
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамките на бугарското претседавање со оваа регионална иницијатива.
Состанокот е посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и се одржува под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.
Во фокусот на разговорите се европската перспектива на регионот, зајакнувањето на регионалната соработка, безбедноста и отпорноста, како и економскиот развој и конкурентноста во услови на сложени геополитички предизвици.
Во своето обраќање Муцунски оцени дека ПСЈИЕ останува еден од најважните механизми за политички дијалог и соработка во регионот.
„ПСЈИЕ останува една од највредните автентични рамки за регионална соработка. Тоа е платформа создадена од регионот, водена од регионот и одржана од уверувањето дека заедничките предизвици бараат заеднички одговори“, посочи Муцунски.
Зборувајќи за актуелните безбедносни и геополитички предизвици, посочи дека во услови на војна во Европа, хибридни закани, дезинформации, енергетска несигурност и сајбер-напади, европската интеграција и регионалната соработка добиваат уште поголемо значење.
„Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан“, кажа Муцунски.Ја повтори посветеноста на државата кон членството во
Европската Унија, оценувајќи дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од почитувањето на преземените обврски, предвидливоста и принципот на заслуги.
„На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати, а не на постојано одложување“, нагласи Муцунски.
Според него, Македонија останува посветена на развојот на транспортната, енергетската и дигиталната инфраструктура, како и на зајакнувањето на поврзаноста преку Коридорот 8 и Коридорот 10, кои имаат стратешко значење за регионот и европската интеграција.
Тој посочи дека инвестициите во човечкиот капитал се клучни за долгорочниот развој и конкурентноста.
„Човечкиот капитал е нашиот најголем ресурс. Без инвестирање во луѓето, ниту еден инфраструктурен проект и ниту една економска реформа не можат да го достигнат својот целосен потенцијал“, вели министерот.
Муцунски ја истакна и улогата на Советот за регионална соработка во поттикнувањето на економската интеграција, поврзаноста, безбедносната соработка и одржливиот развој во Југоисточна Европа.
На крајот од обраќањето порача дека иднината на регионот е неразделно поврзана со иднината на Европа, нагласувајќи дека со поддршка од европските партнери и со континуирани реформи, Југоисточна Европа може да биде активен придонесувач кон европската безбедност, просперитет и развој.
Во рамките на состанокот е усвоена и Заедничка декларација со која се реафирмира поддршката за европската интеграција на регионот, добрососедските односи, демократските вредности и заедничките напори за градење поотпорен и поконкурентен регион.
ПСЈИЕ е основан во 1996 година во Софија и претставува најстарата регионална платформа за политички дијалог и соработка во Југоисточна Европа. Во изминатите три децении иницијативата даде значаен придонес во зајакнувањето на довербата, стабилноста, поврзаноста и европската перспектива на регионот.
Муцунски од Софија: На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-10 11:06:26 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


