Македонија е најзагадената земја во Европа, покажува мапата на Европската агенција за животна средина, која го следи индексот на квалитет на воздухот во сите европски земји. Македонија, според концентрациите на ПМ2,5 е во најлошата категорија со екстремно високо загадување на воздухот, со концентрации неколку пати над максимално дозволените од 25 микрограми на кубен метар. Земјава минатата година била на 59 место од 180 земји во светот според индексот за перформанси во животната средина, но затоа пак се нашла на 128 место, според состојбата со загадувањето на воздухот.
Загадувањето со цврсти честички во земјава, според професорот од Институтот за хемија, Трајче Стафилов, доаѓа од согорувањето на нафта, деривати и јаглени. Честичките помали од 2,5 микрометри се најопасни бидејќи влегуваат во белите дробови, а тоа што ги прави уште поопасни е фактот дека заради нивната порозна структура и апсорпциони својства, тие внесуваат и други токсини во човековиот организам.
„Од 2002 година на секои пет години вршиме истражувања на загадувањето на воздухот, особено во регионите каде што има историско индустриско загадување преку биомониторинг со мовови со земање на мостри од истите места за да ги следиме трендовите. Се испитуваат присуствата на кадмиум, олово, цинк кои се резултат на работата на велешката Топилница, рудниците во источниот дел од земјата, Југохром и Макстил. Можеме да потврдиме дека загадувањето кое сме го нотирале на почетокот на истражувањето го имаше и во 2020 година. Примероци земавме и годинава и се анализираат во моментов, но не очекуваме големи промени“, рече Стафилов на научна трибина организирана од Македонското еколошко друштво.

Тој посочи дека состојбата со загадувањето во Велес е непроменета повеќе од две децении заради тоа што депонијата со троска се уште стои на отворено, без никаква заштита, а опасните материи слободно се разнесуваат во воздухот, почвата и подземните води, а слично е и со депонијата на фосфогипс на ХИВ Велес која стои на отворено, иако покажува зголемена радиоактивност.
„Истражувањата на прашините од поткровјата на велешките куќи покажаа извонредно високи вредности на тешки метали како кадмиум, олово, цинк, арсен, индиум.. Оловото и цинкот во прашината што ја дишеле луѓето се движеа дури и во проценти. Кога го објавивме, нашиот труд беше многу често цитиран како најлош пример за загадување“, вели Стафилов.
Еден од најголемите загадувачи во земјава, отпадот со линдан, го има во две депонии во ОХИС и една во Пеленица. Сузана Андоновска од Канцеларијата на ПОПс во Министерството за животна средина вели дека за производство на 10 отсто линдан, останувал 90 отсто нус производ, закопан во овие депонии.
„Неразградливите органски загадувачи се движат на големи растојанија и се откриени дури и на места каде што никогаш не биле произведени, како што е Арктикот, тие влегуваат и во синџирот на исхрана, а се таложат во масните ткива и можат да предизвикаат различни болести меѓу кои и карцином“, посочи Андоновска.
Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС започна во септермври 2021 година, а досега се транспортирани и уништени 1.932 тони високо концентриран HCH отпад и 586 тони почва контаминирана со HCH изомери. Собраниот линдан е транспортиран и уништен во Треди во Франција, додека почвата контаминирана со HCH се транспортира во постројката Индавер во Германија. Во моментов не се работи на малата депонија, бидејќи се чека да се соберат доволно средства за да се дочисти. Во големата депонија се претпоставува дека дека има околу 50.000 тони линдан, а во Пеленица кај Драчево околу 40.000 тони чист HCH и уште 6.500 тони мешан, заедно со отпад од фабрика за стакло.
Со ПМ честичките внесуваме и многу други токсини, предупредува професорот Стафилов 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-19 11:10:40 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

