Неодамнешното соопштение на опозициската партија СДСМ во врска со барањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нов владин авион, ги истакна долгогодишните проблеми во политичката комуникација во земјата – сексизмoт и континуираниот пад на квалитетот на политичката комуникација. Иако изјавата навидум се однесува на староста и големината на авионот, таа го пренасочува фокусот кон Сиљановска како личност, наместо кон политичките импликации на нејзиното барање, отворајќи прашања за третманот на жените во македонската политика.
Во оригиналното соопштение на СДСМ, саркастичните коментари што го поврзуваат барањето за нов, поголем авион со физичката состојба на Сиљановска-Давкова вклучително и забелешките за „болки во колената“, една професионална одлука ја претворија во лична и родово обоена тема.
„Но Гордана Сиљановска вели дека браќата Рајт користеле „Лир џет“. Нејзе ѝ е „стар“ авионот, па мора нов – и тоа поголем. За Мицкоски ни е јасно, купил Вучиќ нов авион, па мора и тој. Или го болат колената. Можеби и Гордата Сиљановска ја болат колената?“, пишува во соопштението на СДСМ.
Машките политичари, како српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се споменува во соопштението, ретко се предмет на ваков вид исмејување за слични барања, што укажува на двоен стандард во политичката критика. На овој начин, дискурсот суптилно го поткопува професионалниот авторитет на жените во политиката, сведувајќи комплексни политички одлуки на лична потсмевливост.
Осврнувајќи се на овој поширок феномен, Марта Стевковска, новинарка, авторка, феминистка и активистка за родова еднаквост од мрежата „Стела“ вели дека кога станува збор за жените во политиката, родовите предрасуди и стереотипи, вклучително и оние поврзани со возраста многу често се користат за нивна критика.

феминистка и активистка за родова еднаквост од мрежата „Стела“. Фото: Жарко Чулиќ
„Критиката за жените во политиката не врз основа на функциите што ги извршуваат, туку како начин за дискредитација на нивниот авторитет и компетентност. Дополнително, употребата на родово нечувствителен јазик само ги засилува нападите врз жените, таргетирајќи ги едноставно затоа што се жени. Политичките партии треба да се фокусираат на конструктивна критика на професионалната работа и одлуките на жените на функции, наместо да ги зајакнуваат штетните родови предрасуди“, вели Стевковска.
Анализата на Стевковска укажува на системски проблем, односно на тоа дека политичката комуникација во Македонија премногу често го изедначува родот со компетентноста, создавајќи култура во која жените лидери мора да ги оправдуваат не само своите одлуки, туку и самото свое присуство во политиката. Овој образец не само што ја обесхрабрува женскаото политичко учество, туку и го пренасочува вниманието на јавноста од креирањето политики, сведувајќи сложени прашања на лична сфера.
Проблемот оди подалеку од поединечни изјави. Според студија од 2024 година на Националниот демократски институт (NDI), во првата половина од годината биле идентификувани над 3.380 коментари со сексистички јазик насочен кон жени во политиката, посебно во предизборниот период. Овие напади се поттикнати од длабоко вкоренети стереотипи за жените во лидерски позиции и дополнително се засилени од недоволната регулација на социјалните мрежи и неуспехот на институциите да ги повикаат сторителите на одговорност. За разлика од мажите, жените лидерки често се таргетирани лично, со нарушување на приватноста и морални осуди, а нивните професионални достигнувања и способности се занемаруваат.
Покрај родово обоените коментари, случајот со Сиљановска одразува и општ пад на квалитетот на партиската комуникација, која станува сè поагресивна и примитивна.
Билјана Георгиевска од Советот за етика во медиумите смета дека ако до пред неколку години постоела извесна разлика, во последните години имаме состојба каде ‘малку подобриот ученик трча да го стигне полошиот’. Двата политички блока (кои комуницираат на македонски јазик) меѓусебно комуницираат со кавгаџиски, инсинуирачки, често навредлив, често дискриминаторски, но подеднакво несоодветен јазик.

„Како новинарка која долго време ја следи политичката комуникација во земјата, со жалење констатирам дека нивото на партискиот јазик забрзано и континуирано паѓа до ниво на примитивизам. Партиските соопштенија одамна наликуваат на ‘фрлање камења во училишен двор’, наместо обраќање кон јавноста која три децении трпеливо чека и од своите приходи плаќа за политичарите конечно да го подобрат квалитетот на животот во земјата“, вели Георгиевска.
„Да не беше ова редовно пренесувано од медиумите, штетата можеби ќе беше помала, но со обезбедување платформа и практично ширење на оваа политичка некултура, без професионална новинарска интервенција или провокација, искрено жалам за почетната позиција на идните политички активисти во земјата“, додава таа.
Георгиевска укажува на подлабок структурен проблем: политичките партии сè почесто го ставаат во преден план меѓусебното напаѓање наместо решавањето на реалните проблеми на граѓаните, користејќи навредлив и дискриминаторски јазик како алатка за политичка комуникација. Кога на тоа ќе се додаде родово обоена омаловажување, се создава политичка средина која е непријателска кон жените и корозивна за демократскиот
дискурс.
Соопштението на СДСМ покажува како суптилниот сексизам, онлајн нападите и опаѓањето на комуникациските стандарди во македонската политика се пресекуваат, создавајќи токсична средина за жените лидерки и сведувајќи го јавниот дискурс на потсмев. За демократијата да напредува, политичките партии мора да дадат приоритет на професионалноста, правичноста и инклузивноста, осигурувајќи дека критиката е насочена кон одлуките и политиките, а не кон личните карактеристики или родот.
Пишуваат: Деспина Ковачевска, Фјола Златку
Меѓу сексизмот и сензационализмот: Каде исчезна достоинството во политичката реторика? 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-21 09:08:10 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
