Пречистителна станица за отпадни води на Скопје се гради, а завршени се една четвртина од предвидените градежни работи. Еден од најважните инфраструктурни објекти за главниот град, кој треба да обезбеди пречистување на отпадните води, кои завршуваат во реката Вардар, започна да се гради пред точно една година. Планиран рок за завршување на изградбата е ноември 2027 година, по што е следуваат две години на пробна работа и обука на операторите, по што со објектот ќе управува градското јавно претпријатие „Водовод и канализација“.
Пречистителната станица, која е лоцирана во северо-источниот дел на градот, во Трубарево, веднаш покрај Вардар, ќе биде комплекс на разни технолошки целини со кои ќе се врши третман на отпадните води од градот. Според проектот, ќе се врши примарно механичко пречистување и секундарно биолошко пречистување на отпадната вода. Тињата создадена во процесот ќе биде обработена со издвојување на биогас, а остатокот ќе биде согоруван. Целиот процес ќе предвидува згуснување, варење, сушење и согорување на тињата на лице место.
Од „Водовод и Канализација“ велат дека постројката содржи повеќе од 50 различни објекти кои ја сочинуваат целината на технолошките процеси. Во моментот е во тек изградба на повеќе објекти паралелно, а реализацијата во моментот изнесува е околу 25 отсто.
„Ќе бидат применети сите европските директиви за да се исполнат највисоките еколошки критериуми, и ќе се имплементираат напредни технологии за енергетска ефикасност преку искористување на биогасот, отпадната топлина од согорувањето и сончевата енергија, со цел да се обезбеди висока енергетска ефикасност и ниски оперативни трошоци при експлоатацијата,“ велат од Водовод.
Процесот на третман на отпадните води дополнително ќе вклучува контрола на мирисите и оптимизација на енергијата, а во рамките на проектот ќе треба да се изведат и приклучоци до главниот канализациски систем, заштита од поплави до локацијата, трафостаници, приклучоци до мрежата и резервни постројки за производство, како и обука на персоналот за работа и одржување на постројките.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека одобрението за градење на Пречистителната станица, која треба да ги опслужи сите десет скопски општини и е димензионирана за над 620.000 жители, беше издадено во март 2025 година, по што во април започна изградбата. Очекуван рок за завршување на изградбата е ноември 2027 година, по што е следуваат две години на пробна работа, до ноември 2029 година, како и период од 12 месеци за известување за дефекти.
Финансирањето на проектот е обезбедено со заеми од ЕИБ во висона од 68 милиони евра и од ЕБОР од 58 милиони евра, како и инвестициски грант од 69 милиони евра. Вкупната вредност на договорот за проектирање и изградба изнесува 184 милиони евра, од кои досега се исплатени 54 милиони евра за градежни работи и 1.4 милиони евра за надзор. Изведувач е германската компанија ВТЕ и македонскиот подзиведувач „Жикол“.
Првичниот краен рок за завршување на изградбата на овој капитален објект беше оваа година, а тендерот за изградба беше отпочнат во летото 2020 година, но го следеа бројни застои и одолговлекувања, обвинувања, смени на директори, што предизвика и одложување на почетокот на градежните работи на терен.
За пренесување на отпадните води до пречистителната станица се предвидени две колекторски линии на левиот и десниот брег на Вардар. Проектот до 2022 година го реализираше француската компанија НГЕ, која изгради 90 отсто од трасата, на десниот брег на Вардар се градеше мрежа од 3,4 километри од булеварот „Србија“ до Железничкиот мост, во која треба да се прибираат и отпадните води од постојната пумпна станица „Горно Лисиче“, а на левиот брег се изгради систем од 4,5 километри. Договорот беше раскинат бидејќи компанијата не сакаше да работи заради наводно присуство на медицински отпад на депонијата Варадариште. Обврска да се изградат поледните 900 метри, до спојувањето со пречиститената станица во Трубарево, ја презема државата.
Во моментов, фекалиите на жителите од главниот град се испуштаат како непречистени директно во реката Вардар, а помали пречистителни станици за отпадни води се изградени во Сарај за реката Треска и во Ново Село за реката Лепенец, преку кои треба да се врши третман на отпадните води од населените места кои гравитираат околу овие реки.
Истовремено се градат повеќе објекти од пречистителната станица на Скопје, институциите оптимисти дека ќе биде готова идната година 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-19 13:40:02 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

