесува на КАСИНОС АУСТРИА. Според ревизијата, друштвото продолжило да приредува интернет-игри на среќа и по истекот на договорно утврдениот рок од две години, односно по 31 декември 2016 година, сè до октомври 2024 година, кога престанало со оваа дејност.
НОВО-ВЛТ, пак, било основано за приредување електронски игри на среќа, но не започнало со вршење на регистрираната дејност. Во текот на 2025 година била спроведена статусна промена, а на 18 ноември 2025 година друштвото било избришано од Трговскиот регистар.
Проблемите што ги издвојува ДЗР не се однесуваат само на работењето на петте друштва, туку и на регулаторната рамка за интернет и електронските игри на среќа.
Иако со закон било предвидено во рок од шест месеци да се донесат подзаконски акти за интернет-игрите, ревизорите утврдиле дека надлежното министерство не презело соодветни мерки за нивно донесување.
Не биле пропишани формата и содржината на образецот за барање лиценца, минималните технички стандарди за опремата и функционалноста на софтверот, ниту била објавена листа на овластени правни лица за соодветните проверки.
Кај електронските игри на среќа, според ревизијата, не се целосно уредени посебните услови и критериуми за приредувачите, техничките стандарди за терминалите, опремата, системите и софтверот, како и обврската за проверка, тестирање и сертификација.
Дополнително, не бил воспоставен надзорен информациски систем преку кој би се следеле уплатите, исплатите, прометот и приходите од електронските игри на среќа.
Според податоците добиени од Министерството за дигитална трансформација, заклучно со јануари 2026 година биле доставени барања за ограничување на пристапот до 307 веб-страници и апликации преку кои се приредуваат игри на среќа. Сепак, ДЗР утврдил дека и понатаму постојат веб-страници достапни од Македонија преку кои се приредуваат игри на среќа без издадена лиценца.
Недостиг од процедури и контрола на средствата
Во петте компании биле утврдени и слабости во внатрешните контроли, особено во однос на писмените процедури, поделбата на должностите и одговорностите и спроведувањето превентивни и последователни контроли.
Ревизорите констатирале недостатоци и во пописот на средствата и обврските, евидентирањето на одредени побарувања и обврски и постапувањето со искажаните загуби. Кај дел од друштвата не биле преземени соодветни активности за покривање на загубите за 2024 година.
Кај повеќе друштва биле утврдени и исплати на надоместоци на членовите на надзорните одбори повисоки од износите утврдени од Владата. Во одделни случаи, ревизијата утврдила и недостатоци во документацијата за ангажирањето лица, адвокатските услуги и спроведувањето на јавните набавки.
За утврдените состојби ДЗР дал препораки до одговорните лица и органите на управување на друштвата за преземање мерки за нивно надминување. Исклучок е НОВО-ВЛТ, за кое не се дадени препораки бидејќи друштвото било избришано од надлежниот трговски регистар.
Ревизорите открија неправилности во коцкарници во кои Државната лотарија поседува 51 отсто 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-20 10:21:58
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

