
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години и притоа се повели дека реализирала бројни реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница. Според министерката, токму во нејзините две години, е запрен, како што го нарече, падот на образовниот систем. Отчетот Јаневска го дава неколку дена пред да започнат формалните разговори за првата реконструкција на владата на премиерот Христијан Мицкоски.
Меѓу најзначајните достигнувања со кои се пофали министерката беа системска поддршка за талентираните ученици и покривање на трошоци за пат и котизација при учество на меѓународни олимпијади, зголемување на стипендиите, стручното и дуалното образование, навремена набавка и испорака на учебници, раст на плати и научно-истражувачки проекти.
„И во основното и во средното образование воведовме кариерно советување, односно насочување на учениците што им го олеснува изборот на понатамошниот личен развоен пат. Ова се еден дел од целите од Реформската агенда кои успешно ги исполнивме, за што министерството треба да добие средства од ЕУ во висина од над 19 милиони евра“, рече Јаневска.
Министеркта исто така се пофали дека на први септември сите ученици ќе ги добијат своите учебници вклучително и учебниците по странски јазици. Според неа, ова се случува трета учебна година по ред за разлика од претходно.
Понатаму, таа посочи дека била зголемена поддршката за учениците со посебни образовни потреби преку ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното и за прв пат 150 асистенти во средното образование.
За високото образование, Јаневска кажа дека биле прифатени повеќе барања на студентите меѓу кои проширување на опфатот на субвенционираниот студентски оброк и олеснување на условите за добивање стипендии.
„Новиот Закон за високо образование кој го предлагаме, предвидува најдобрите студенти во секоја генерација, добитниците на инженерски прстен и други државни признанија, да имаат предност при вработување во јавните високообразовни и научни установи“, додаде министерката.
Јаневска нагласи дека е потпишан договор со Синдикатот за образование и наука (СОНК) за постепено зголемување на платите во образованието за 40 до 60 проценти во период од четири години, зависно од инфлацијата.
„Многу се потрудивме и за наставниците. Обебзедивме долгорочна економска стабилност. Потпишавме спогодба со СОНК за гарантирано зголемување на платите во период од четири години за 40 до 60 проценти во зависност од стапката на инфлација. Во првите две години патите се зголемија за 20 проценти, а претходно тоа се правеше само пред избори и секогаш беше помало од растот на инфлацијата“, наведе Јаневска и додаде дека со новиот електронски дневник наставниците се ослободени од бројни административни обврски кои ги имале во минатото, но и заштитени се од притисоците за менување оценки на крајот од годината.
Јаневска за крај повтори дека министерството во 2024 година наследило долгови од околу 5 милијарди денари.
„Запревме слободен пад и сега веќе Македонија забрзува. Образованието и науката се столб на развојот и затоа остануваме посветени на реформите кои ќе обезбедат подобри можности за младите и поконкурентна држава“, порача министерката.
Отчет на Јаневска: Реализиравме бројни реформи и го подигнуваме квалитетот на образованието 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-24 12:07:57 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


