Истражувачкото новинарство постојано напредува, се менува и се приспособува на новите технолошки алатки, но во услови на информативен неред и намален простор за темелни истражувања во мејнстрим медиумите, потребата од јасни методи, принципи и професионални стандарди станува сè поизразена. Токму во овој контекст е преведен водичот „Вовед во истражувачкото новинарство“, издание на Глобална мрежа за истражувачко новинарство, преведен на македонски и на албански јазик од Центар за развој на медиуми.
Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми посочи дека преводот произлегува од реална потреба за подобро разбирање на основите на оваа професија.
„Овој прирачник е преведен затоа што се чуствува потреба, а таа е лоцирана и во самиот прирачник, за познавање на истражувачко новинарство. Нема доволно познавање што е истражувачко новинарство, кои се основни методи и принципи. Потребата посебно се чувствува кај традиционалните медиуми кои во голема мера се откажаа од истражувачко новинарство, а во главно со ваквиот вид истражување се занимаваат невладините и граѓанските организации“, рече Георгиевски, додавајќи дека една од целите е прирачникот да биде корисен и за студентите.
Николија Апостолу од Глобалната мрежа за истражувачко новинарство нагласи дека алатките и контекстот во кој работат новинарите постојано се менуваат.
„Интернет-безбедноста се менува, се развива и вештачката интелигенција, има нови бази на податоци за следење на парите. Секако, има поглавја за основите на новинарството, но има и делови за проверка на факти, бидејќи никој не нè учи како да го правиме тоа“, рече Апостолу, посочувајќи дека има интерес прирачникот да биде вклучен во студиските програми по новинарство.
Д-р Јасна Бачовска – Недиќ од Факултетот за новинарство и односи со јавност при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ истакна дека е потребна повеќе литература за истражувачко новинарство на македонски јазик.
„После многу години, истражувачкото новинарство повторно е задолжителен предмет на факултетот, откако долго време беше изборен. Како општество имаме проблем со овој вид новинарство, сведоци сме дека Македонија падна на сите извештаи во однос на демократскиот капацитет“, рече таа.
Недиќ додаде дека прирачникот може да им биде корисен и на студентите по политички науки, правни студии и односи со јавност, а не само на студентите по новинарство.
Џелал Незири од Балканскиот институт за регионална соработка БИРЦ оцени дека е потребно на неколку години да се објавуваат унапредени прирачници.
„Новинарство се менува на дневна основа, па треба барем на неколку години да се објавуваат унапредени прирачници, кои се добри не само за новите новинари и студенти, туку за сите нас“, рече Незири, посочувајќи дека во прирачникот има познати новинари кои раскажуваат како ги изработиле ствоите стории.
Тамара Чаусидис од БИРН Македонија во своето обраќање изјави дека често постои нејасна перцепција за тоа што претставува истражувачко новинарство.
„Тоа не е етикета. Многу поретко говориме за истражувачкото новинарство како процес со јасни чекори, ограничувања и одговорности. Храброста не е само кого ќе истражуваме, туку и како ќе истражуваме. Храброста е да чекаме да добиеме доказ повеќе, работите да се потврдат со документ. Храброста е во тоа да чекаме да добиеме доказ повеќе, да чекаме работоите да се потврдат со документ, и тоа звучи досадно, но често дисциплината на умот потфрла, губи пред нестрпливоста, ароганцијата“, рече Чаусидис.
Таа додаде дека истражувачкиот новинар мора да тргне од претпоставката дека постои документ или доказ што може да ја потврди или негира одредена состојба.
„Многу често под истражување подразбираме протечени документи и дојавени информации. Ако нешто се открие, тоа не значи дека е истражување“, истакна Чаусидис.
Преводите, како и панел-дискусијата на која беше претставен водичот, се дел од проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативен неред“, финансиран од Европска Унија. Публикацијата е наменета за да придонесе кон подобрувањето на квалитетот и на одржливоста на истражувачкото новинарство во Северна Македонија, преку размена на знаења и вештини што ќе им помогнат на истражувачките новинари полесно да се справат со предизвиците што ги носи новото хаотични информативно опкружување, како и со идентификација на нови политики за поддршка на истражувачкото новинарство, вклучително и во мејнстрим медиумите.
Промовиран водич за истражувачко новинарство за новинари и студенти 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-03 14:12:31 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

