Иако министерот за здравство Азир Алиу во еден момент во јавноста оцени дека драфт верзијата на новиот предлог-закон за заштита од пушење „не треба да се гледа како рестриктивен туку како европски закон“, уште на прво читање може да се види дека де факто станува збор за многу рестриктивен закон, којшто патем е опремен со високи казни и комплицирани одредби и од аспект на нивна примена и од аспект на можноста за избегнување на високите казни за правните лица.
Рестрикции – каде нема да смее да се пуши?
Рестрикциите можат да се видат во првиот дел на предлогот, каде што е направена многу широка листа на места каде што не смее да се пушат цигари, вклучувајќи ги и електронските кои досега се сметаа како помало зло и за пушачите, а автоматски и местата каде што можеа да се употребуваат беа многу поразновидни. Во предлог новите правила во членот 3 се предвидува ограничување на пушењето на 16 вида јавни и отворени или полуотворени простории, меѓу кои спаѓаат и следниве:
- Пред влезови на објекти на здравствени установи, установи за социјална заштита, воспитно – образовни институции;
- Во сите видови јавен превоз, вклучувајќи патен, железнички, воздушен и воден превоз, жичари и ски-лифтови;
- Во објекти на аеродроми, железнички и автобуски станици, езерски пристаништа;
- На станици на градски и приградски јавен превоз;
- Во приватно возило во присуство на дете;
- Во заеднички простории на станбени згради и заеднички делови на станбена зграда (светларници, лифтови, заеднички котларници и слично) утврдени со закон;
- Во објекти на полициски станици, казнено-поправни и воспитно-поправни установи.
Овие предлог одредби во кои се наброени забранети места за пушење, вклучувајќи ги и затворите, а дури и исклучоците, како што е дозволено пушење на отворени балкони на објекти, го исклучува приземјето на објектот како дозволено место.
Збогум на ментол и овошните цигари – сите други може?
Интересна е одредбата која може да се проблематизира од аспект на индустријата и трговијата, но и од логички аспект, дека од тутунските производи се издвоени сите оние што се ароматизирани како поопасни, па се воведува нивна целосна забрана и за производство и за продажба. Овие забрани се ставени во членот 9 од Предлогот на закон:
(4) Се забранува производство, увоз, дистрибуција, продажба и ставање во промет на тутунски и никотински производи кои содржат ароми или вкусови.
(5) Под ароми и вкусови од ставот (4) на овој член, се подразбираат сите состојки, адитиви или нивни комбинации кои даваат или менуваат мирис или вкус на производот, вклучително и, но не ограничувајќи се на слатки, овошни, билни, ментол, ментови и други карактеристични вкусови, освен природниот тутунски вкус.
Главата од законот во која се наоѓа и членот 9 со овие забрани е насловена „Заштита на новите генерации од негативните последици на консумирањето на тутун и никотин“.
Најмалите казни се 100 евра за физичко лице и од 2.000 евра за правно
Покрај другите забрани во законот кои се однесуваат на целосна забрана на рекламирање или промоција на цигарите и другите производи од тутун дури и на социјалните мрежи, во законот се предвидени и прекршочни одредби кои може да се оценат како високи и одвраќачки и тие се движат најмалку од 100 евра казна доколку е изречена на самото место на прекршокот за физичките лица. Доколку граѓаните и надлежните се решат на прекршочна постапка, казните за физичките лица се нормирани од 150 до 300 евра во денарска противвредност.
Правните лица имаат многу повисоки казни, вклучувајќи ја и задолжителната казна за одговорното лице во правниот субјект:
(1) Со парична казна во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се казни мало правно лице, со парична казна од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе се казни средно правно лице, а со парична казна од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се казни големо правно лице за прекршок, доколку постапува спротивно на членовите 3, 4, 5, 6, 7 и 8 од овој закон.
(2) За прекршокот од став (1) на овој член, одговорното лице во правното лице ќе се казни со парична казна во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Овие и други делови од прекршочните одредби може да се видат во членот 12 од предложеното решение.
Опција – казна како општокорисна работа од 24 часа
Предлогот за новиот закон предвидува замена на паричната казна за физичките лица и наместо прекршочна глоба од 150 до 300 евра, тие ќе може да изберат порамнување.
Порамнувањето може да се изврши преку општокорисна работа наместо пари за казната или пак, преку средства за општокорисна работа наменети за отстранување на последиците од прекршокот. Тоа е регулирано во членот 14 од предлогот, каде што се наведува дека општокорисната работа не може да биде подолга од 24 часа, а дека сите правила ќе ги утврди министерот за здравство:
(7) Министерот за здравство го утврдува видот, висината на чинењето на општокорисната работа за секој прекршок одделно, како и начинот на нејзиното извршување во согласност со министерот за економија и труд, министерот за образование и наука и министерот за труд, демографија и млади. Висината на средствата наменети за општокорисна работа не може да биде повисока од висината на пропишаната глоба за прекршокот, при што вредноста на еден час општокорисна работа изнесува најмалку 100,00 денари, а најмногу 250,00 денари во зависност од видот и сложеноста на општокорисната работа.
Намалување на висината на глобата како можност е предвидена за правните лица како сторители на прекршок преку посебен механизам на договорање меѓу државата и прекршителот.
Правните лица ќе може да се договараат пред Комисии
Правните лица чии казни се прилично високи, особено за малите и средните фирми, може да куртулат најмалку половина од казните доколку се решат да го користат системот за договарање, поточно „посредување и постигнување согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги отстрани последиците од прекршокот“
Посредувањето ќе се одвива пред Комисија/или Комисии, формирани од неколку министри и сето ова е предвидено во членот 15 од предлогот за новиот закон, во кој меѓу другото е наведено:
(4) Постапката за посредување се води пред Комисијата за посредување формирана од министерот за економија и труд, односно министерот за здравство, односно министерот за образование и наука, односно министерот за труд, демографија и млади, односно министерот за внатрешни работи.
(5) Комисијата за посредување е составена од три члена од кои еден ја врши функцијата на претседател. Членовите на Комисијата се избираат од редот на државните службеници вработени во Министерството за економија и труд, односно Министерството за здравство, односно Министерството за образование и наука, односно Министерството за труд, демографија и млади, односно Министерството оза внатрешни работи од кои еден е дипломиран правник.
(8) За постигнатата согласност во постапката на посредување се склучува спогодба со сторителот на прекршокот.
(9) Во спогодбата се утврдуваат обврските на сторителот на прекршокот, а особено:
- висината и начинот на плаќање на глобата;
- висината и начинот на плаќање на другите давачки и трошоци и
- мерките кои треба да ги преземе сторителот за отстранување на последиците од прекршокот.
(10) Во случаите во кои е постигната согласност во постапката за посредување, глобата на сторителот за сторениот прекршок може да биде намалена за најмалку половина од максимум пропишаната глоба за прекршокот.
Гледајќи ги овие одредби од предлогот за новото законско решение кое од 10 јануари 2026 г. е поставено на ЕНЕР, може да се оцени дека за правните лица е предвидено, иако во комплицирана постапка, драстично намалување на предвидените глоби кои се движат од најмалку 2 до 3 илјади евра во денарска противвредност.
Пишува: Теофил Блажевски
Високи казни и комплицирани одредби во Предлог-законот за заштита од пушење 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-13 12:26:37 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





