
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба кажа дека сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да се укине. На лидерската средба во Клубот на пратеници присуствуваа и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, лидерот на Вреди Билал Касами, како и лидерите на опозиционите ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче не присуствуваше. Причината за непојавувањето Филипче наведе дека „Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата“.
Мицкоски рече дека го прифаќаат барањето на СДСМ техничка влада да има за следните парламентарни избори, но смета дека повеќе не треба да постои, и сите лидери се согласиле дека техничката влада треба повеќе да не постои.
„Се согласивме за техничката влада дека треба да замине во минатото. Имаше предлог од еден од лидерите да се консултира меѓународниот фактор. Од една страна сакаме да бидеме дел од европското семејство, а од друга страна сакаме да имаме техничка влада. Во ред, еве нека има техничка влада и на наредни избори како што сака СДСМ, но од тие натаму да нема“, рече Мицкоски.
На лидерската средба се разговарало и за Законот за прекршоци кој треба да се усвои во Собранието, за да може од 1 февруари да стартува проектот „Безбеден град“ за кој е потребно двотретинско мнозинство, без Бадентер. Мицкоски кажа дека сите присутни рекле оти ќе го поддржат овој закон.
Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на Пржинската влада, таа може да важи и за следните избори, па потоа да се укине. Но, како што оцени премиерот, ќе треба да се направат измени во Законот за Влада зашто има промена во ресорите.
„Јавноста денеска беше сведок на еден поинаков пристап – на отворена, конструктивна дебата полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања. Предложив дебатата да продолжи на ниво на пратенички групи зашто ние сме за надминување на проблемите, а не за создавање нови“, посочи Мицкоски.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денешната средба во Клубот на пратениците ја оцени како изненадувачки, за првпат конструктивна, посочувајќи дека било начелно договорено до крајот на пролетта, односно до јуни да се донесе нов Изборен законик, иако за економските теми, како минималната плата, рече дека не наишле на разбирање.
„Се дискутираше за модалитетите. Една изборна единица, со или без изборен цензус, отворени или затворени листи. Комуникацијата ќе продолжи на ниво на координатори на пратенички групи во Собранието со некои од министрите во Влада“, изјави Апасиев.
На средбата, посочи тој, било разговарано за укинување на техничката влада во две варијанти – или веднаш, или не за наредните, туку по наредните парламентарни избори, зависно од СДСМ.
Последната политичка тема на која било разговарано, како што рече Апасиев, бил Oмбудсман, за кој Левица предлага соломонско решение.
„Тоа е припадник на ромската заедница да биде избран бидејќи сметаме дека се најдискриминирана заедница која нема никакви полуги на власта, ниту министри, ниту пратеници, еден градоначалник, ако не се лажам, и сметаме дека ова е уставна категорија треба да ѝ припадне на ромската заедница“, посочи Апасиев.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој на средбата ја претставуваше коалицијата ВЛЕН, изјави дека тие поддржуваат техничката влада да се укине веднаш, а ако нема согласност од сите политички фактори, тогаш и следните редовни парламентарни избори да се одржат со техничка влада и потоа таа да се укине.
Како што посочи тој, на средбата било изнесено и барањето со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето.
И од движењето ЗНАМ – За наша Македонија, по лидерската средба изјавија дека поддржуваат укинување на техничката влада, како и за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица.„Техничката влада беше воведена како привремено решение во специфичен политички контекст и со една јасна цел – обезбедување демократски, фер и слободни избори во време на политичка криза. Таа цел е одамна исполнета и зад нас се неколку успешно спроведени изборни циклуси, вклучително и последните локални избори во 2025 година“, изјави пратеникот на ЗНАМ, Бобан Караплејовски.
ЗНАМ дава поддршка и на примената на „Безбеден град“ и апелира на негово побрзо усвојување. Го поддржуваат и Законот за прекршоците.
На новинарско прашање зошто претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, не присуствувал на лидерската средба, Карапејовски одговори дека тој претходно имал закажани средби надвор од земјата и оти во тоа нема ништо спектакуларно.
Сите лидери по средбата се согласија дека техничка влада нема да има после следните парламентарни избори 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-14 15:34:04 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

