
Касами мисли дека од политички аспект гледано подобро би било ако неплаќачите на сметките за вода ги дава на извршител приватна компанија отколку јавното претпријатие. Ова е спин затоа што граѓаните сепак некој ќе ги дава на извршител, штом наплатата е евидентен проблем, а исто така е спин, затоа што граѓаните до следните избори нема да заборават кој градоначалник и кое мнозинство во општинскиот совет ја донело одлуката за приватната компанија. Но најважно, нема гаранција дека проблемот ќе биде решен, затоа што тој е сложен и бара сеопфатни мерки, пишува Вистиномер.
Пишува: Теофил Блажевски
Градоначaлникот на Тетово Билал Касами даде изјава за проблемот со ефикасноста на наплатата на потрошената вода во Тетово, при што може да се идентификува спин:
Спин: Општината, за жал, нема доволно капацитет да наплаќа за снабдување со вода. Ние сме и политички битија и за време на предизборната кампања никој од администрацијата нема да се нафати да ги наплаќа долговите како што треба. Граѓаните ќе нè плукаат дека ги даваме на извршители. Треба да сме свесни дека во оваа ситуација, за да го решиме побрзо проблемот, мора да внесеме приватен партнер. За овој предлог ќе треба да се донесе одлука на Советот на Општина Тетово, изјави Касами на јавната расправа.
[Извор: СДК.мк;– Датум: 22.03.2026]

Контраспин: Изјавата на првиот човек на Тетово и лидер на движењето БЕСА, дел од ВЛЕН и коалициски партнер во Владата на РСМ, е извртена вистина, најмалку од еден аспект: граѓаните сепак некој ќе мора да ги дава на извршител, само тој, Касами, не сака тоа да биде градската администрација, односно јавното претпријатие, а проблемот нема гаранција дека ќе биде решен.
Касами изјавата ја дал на јавна расправа за многу сериозна тема – водоснабдувањето во Тетово и тетовско, причините зошто има многу проблеми и граѓаните секојдневно се соочуваат со недостиг од вода во дадени временски периоди и зони. Дебатата се водела врз основа на физибилити студија изработена од Градежниот факултет во Скопје за состојбата и мерките кои треба да се преземат за подобрување на водоснабдувањето.
Според дел од медиумите што известија за оваа јавна расправа, основните факти се следни:
Годишно во водоводниот систем протекуваат 10 милиони кубици вода, а сметки се издаваат за потрошени 3 милиони кубици. Од тие три милиони кубици се наплаќаат максимално 60 отсто!
Освен ова проблем била и евиденцијата на корисниците, но и планот приватната компанија да инсталира дигитални водомери, со што ќе се подобрела евиденцијата и наплатата, за што политичката партија Левица веќе изразува сомневање за корупциска позадина (извор тука).
Дебатата отворила многу прашања и дала можни одговори – дигитални водомери, како еден од начините за утврдување на поточна потрошувачка на водата преку електронски систем од далечина. Инаку, проблемот со водоснабдителните системи за граѓаните, наплатата и ефикасноста е генерален проблем во државата. Од најголемото јавно претпријатие ЈП „Водовод Скопје“, до помалите, а светли примери ако ги има се занемарлив процент.
Но, наместо да зборува за подобрување на капацитетите на јавното претпријатие што се занимава со водоснабдување во Тетово, наместо да се идентификуваат проблемите во рамките на овластувањата на општината да именува и разрешува раководства на тоа јавно претпријатие, да презема и финансиски мерки за модернизација, градоначалникот се заложил за замена на сите тие улоги со приватна фирма, по кој модел на јавно-приватно партнерство, медиумите не известија.
И што е најнелогично гледано од страна на јавноста, Касами мисли дека од политички аспект гледано, подобро би било ако неплаќачите на сметки ги дава на извршител приватна компанија отколку јавното претпријатие.
Ова е спин затоа што граѓаните сепак некој ќе ги дава на извршител, штом наплатата е евидентен проблем. Исто така е спин, затоа што граѓаните до следните избори белки нема да заборават кој градоначалник и кое мнозинство во општинскиот совет ја донело одлуката за приватната компанија.
И конечно е спин, затоа што евиденцијата и наплатата не се единствениот проблем со водоснабдувањето, туку и инфраструктурата. Односно, ако проблемот не се решава сеопфатно ќе остане само обидот преку форсирање на јавно-приватно партнерство проблемот да се префрла врз надворешен субјект, а не да се решава суштински.
Контраспин: Логиката на Касами за решавање на водоснабдувањето во Тетово „не држи вода“ 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-28 08:40:39 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


