
Во текот на 2025 година се забележани вкупно 697 повреди на работа, што е зголемување во однос на претходната извештајна година од 21 отсто, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Како што се наведува во соопштението, во структурата на регистрираните повреди на работа во 2025 година и понатаму најголем број се оние забележани во индустријата и рударството и тоа вкупно 255 повреди или 37 % од вкупниот број на регистрирани повреди во државата.
„Следуваат повредите регистрирани кај лица кои работат во здравство и социјална заштита, кои во структурата на вкупните повреди на работа учествуваат со 13 %. Во структурата на вкупниот број на повреди на работа, лани повеќе има повредени работници од машкиот пол. Така во 2025 година 411 т.е. 59 % од сите повреди се регистрирани кај работниците, а 286 т.е. 41 % се повреди забележани кај работничките“, се наведува во информацијата.
Лани, стапката на повреди на работа во Република Северна Македонија изнесува 100/100.000. Тоа значи дека во текот на годината на секои 100.000 работници се повредиле 100 работници, што во однос на претходната година претставува зголемување од 21 отсто.
„Во структурата на вкупниот број на повреди на работа во 2025 година според град најголем број на повредени работници се регистрирани во Скопје вкупно 340 т.е 49 %, што во однос на претходната година постои зголемување на бројот на регистрирани повреди за 15 отсто.
Потоа следуваат Битола 172 (25 %), Велес 78 (11 %), Кавадарци 58 (8 %), Гевгелија 17 (2,4 %), Неготино 17 (2,4 %) и Свети Николе 15 (2,2 %) од вкупниот број на регистрирани повреди на работа за периодот од 2024-2025 година“, нотира ИЈЗ.
Во делот кој се однесува на предлог-мерките, наведено е дека е неопходно да се воспостави интегриран систем за следење и пријавување на повредите на работа и професионалните болести кој би овозможил евидентирање и регистрирање на сите повреди на работа и професионални болести.
„Институтот за јавно здравје располага со кадровски и технички услови, во соработка со релевантните установи од областа на статистиката во нашата држава и со релевантните извештајни единици/субјекти да обезбеди имплементација на еден ваков систем, кој би овозможил директно онлајн пријавување на овие состојби од страна на избраниот доктор, како и вклучување на докторите специјалисти по медицина на труд, овластените установи за медицина на труд и правните субјекти за безбедност на работа во системот“, пишува во предлог-мерките.
Основа за ваков пристап е Законот за евиденции во областа на здравството и неговите понатамошни измени, со кои се воспоставува Националниот систем за електронски евиденции во здравството. Овој закон ја воведува обврската за сите здравствени работници/установи за пополнување на индивидуалните пријави за повреди на работа и за професионални болести.
„Со оглед на реалната претпоставка дека секој болен и повреден работник би се јавил кај својот избран (матичен) доктор за утврдување на дијагнозата, дефинирање на терапискиот пристап и оценката на работната способност, јасно е дека единствено на таков начин може да се обезбеди многу висок опфат во пријавувањето на повредите на работа и болестите“, се наведува во предлог-мерките.
За 20 отсто лани пораснал бројот на повреди на работно место, индустријата и рударството се најризични сектори 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-22 09:42:12 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


