Откако поранешниот вицепремиер Артан Груби вчера беше уапсен на македонско косовската граница на преминот Блаце, во јавноста се јавуваат разногласија за тоа дали се предал или бил уапсен, зошто сега и што ќе се случува натаму со Груби и отворени дебати меѓу најголемите политички партии. Поради тоа упатно е да се знаат неколку факти околу случајот, пишува Вистиномер во написот во рубирката Контекст кој го пренесуваме во целост.
Груби сè уште не е обвинет
Прв важен факт е дека за Груби сè уште нема обвинение, туку тој е осомничен. Тој ја напушти земјата, т.е. избега, во рамки на веќе започната истрага од страна на надлежното јавно обвинителство околу злоупотреби поврзани со Државната лотарија, извршени заедно со поранешниот директор Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство. Откако МВР поднесе кривична пријава за повеќе лица – 8, а ЈО прифати за 6, Груби ја напушти земјата. И соопштувањето на кривичната пријава и бегството се случуваа на 16 декември 2024 г. Неколку часа подоцна по наредба од ЈО, МВР за Груби и Бајрами распиша национална, а потоа и меѓународна потерница. Потерницата беше распишана откако во рамки на истрагата полицијата изврши претрес на повеќе локации, а при претресот не ги пронајде во своите домови ниту Груби ниту Бајрами.
Самото бегство и начинот на кој го поминал граничниот премин Блаце, долго време потоа беше жешка тема на политичка дебата во јавноста, а Груби преку својот профил на Фејсбук првиот ден тврдеше дека не избегал туку дека е во посета на Косово и дека ќе се врати во земјата.
По распишувањето на меѓународната потерница, Кривичниот суд го прифати и барањето на обвинителството за одредување на 30 дена притвор за двајцата.
По добиено известување од надлежното МВР, дека двете лица за кои јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија да го прифати предлогот на јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, соопшти Кривичниот суд на 17 декември.
За што се бараат осомничените?
Иако во кривичната пријава на МВР за Бајрами, за Груби и другите лица се наведуваа повеќе дела (злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство), во распишаната меѓународна потерница, се наведува дека се бараат за едно кривично дело: Проневера во службата, нормирано со членот 354 во Кривичниот законик. Еве ги одредбите од член 354 кои се наведени во потерницата:
Проневера во службата
Член 354
(1) Службено лице кое со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист ќе присвои пари, хартии од вредност или други подвижни предмети доверени во службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(2) Ако сторителот на делото од став 1 прибавил поголема имотна корист, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибавил значителна имотна корист, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(5) Со казната од ставовите (1), (2) и (3) на овој член ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице кое има претставништво во Република Македонија или лице кое врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото посебно овластување или должност, определено со закон.
За осомничените е наведен и член 22 од КЗ кој го нормира кривичното дело Соизвршителство, а за санкциите се упатува на конкретно кривично дело, овој пат тоа 354, Проневера во службата.
Како што може да се види од одредбите од членот 354, на Груби (и на Бајрами), му се заканува затвор до 10 години, доколку Јавното обвинителство остане на намерата да подигне обвинение за овој член и доколку успее да го докаже кривичното дело во судскиот процес. Минималната казна е шест месеци, но доколку се докаже дека осомничениот, т.е. обвинетиот, прибавил поголема имотна корист запретената казна е од една до 10 години затвор, а доколку станува збор за значителна имотна корист, тогаш казната е најмалку 4 години. Малверзациите, т.е. штетатата во крвичната пријава беше наведена на над 8 милиони евра.
Само неколку дена пред да почне постапката за Груби, на 9 декември 2024 г., тој и поранешниот судија Енвер Беџети беа ставени на американската „црна листа“ поради „значителна корупција“ и други причини.
Црната тринаеска на црната листа: Кои македонски јавни личности се непожелни во Америка
На Груби му се заканува казна до 10 години затвор, ако го обвинат и ако се докаже делото 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-24 10:00:58 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
