
Приоритетите за борба против корупцијата, поголема отчетност на институциите, дигитализација, граѓанско учество и заштита на животната средина се меѓу темите што ќе бидат опфатени со новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт (НАП 7) за периодот 2026–2028 година.
Нацрт-верзијата на планот денеска беше претставена на јавниот настан „Од заеднички приоритети до конкретни заложби“, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје. На настанот беа претставени предложените заложби за унапредување на транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните во креирањето на јавните политики.
Според министерот за јавна администрација, успехот на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт (ПОВ) за периодот 2026–2028 година нема да зависи само од бројот на реализирани активности, туку од квалитетот и одржливоста на промените што ќе ги донесе.
„Планот има за цел да ги унапреди отвореноста, отчетноста и учеството на граѓаните во процесите на одлучување, но и да обезбеди конкретни подобрувања во секојдневното функционирање на јавните институции. Наша цел е принципите на отворена власт да прераснат во функционални решенија што ќе ја подобрат работата на институциите во корист на граѓаните“, кажа Минчев.
Заменичката генерална секретарка на Собранието, Христина Софронијоска, посочи дека во подготовката на новиот акциски план посебно внимание е посветено на зголемување на транспарентноста на законодавниот дом, дигитализацијата и вклучувањето на младите во парламентарните процеси. Таа информираше дека во рамки на консултативниот процес била организирана обука со 29 граѓански организации, на кои им бил доставен нацртот на акцискиот план, а во консултациите биле предложени пет мерки.
„Меѓу приоритетите на Собранието се унапредување на собранискиот телевизиски канал и зголемување на достапноста на парламентарните информации за јавноста. Партнерството со граѓанските организации треба да продолжи и во следните фази од спроведувањето на планот“, вели Софронијоска.

За значењето на отвореноста во судството зборуваше и судијката Катерина Георгиевска, која посочи дека транспарентноста на судските институции е неопходна за зајакнување на довербата на граѓаните и обезбедување пристап до правда.
„Врховниот суд е вклучен во Националниот акциски план, а една од предвидените заложби е надградба на системот АКМИС, со цел да се овозможи електронско следење на предметите поврзани со насилство и поголема заштита на жртвите. Отвореноста не е цел сама за себе, туку средство за зајакнување на довербата на граѓаните во судството“, рече Георгиевска.
Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, кој е и копретседател на Советот за Партнерство за отворена власт, посочи дека Северна Македонија досега реализирала шест национални акциски планови и дека новиот, седми план, има особено добри изгледи за реализација поради посериозното вклучување на институциите во неговата подготовка. Според него, Македонија е деветтата земја што се приклучила на иницијативата Партнерство за отворена власт и единствена во Европа со интегриран пристап кон отворената влада и отворениот парламент.
„Во изминатите 15 години концептот на Партнерство за отворена власт еволуирал од отворена влада кон отворена држава, што подразбира вклученост на сите гранки на власта. Поентата е сите да живееме во една отворена држава, со сите нејзини составни делови“, кажа Филков.
Тој издвои неколку карактеристики на процесот на подготовка на новиот акциски план, меѓу кои јавната онлајн платформа на која граѓаните можат да го следат напредокот, работењето според однапред утврден распоред, како и практиката за секој доставен предлог да се обезбеди аргументиран и образложен одговор.
„Сите предложени заложби треба да бидат усогласени со четирите основни принципи на отворената власт: транспарентност, отчетност, употреба на технологии и иновации и учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки“, додаде тој.
Според Данче Даниловска-Бајдевска од Фондацијата „Метаморфозис“ важно е дигитализацијата да не ја гледаме како цел сама по себе, туку како начин институциите подобро да им служат на граѓаните.
Една од предвидените заложби е воспоставување единствен и безбеден регистар за лица со попреченост, со кој треба да се надмине сегашната расцепканост на податоците меѓу институциите. Според Даниловска-Бајдевска, ова ќе овозможи поедноставување на административните постапки, полесно остварување на правата и подобро планирање на социјалните и здравствените услуги, при што заштитата на чувствителните лични податоци мора да биде приоритет.
Во здравството се предвидува воспоставување национален регистар за отворени здравствени податоци, преку кој информациите ќе бидат стандардизирани и достапни за анализа во агрегирана и анонимизирана форма.
„Отворени податоци не значи отворање на личните медицински досиеја. Целта е создавање основа за подобри здравствени политики, научни истражувања и јавен надзор. Третата заложба се однесува на инспекцискиот надзор, односно унапредување на системот „е-инспектор“, воведување заеднички стандарди и објавување машински читливи податоци за спроведените контроли, утврдените неправилности и преземените мерки. Со ова треба да се овозможи поефикасно следење на работата на инспекторатите и поголема институционална отчетност“, кажа Даниловска Бајдевска.
Таа предупреди дека воспоставувањето нови дигитални платформи само по себе не гарантира успешна реформа. За тоа, како што посочи, неопходни се јасно дефинирани институционални одговорности, меѓусебна поврзаност на системите, соодветни законски и технички решенија, ресурси и редовно јавно следење на резултатите.
„Граѓанските организации треба да останат партнери не само во креирањето, туку и во тестирањето и следењето на заложбите“, порача Даниловска-Бајдевска.
Во рамки на дискусијата беа претставени заложбите од нацрт-планот зборуваа и претставници на граѓанските организации, меѓу кои и Стојан Мишев од ЕСЕ, како и Кире Миловски од Институтот за демократија „Социетас цивилис“. За отворениот парламент и отвореното судство, зборуваа Златко Атанасов од Собранието и Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-11-16 04:12:53
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

