
Низа пропусти во финансиското работење и во почитувањето на законските процедури констатирал Државниот завод за ревизија во Академијата за судии и јавни обвинители. Ревизорите утврдиле неправилности поврзани со исплата на надоместоци, ангажирање на кадар, прекувремена работа, користење службени ресурси и јавни набавки.
Според извештајот, исплатите на надоместоци на членовите на Управниот одбор и на Програмскиот совет се вршеле месечно и во целост, а не пропорционално од присуство на седница за месеци кога е одржана седница.
„Исплатите се вршат во целост, а не пропорционално од присуство на седници и при тоа во одредени месеци средствата се исплатени во тековен месец пред одржување на седница. Утврдивме дека исплатени се средства и на членови кои воопшто не присуствувале на одржаните седници. Ваквата состојба не е во согласност со член 13 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители и има за ефект повеќе исплатени средства за оваа намена во вкупен износ од 211 илјади денари“, пишува во извештајот.
Наведено е дека законски утврдениот рок за завршување на втората фаза од почетната обука за осмата генерација слушатели за судии и јавни обвинители бил надминат за три месеци. Практичната настава, која согласно законските одредби требало да заврши заклучно со 31 јули 2024 година, траела до октомври 2024 година. Според ревизорите, ова довело до исплата на дополнителни финансиски средства.
Ревизијата утврдила и дека дел од договорите за изведување на практична настава како менторирање биле склучени по изминување на периодот на менторство.
Посебен наод се однесува на координаторите вклучени во почетната обука. Во извештајот е наведено дека статусот, правата и обврските на координаторите се утврдени со Правилникот за практична настава во почетна обука, но не и со Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Ревизорите утврдиле дека за 111 координатори во 2024 година биле исплатени вкупно 970 илјади денари. Според извештајот, утврдување статуси и надоместоци со интерни акти кои не се предвидени со закон влијае на наменското трошење на буџетските средства.
„Со увид во документацијата утврдивме дека за 111 координатори во 2024 година исплатени се вкупно 970 илјади денари. Утврдување на статуси и надоместоци со интерни акти кои не се предвидени со закон, влијае на наменско трошење на буџетските средства,“ пишува во извештајот.
Државниот завод за ревизија констатирал и дека на членови на комисии за оценување на практичната настава им биле исплатени надоместоци иако правото и исплатата на вакви надоместоци не е утврдена во Законот за Академија за судии и јавни обвинители.
Во делот за прекувремената работа, ревизијата утврдила надминување на законски утврдениот максимум и непочитување на обврската за претходно писмено известување до подрачниот државен инспектор на труд.
Ревизорите утврдиле и исплати на додаток на плата за прекувремена работа за вработено лице во денови кога му било изготвено решение за службено патување во странство и за истото му биле исплатени дневници, како и за присуство на седница на Управен одбор која се одржала во текот на полното работно време.
Дополнително, Академијата немала донесен Стратешки план, иако според Законот за Академија за судии и јавни обвинители Управниот одбор е должен да донесе ваков документ во кој се дефинираат стратешките цели. Во извештајот се наведува дека отсуството на овој стратешки документ не дава можност за следење и оценување на успешноста на работењето и создава ризик за ефикасно користење на средствата.
„Отсуството на овој стратешки документ во кој се дефинираат јасни цели и индикатори, влијае на работењето на Академијата, не дава можност за следење и оценување на успешноста на нејзиното работење и создава ризик за ефикасно користење на средствата“ оценуваат од ДЗР.
Констатирано е и дека во текот на 2024 година биле набавени стоки и услуги во вкупен износ од 418 илјади денари со ДДВ без спроведена постапка за јавна набавка.
„Во текот на 2024 година без спроведена постапка за ЈН набавени се стоки и услуги за вкупен износ од 418 илјади денари со ДДВ (Прилог бр.1), што не е во согласност со членот 40 став 1 од ЗЈН во кој е уредено дека за набавка на стоки и услуги чија проценета вредност без ДДВ е еднаква или поголема од 1.000 евра
во денарска противвредност, се спроведува јавна набавка“, пишува во извештајот.
Ревозорите потенцираат дека ваквото постапување не обезбедува почитување на начелата за обезбедување конкуренција меѓу економските оператори, еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет во процесот на доделување договори за јавни набавки, како и рационално и ефикасно искористување на средствата.
ДЗР: Неправилности во исплати, јавни набавки и прекувремена работа во Академијата за судии и јавни обвинители 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-04 09:43:32 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


