
Граѓанските организации само формално се канат на седницата на Судскиот совет на кој се усвојува Извештајот за работа за 2025 година, без можност за суштинска вклученост во дискусијата која е ограничена и без суштински осврти, а извештајот не содржи доволно аналитичка содржина и остава впечаток на повторување на претходни години, реагираат од Блупринт групата за реформи во правосудството.
Шест организации, кои се дел од групата, и годинава изразија загриженост поради недоволното транспарентно постапување на Судскиот совет (ССРСМ) при усвојувањето на Извештајот за работа за 2025 година. Посочуваат дека, како и досега, во овој извештај се содржани само минимум податоци за работата која ја извршил ССРСМ минатата година што е законска обврска, согласно одредбите од новиот закон. Извештајот во основа не опфаќа посуштински и пообемни анализи на податоците и состојбите кои може да ја пресликаат реалната работа на Советот во изминатата година иако во истата одредба стои дека извештајот содржи и „други прашања во врска со остварувањето на независноста и самостојноста на судството“, како и „степен на реализација на Годишната програма за работа на Советот по ставки“.
„На седницата, Судскиот совет даде многу оскудна и нецелосна презентација на Извештајот без да се издвојат јасни заклучоци и согледувања за состојбите во судството што придонесува кон тоа јавноста да не може да биде целосно запознаена со работата на Советот во 2025 година. Исто така, на самата седница, изостана аргументирана дискусија за суштинските прашања, при што преовладуваа општи и формални констатации без конкретни анализи и покрај тоа што дел од членовите инсистираа истите да бидат дел од извештајот“, велат од Блупринт групата.
Посочуваат дека во насока на зголемување на суштинската транспарентност во работат на ССРСМ, како обврска од Оценската мисија на ЕУ беше препорачано на седниците на кои се разгледува и усвојува извештајот за работа да бидат поканети здруженија на судии и граѓански организации кои ја следат работата на ССРСМ, но на седница немаше претставник од Здружението на судии на РСМ ниту пак беше запознаена јавноста дали истите имаат дадено свои видувања и коментари по однос на Извештајот за работа на ССРСМ за 2025 година.
„Седниците на Советот се јавни и оттаму граѓанските организации редовно ги следат истите, смислата на одредбата на Деловникот на Судскиот совет и препораката на Оценската мисија е да се даде можност граѓанските организации да се вклучат во дискусијата за работата на извештајот. Суштината на оваа препорака е да се овозможи активна вклученост на граѓанските организации и Здружението на судии во дискусијата – нешто што изостана во изминатите две години“, посочуваат граѓанските организации.
Тие сметаат дека со ваквото постапување ССРСМ ја пропушти можноста за подобрување на својата транспарентност, но и доследна примена на препораките од Оценската мисија, особено што во Деловникот за работа на ССРСМ има одредба со која се бара присуство на граѓански организации оваа седница, што беше само формално, а не и суштинско исполнување на препораките.
„Формалното толкување на одредбите, без нивна суштинска примена, остава впечаток на рестриктивно и ригидно толкување кое не оди во прилог на развојот на правната и институционалната култура и довербата во институцијата. Поради тоа, Блупринт групата укажува дека транспарентно работење не значи само присуство на јавноста на седниците, туку и вистинска отвореност за дискусија, анализа и меѓусебен дијалог, токму преку можност за активно вклучување на професионалната јавност преку Здружението на судии на РСМ и на општата јавност, преку претставниците на граѓанскиот сектор“, велат тие.
Блупринт групата реагира на нетранспарентност во усвојувањето на Годишниот извештај на Судскиот совет 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-23 09:26:31 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


