Швајцарскиот писател, претприемач и промотор на псевдонаучни теории на заговори Ерих фон Деникен починал на 90-годишна возраст во Швајцарија. Овој автор на светски бестселери тврдеше дека човештвото и цивилизацијата се развиле под влијание на вонземјани кои во текот на преисторијата ја посетиле Земјата.
Веста за смртта на 10 јануари објавена на неговиот официјален веб-сајт ја пренесоа од низа светски медиуми. Неговата ќерка Корнелија за швајцарската агенција СДА потврдила дека умрел од старост во болницата во Интерлакен.
Фон Деникен е роден 1935 година во Шафхаузен, Швајцарија. На почетокот на кариерата работел како угостител, од келнер до управник на хотел во Давос. При тоа неколку пати заглавувал и во затвор поради долгови, проневери и измами. Светска слава стекнал по издавањето на книгата „Кочиите на боговите“ во 1968 година, по што има објавено над 50 книги кои се преведени на над 30 јазици, за кои се проценува дека се продадени во над 70 милиони примероци.
Во 1970-тите и 1980-тите години Фон Деникен уживаше голема популарност во Југославија преку многубројните преводи на хрватски и српски. По распадот, неколку негови книги како „Боговите беа астронаути!“ и „Сеќавање на иднината : неразјаснети мистерии од минатото “ се преведени и на македонски.
Своите идеи ги комерцијализирал и преку видео продукција и основањето на „Паркот на мистерии“ (Mystery Park) до швајцарскиот град Интерлакен во 2003 година. Оваа деникеновска верзија на „Дизниленд“ во кој како мистерии биле претставени линиите од Наска, Стоунхенџ, египетските пирамиди и календарот на Маите бил затворен по три години поради слаб интерес.
Наспроти нивната огромна популарност, научниците ги сметаат делата на Фон Деникен за псевдоисториски, псевдоархеолошки и псевдонаучни, бидејќи во нив наместо со факти и докази, тој оперира со пристрасни интерпретации на недокажани тврдења, без примена на научни методи.
Псевдонаучните „теории“ на Фон Деникен имаа огромно влијание врз развојот на комерцијалната индустрија за теории на заговори, која од форма на забава прерасна во сила која го оспорува авторитетот на науката на сè повеќе полиња, од историјата до медицината. Со тек на времето, таквото подривање на довербата во институциите беше политички инструментализирано и во рамки на манипулативна популистичка пропаганда.
Популарноста на идеите на Фон Деникен придонесе дел од концептите кои тој ги промовираше, а првобитно ги имаше преземено од научната фантастика, да продолжат да се користат како фикција – во рамки на белетристика, стрип, ТВ-серии или филмови, меѓу кои и долгогодишните франшизи „Марти Мистерија“ (Martin Mystere), „Ѕвездена порта“ (Stargate), „Досијеата Икс“ (The X Files) и „Луѓе во црно“ (Men in Black – MiB).
Од друга страна, неговиот пристап го усвоија низа следбеници и имитатори кои настапија со свои верзии на приказни за тоа како официјалната наука, претставена како догматски бирократски естаблишмент, негира можности за проучување на минато. Тој пристап го прифатија неколку телевизиски канали кои почнаа да објавуваат серии засновани на сензационални шпекулации за наводна улога на вонземјаните во историјата. Сродна варијанта се приказните за наводно напредни стари цивилизации за чие постоење нема археолошки докази, меѓу кои и сериите на Греам Хенкок за „древна апокалипса“ кои се прикажуваат на Нетфликс.
Во политичката сфера, овие концепти се често дел од неоколонијални идеологии за супериорност на белата раса, кои ја негираат способноста на луѓето од одредени делови на светот за создавање културни и цивилизациски вредности, припишувајќи ги разните постигнувања од минатото на надворешни сили.
Почина Ерих фон Деникен, популаризатор на псевдонаука за вонземјани и таткото на модерната индустрија на теории на заговори 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-12 13:34:23 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

