Реформите стагнираат, клучните закони стојат заглавени, а состојбата со воздухот, водите, природата и отпадот останува критична, покажува четвртиот Извештај во сенка за поглавјето 27 на коалицијата на граѓански организации „Платформа 27“ кој се однесува на 2024 и 2025 година.
Според извештајот, што денеска беше промовиран, од последниот циклус во 2023 година до крајот на 2025 година не е постигнат суштински напредок во ниту едно од разгледуваните подрачја, со исклучок на донесувањето на Законот за контрола на индустриски емисии во 2025 година. Овој закон претставува значаен чекор кон примена на европскиот принцип „загадувачот плаќа“, но не е доволен за системско адресирање на загадувањето.
Истовремено, клучните закони за води, за природа, за климатска акција, кои треба да го усогласат домашното со европското законодавство, како и законите за прогласување нови заштитени подрачја – остануваат во процедура повеќе години без завршница. Некои од нив се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), но и понатаму чекаат усвојување, многу често и без да се знае причината за нивното одложување.
„Фактот дека стратегиски документи и закони подготвени пред неколку години се уште стојат неусвоени укажува на сериозен институционален застој. Без функционално законодавство не може да има реална заштита на животната средина“, стои во извештајот.
Воздухот и отпадот, остануваат најголеми предизвици
Еден од најалармантните проблеми, загадувањето на воздухот и понатаму останува далеку над над европските граници. И покрај милионските инвестиции во подобрување на квалитетот на воздухот, податоците покажуваат дека концентрациите на PM10 и PM2.5 и понатаму се над граничните вредности во голем дел од годината. Новата ЕУ директива поставува уште построги стандарди – годишната граница за PM10 се намалува на 20 микрограми на кубен метар, што земјата ни близу не ги исполнува. Нов закон за квалитет на амбиентен воздух е во подготовка, но неговото донесување се очекува дури во 2026 година.
Нестандардните депонии и недоволните инфраструктурни решенија за третман на отпадот се меѓу најгорливите прашања со кои се соочува државата, а примерот на Скопје и затрупувањето со ѓубре за само неколку дена заради нефункционалните јавни претпријатија само нагласува колку се неопходни итни мерки.
Регионалните системи за управување со отпад напредуваат исклучиво на административно ниво, а во пракса
отпадот и понатаму се одложува на нестандардни депонии, селекцијата и рециклирањето се минимални, а превенцијата на отпад не е во функција.
Иако проектите за регионални центри се движат, нема реален напредок кој би довел набрзо до затворање на постојните диви и несоодветни депонии.
Последните години нема голем напредок во заштитата и прочистувањето на водите и заштитата на природата
Не е многу поразлична состојбата ниту со заштитата и третманот на водите. Речиси 70 отсто од отпадните води се испуштаат непрочистени, од кои 15 отсто се од урбани средини. Извештајот нотира дека иако дел од општините вложуваат во канализациска инфраструктура, во анализираниот период нема изградено ниту една нова пречистителна станица, што значи дека отпадните води и понатаму завршуваат во водотеците без третман. Изградена е нова пречистителна станица за отпадни води за Нов Дојран, која ќе ги пречистува водите кои ќе се испуштаат во Дојранското Езеро.
И покрај активностите на граѓанското општество и иницијативите од локалните самоуправи, државата не прогласи ниту едно ново заштитено подрачје во 2024 и 2025 година. Процесите за Белчишкото Блато, Студенчишкото Блато, Кожуф, па дури и репрогласувањето на Национален парк Маврово остануваат незавршени. Во меѓувреме, постојните заштитени подрачја се соочуваат со недоволна управувачка структура, недоволни буџети и нерешени конфликтни интереси.
Кај инспекцискиот надзор недостасува кадар заради што контролата има ограничен ефект. Иако ДИЖС повторно стана орган во состав на МЖСПП, институцијата се соочува со недостиг од инспектори, голем обем на работа, нерегуларности кои не секогаш резултираат со санкции, заради што бројни еколошки криминали кои остануваат неказнети.
Земјава останува и без законот за климатска акција, кој е клучен за спроведување на климатските обврски кон ЕУ. Законскиот текст е подготвен уште во 2023 година, но процесот е заглавен.
„Периодот 2024–2025 е период на напредок во место. Државата не прави значајни чекори кон исполнување на европските стандарди во животната средина, а последиците ги чувствуваат граѓаните, природата и здравствениот систем“, вели Бојана Станојевска Пецуровска од Центарот за климатски промени.
Граѓанските организации кои работеа на овој извештај, Центарот за климатски промени, Еко свест, Македонското еколошко друштво и Милиеуконтакт Македонија апелираат Владата, Собранието и надлежните институции итно да ги усвојат заглавените закони од Поглавје 27, да обезбедат функционални институционални и административни капацитети, да ја зајакнат транспарентноста и учеството на јавноста во креирање на политики, да инвестираат во клучни инфраструктури како што се пречистителни станици за отпадни води, регионални центри за управување со отпад и мониторинг системи и да обезбедат стабилно финансирање за секторот животна средина.
Последниот извештај се фокусира на седум клучни области: хоризонтално законодавство, квалитет на воздух, води, управување со отпад, индустриско загадување и управување со ризик, заштита на природа и климатски промени. Анализата опфаќа усогласување на законодавството, степен на имплементација, административни капацитети и буџетска поддршка, како и предизвиците кои го стагнираат процесот.
Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан на локално ниво“, спроведуван од Центарот за климатски промени во соработка со партнерските организации. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
Извештај во сенка за Поглавјето 27: Животната средина напредувала во место во 2024 и 2025 година 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-12 14:25:14 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

