Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите на Македонија минатата година добила 244 жалби за неетеичко известување во медиумите, што е најголема бројка досега, информираа денеска од СЕММ.
Од нив 145 биле без основа за разгледување, а Комисијата разгледала и донела одлуки за 96 жалби. Најчесто прекршувањата се однесувале на членовите еден, три и десет од Кодексот на новинарите. Најголем број од жалбите се однесуваат на содржини објавени на интернет порталите, 78, во печатените медиуми и нивните веб изданија 11, на веб страниците на телевизиите, шест, и една жалба за содржина емитувана на телевизија.
Како што информираат од СЕММ, од разгледаните 96 жалби минатата година, за 58 се донесени одлуки дека постои прекршување на Кодексот, а за 32 дека не постои. Шест жалби се решени со медијација. Најчести подносители на жалбите во 2025 година биле политичарите, носителите на јавни функции и институциите, кои доставиле 36 жалби, потоа граѓаните со 25, организациите и здруженијата од граѓанскиот сектор со 22, а медиумите и новинарите и политичките партии со по шест жалби.
Според Леунора Калиќи, претседателка на Управниот одбор на СЕММ, бројките не се само статистика, туку укажуваат дека Советот е организација со кредибилитет и интегритет со доверба кај граѓаните и организациите, како столб на одбрана на професионалното и етичкото новинарство.
„Фактот дека се разгледани 96 поплаки укажува каде би требало да реагираме и каде може да интервениране за да добиеме појасна слика и подобрување во медиумскиот простор во следниот период. Информациите веќе се преместени во онлајн просторот и од тие причини за онлајн медиумите се однесуваат и најголем број од жалбите, а најголем број од нив се однесуваат на три членови од Кодексот, што значи дека и годинава ќе треба да работиме на медиумска писменост“, вели Калиќи.
Билјана Георгиевска, извршна директорка на СЕММ, вели дека статистичките податоци секоја година покажуваат различни трендови во поднесувањето на жалби до Комисијата. Во 2024 година имало голем број на лажни жалби во име на големи институции, што покажало злоупотребување на алатката за медиумска саморегулација, додека во 2025 година голем број на жалби биле поврзани со трагедијата во Кочани.
„Во само еден ден, непосредно по погребот на жртвите од катастрофалниот пожар, до Советот стигнаа преку 140 жалби. Секоја минута стигнуваше по една жалба што за нас беше многу необична ситуација која наликуваше на оркестриран дигитален напад, не само врз СЕММ, туку и врз медиумите, особено за содржините и начинот на известување поврзани со погребот. Тие главно влегоа во пакетот жалби кои се поднесени без основа, бидејќи се однесуваа на странски медиуми, од регионот, но и на телевизии од Индија“, вели Георгиевска и објаснува дека во проверката на автентичноста се утврдило дека доаѓаат од мејл адреси за една употреба или од непостоечки телефонски броеви на кој никој не одговара.
Снежана Трпевска, претседателка на Комисијата за жалби вели дека иако постои мислење дека одлуките на комисијата не се релевантни и не можат многу да променат, искуството вели дека за добар дел од медиумите на кои тие се однесувале им било важно и дека не им е сеедно кога ќе се посочат дека направиле етички пропуст.
„Од статистиката може да се види дека најголем број жалби се за интернет порталите, што укажува на тоа дека на публиката и е многу полесно материјалот за кој што се жали да го обезбеди на интернет, но и дека дел од традиционалните медиуми, како телевизиите подобро ги познаваат етичките правила“, вели Трпевска.
Таа посочува дека дел од жалбите се однесувале и на новите форми на новинарство, поточно подкастите, кои се многу гледана и моќна форма што ја збогатува креативноста и јавната дебата, но во која има и многу непрофесионализам и поединци кои работат како новинари, но не ги познаваат етичките стандарди. Трпевска вели дека донеле и одлуки кои се однесуваат на тоа дека не може да се објави текст со употреба на вештачка интелигенција без новинарот да ја контролира содржината.
Советот за етика во медиумите лани добил рекордни 244 жалби, над 140 биле за известување за пожарот во Кочани 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-16 11:33:57 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

