• News
  • Investigations
  • Online Store IUSTITIA
  • Real Estate agency
  • Petar Nizamov
  • Fitness & Wellness coach
  • Food Delivery
  • Charcoal retail
  • Firewood Wholesale
  • Charcoal Wholesale
  • Web Development agency
ar العربية dk Dansk de Deutsch gr Ελληνικά en English bg български cz Čeština es Español fr Français il עברית hr Hrvatski hu Magyar it Italiano lt Lietuviškai lv Latviešu valoda mk македонски јазик no Norsk Bokmål nl Nederlands pl Polski pt Português ro Română ru Русский sk Slovenčina si Slovenščina sr Српски језик se Svenska tr Türkçe ua Українська japan 日本語 thai ไทย iran فارسی china 中文 (中国) belarus Беларуская мова osterreich Deutsch Austria schweiz Deutsch Switzerland shqiperia shqiperia usa English USA bih Bosanski
Thursday, November 19, 2026
Лого за веб-страница посветена на истражувачко новинарство и длабински написи на теми од јавен интерес
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski
No Result
View All Result
Лого на медиумска организација специјализирана за истражувачко новинарство, која објавува статии, анализи и документарни материјали од јавен интерес
No Result
View All Result

Како „ГТА 6“ прерасна во најголемиот светски феномен и стана игра што со години ја чекаат милиони луѓе 2026

Юстиция Иванова by Юстиция Иванова
November 18, 2026
in Новини
0
Како „гта 6“ прерасна во најголемиот светски феномен и стана игра што со години ја чекаат милиони луѓе 2026

Како „ГТА “ прерасна во најголемиот светски феномен и стана игра што со години ја чекаат милиони луѓе

Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media
Facebook X LinkedIn Reddit Telegram WhatsApp Email Print

Играта како „гта 6“ прерасна во најголемиот светски феномен и стана игра што со години ја чекаат милиони луѓе 2026 d0bad0b0d0bad0be d0b3d182d0b0 6 d0bfd180d0b5d180d0b0d181d0bdd0b0 d0b2d0be d0bdd0b0d198d0b3d0bed0bbd0b5d0bcd0b8d0bed182 d181 играта iustitia. Bg гта 6 е една од најочекуваните видео игри во историјата на гејмингот и гејминг индустријата. По повеќе од една деценија шпекулации, гласини, огромни протекувања и безброј... Како „гта 6“ прерасна во најголемиот светски феномен и стана игра што со години ја чекаат милиони луѓе 2026 2026-11-18 03:55:01 правда - юстиция играта

ГТА 6 е една од најочекуваните видео игри во историјата на гејмингот и гејминг индустријата. По повеќе од една деценија шпекулации, гласини, огромни протекувања и безброј прашања кога конечно ќе пристигне следното продолжение на легендарниот серијал. Рокстар Гејмс се подготвуваат повторно да нè вратат во светот кој не сме го виделе од раните 2000-ти години. После толку време ќе се вратиме во фиктивниот свет и регион познат како „Вајс Сити“. Но, за да разбереме зошто ГТА 6 предизвикува толкава возбуда, мораме да се вратиме малку наназад. Поточно, во септември 2013 година.

Тогаш PlayStation 3 и Xbox 360 сè уште беа актуелни конзоли, паметните телефони изгледаа поинаку, ТикТок не постоеше, а светот сè уште не знаеше колку време ќе помине пред да ја добие следната Grand Theft Auto игра. Рокстар Гејмс ја објави ГТА 5, нè однесе во фиктивниот град Лос Сантос и ни ги претстави карактерите Мајкл, Френклин и Тревор. Тогаш веројатно никој не ни помислуваше дека ова ќе биде играта во која ќе поминеме добар дел од следната деценија. Во меѓувреме, ГТА 5 стана многу повеќе од обична видео игра. Во рок од 13 години се искачи на третото место за најпродавани игри во историјата со повеќе од 235 милионии копии продадени на сите платформи.

Додека ГТА 5 продолжуваше да бележи огромен успех, а ГТА Online постепено прераснуваше во сопствен гејминг-феномен, прашањето за следното продолжение стануваше сè погласно. Гејмерите веќе почнаа да се прашуваат кога Рокстар Гејмс конечно ќе го најави следното поглавје.

Плановите за ГТА 6 започнале многу порано отколку што јавноста почна да претпоставува. Според Роб Нелсон, еден од раководителите на „Роксар Нортх“, уште во 2015 година дел од тимот отпатувал во Мајами за да ги прави целосните истражувања и анализи за проектот. Проектот тогаш го носел кодното име „Проџект Америкас“, а првичните амбиции биле многу поголеми. Идејата била играта да опфати огромни делови од Северна и Јужна Америка, со повеќе локации и можност за патување меѓу нив. Но, плановите не се одвивале толку едноставно.

Рокстар Гејмс во истиот период работеа и на другиот огромен наслов во тоа време „Red Dead Redemption 2“, проект кој постепено станувал сè поголем и барал ангажман од речиси сите студија на компанијата од целиот свет.

Како резултат на тоа, работата на ГТА 6 била поместена во втор план, а голем дел од ресурсите биле насочени кон завршувањето на вестерн-авантурaта која пристигна во 2018 година. Првичната замисла за огромна мапа што ќе опфаќа делови од двата американски континента подоцна била намалена на „Вајс Сити“ и околните области. Токму во 2018 година започнаа и првите посериозни шпекулации во јавноста. На 6 март, Јутјуб каналот „The Know“ објави видео во кое, повикувајќи се на анонимен извор близок до Рокстар, тврдеше дека следната ГТА ќе го носи кодното име „Project Americas“. Според тогашните информации, играта требало да се одвива во модерна верзија на Вајс Сити, но и да овозможи патување до делови од Јужна Америка.

Во следните години интернетот беше преплавен со наводни мапи, фотографии, информации од анонимни извори и теории за тоа како ќе изгледа ГТА 6. Во 2019 година се појавија шпекулации за приказна сместена во седумдесеттите и осумдесеттите години, со протагонист по име Рикардо, додека други тврдеа дека играта ќе има огромен свет инспириран од повеќе јужноамерикански градови. Се појавуваа и наводни протечени мапи, од кои голем дел подоцна се покажаа како целосно измислени.

Rockstar, од друга страна, продолжуваa да молчат и да ги негрираат информациите. Со тоа шпекулациите станаа поголеми.

Во меѓувреме, развојот на играта се соочил со дополнителни предизвици. Ковид-19 пандемијата ги испрати вработените да работат од дома, а студиото морало да ги прекине многу важните детали од нивната работа во студија за снимање движења и перформанси. Во интервју за Блумберг во октомври 2026 година, Нелсон опиша дека тимот поминал низ тежок период во кој сè уште се обидувал да ја дефинира конечната визија за играта. До крајот на 2019 година, раководството веќе ја имало основата на приказната за Џејсон и Луција, но голем дел од дизајнерските одлуки и системите во играта сè уште биле во развој.

Иако низ годините се појавуваа гласини дека проектот бил откажуван или целосно започнуван од почеток, нема официјални докази дека ГТА 6 некогаш била целосно откажана. Станува збор за долготраен процес во кој првичните планови биле менувани, дел од амбициите биле намалени, а развојот бил успорен поради други големи проекти и надворешни околности.

Првата официјална потврда дека Rockstar работи на следната Grand Theft Auto игра пристигна дури на 4 февруари 2022 година. Во кратко соопштение, компанијата потврди дека активниот развој на новото продолжение е во тек и дека нејзината цел е значително да го надмине она што претходно го понудила. Не беше објавено ни име, ни трејлер, никаква локација, датум на излегување не постоеше, но за гејмерската заедница тоа беше доволно.

Само неколку месеци подоцна, во септември 2022 година, следеше уште еден настан кој ја обиколи целата гејминг-индустрија. Непознат хакер објави десетици видеа од рана развојна верзија на ГТА 6, со вкупно околу 50 минути материјал. На снимките можеа да се видат делови од играта во развој, вклучувајќи ги Вајс Сити, главните ликови и некои од механиките. Рокстар Гејмс потврдија дека претрпела неовластен упад во својата мрежа и дека биле украдени доверливи информации, меѓу кои и снимки од новата игра. Компанијата изрази разочарување што материјалите биле објавени на тој начин, но истовремено порача дека инцидентот нема долгорочно да влијае врз развојот на проектот. За игра која со години се чуваше во строга тајност, ова беше огромен удар.

Декември 2023 – конечно го добивме првиот трејлер

По речиси две години од официјалната потврда дека се работи на следната игра, Рокстар Гејмс конечно ставаат крај на тишината. На 8 ноември 2023 година, ко-основаrчот и претседателот на компанијата, Сем Хаузер, објави дека првиот трејлер за следната ГТА ќе пристигне на почетокот на декември, во месецот кога Рокстар Гејмс го одбележуваше својот 25-годишен јубилеј.

Возбудата меѓу фановите беше огромна. На 1 декември компанијата потврди дека трејлерот ќе биде премиерно прикажан на 5 декември во 15:00 часот. Но, планот не издржа ни до закажаната премиера. Вечерта на 4 декември, на социјалните мрежи се појави протечена верзија од трејлерот, со низок квалитет и жиг. Рокстар реагираше брзо и реши да ја објави официјалната верзија порано од планираното, со кратка порака дека трејлерот протекол и дека фановите треба да ја погледнат вистинската снимка на Јутјуб.

И така, по повеќе од десет години чекање, конечно го видовме првиот официјален поглед кон Grand Theft Auto 6.

Во нешто повеќе од минута и половина, Рокстар ни го претстави фиктивниот свет Леонида, измислената американска сојузна држава инспирирана од Флорида, со неонските улици, плажите и препознатливата атмосфера на Вајс Сити. Трејлерот ги откри и двајцата главни протагонисти – Луција и Џејсон, криминален пар чија приказна очигледно ќе биде еден од централните делови на играта.

Особено внимание привлече Луција, која стана првата жена протагонистка во главната приказна на серијалот со можност за играње во модерната ера на Grand Theft Auto. Уште првите кадри ја прикажаа во затвор, а потоа ја видовме заедно со Џејсон во свет полн со криминал, забави, луди интернет-трендови и препознатливи ситуации што Рокстар ги користи за да ја исмева современата американска култура.

Кога Rockstar го објави првиот трејлер, најавата беше дека играта ќе пристигне во 2025 година. Неколку месеци подоцна, во мај 2024 година, Take-Two Interactive, матичната компанија на Rockstar, го стесни периодот на излегување на есента 2025 година. По толку долго чекање, фановите конечно имаа барем приближен рок кога ќе можат да ја видат играта.

Но, на 2 мај 2025 година пристигна првото големо разочарување. Рокстар објави дека играта нема да излезе во есента истата година, туку на 26 мај 2026 година. Компанијата им се извини на фановите за дополнителното чекање и објасни дека им е потребно повеќе време за да ја заврши играта на нивото на квалитет што публиката го очекува од неа.

Одложувањето беше разочарувачко, но многумина се надеваа дека дополнителните месеци ќе бидат доволни. Четири дена подоцна, на 6 мај, Rockstar го објави и вториот трејлер, со нови сцени од играта, повеќе детали за Џејсон и Луција и прв поголем поглед кон животот во Леонида. Возбудата повторно се врати, а датумот 26 мај 2026 година стана новата цел за фановите.

Сепак, ни тој датум не беше конечен. На 6 ноември 2025 година, Рокстар објави дека ГТА 6 повторно се одложува, овојпат за 19 ноември 2026 година. Во соопштението компанијата наведе дека дополнителното време е потребно за да го доврши проектот и да го испорача квалитетот што играчите го очекуваат. Со ова, играта беше поместена за речиси шест месеци од претходно најавениот датум.

Два одложувања за помалку од една година, а со секое ново соопштение фановите добиваа уште малку трпение како задолжителен дел од ГТА искуството. Интернетот, се разбира, не пропушти да се пошегува на сметка на постојаното поместување на датумот, но зад шегите остануваше едно прашање: дали Рокстар конечно ќе го испочитува и овој рок? На 17 ноември 2026 година, официјалниот датум на излегување останува 19 ноември. По тринаесет години од ГТА, речиси три години од првиот трејлер и две одложувања, до излегувањето на играта остануваат само два дена.

По сите одложувања, трејлери и години чекање, ГТА 6 конечно влезе во последната фаза пред излегувањето. Во јуни 2026 година Рокстар ги отвори преднарачките, со што играта и официјално почна да се подготвува за своето лансирање. На располагање беа две изданија – Standard Edition и Ultimate Edition, која вклучува дополнителни дигитални содржини поврзани со приказната на Џејсон и Луција. Сите што ќе ја купат играта пред 20 ноември добиваат и Vintage Vice City Pack, со предмети инспирирани од препознатливиот изглед на градот.

Во последните недели пред лансирањето, Рокстар продолжи да го гради интересот со нови материјали. На официјалната страница се појавија дополнителни снимки од играта, галерија со слики од Леонида, како и повеќе информации за музиката што ќе го придружува патувањето низ Вајс Сити и околината. Компанијата постепено откриваше нови детали за светот, неговите жители и атмосферата, но истовремено продолжи да чува голем дел од приказната и изненадувањата во тајност.

Цел Мајами е во изглед на Вајс Сити

Најголемиот дел од промотивната кампања беше насочен во Мајами. Рокстар реши да ја искористи таа поврзаност и буквално да го претвори вистинскиот град во промотивна верзија на светот од играта.

На улиците се појавија билборди од фиктивни компании, фиктивни телевизиски станици, ресторани и ноќни клубови што постојат само во играта. Наместо обични реклами за самата игра, минувачите можеа да видат промоции за „Weazel News“, автомобилската компанија „Coil“, радиостаницата „Chamber 106.6“ и други брендови од универзумот на играта. На плажите во Мајами Бич беа поставени розови и сини чадори и лежалки со ознаките на Vice City, а низ градот се појавија тематски автобуси, возила и големи мурали со Џејсон и Луција.

Еден од највпечатливите потези беше огромниот натпис „Welcome to Vice City“ поставен на покривот на „Kaseya Center“, арената во која настапува кошаркарскиот тим „Мајами Хит“. Целата кампања беше толку голема што локалните власти на округот Мајами-Дејд објавија промотивен пакет вреден 3,9 милиони долари, кој опфаќа рекламирање на меѓународниот аеродром, пристаништето и низ јавниот транспорт. Дел од договорот со Рокстар беше и самиот натпис на арената.

Интересно е што оваа промоција отвори и локална дебата. Некои претставници на властите се спротивставија на користењето јавни ресурси за рекламирање игра во која има криминал и насилство, додека други сметаа дека градот треба да ја искористи светската популарност на GTA 6 за да привлече внимание и посетители.

Иако Мајами беше центарот на кампањата, Рокстар не ја ограничи промоцијата само на градот што го инспирираше Вајс Сити. Во неделите пред излегувањето, големи реклами со Џејсон и Луција се појавија во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Париз, Лондон, Виена, Келн, Варшава, Мадрид, Барселона и Лисабон. Кампањата стигна и до Токио, Тајпеј, Сингапур, Хонг Конг и Мелбурн.

Во некои градови беа поставени огромни билборди и дигитални екрани, додека на други локации цели фасади на згради беа покриени со промотивни илустрации. Во Париз, на пример, рекламата на кулите Les Mercuriales привлече особено внимание, со огромни прикази на главните ликови и датумот на излегување. Во Лондон, промоцијата се појави и на фасади и во големи трговски центри, а во други градови беа забележани автобуси целосно обложени со визуелниот идентитет на играта.

Целта беше едноставна, каде и да се наоѓаат фановите, да добијат впечаток дека ГТА 6 е насекаде. И секоја фотографија од нов билборд, мурал или автобус дополнително ја ширеше кампањата на интернет, без Рокстар да мора да објавува посебна реклама за секоја локација.

Една од најинтересните соработки е договорот со NBA тимот Мајами Хит. На 18 ноември, ден пред официјалното излегување на играта, тимот ќе настапи под името Вајс Сити во специјален настан наречен „Ноќ во Вајс Сити“. За таа пригода се подготвени специјални дресови во црна и розова боја, тематски кошаркарски терен и производи со визуелниот идентитет на играта.

Музиката отсекогаш била еден од најпрепознатливите делови на серијатлот. Радиостаниците, водителите, рекламите и песните што ги слушаме додека возиме низ градот често стануваат исто толку незаборавни колку и самите мисии. Студиото добро знае дека музиката е важен дел од идентитетот на серијалот, па затоа и промоцијата на играта ја искористи за да создаде дополнителна возбуда, но и да ја претстави атмосферата на светот во кој ќе се одвива играта.

Уште во првиот трејлер се покажа колку добро Рокстар знаат да изберат песна што ќе остане поврзана со играта. За музичка подлога беше избрана „Love Is a Long Road“ од Том Пети, песна објавена во 1989 година на неговиот албум „Full Moon Fever“. Изборот се покажа како полн погодок. Песната се вклопи со приказната за Џејсон и Луција, но и со атмосферата на Флорида, од каде што потекнуваше самиот Пети.

Ефектот беше видлив и на музичките платформи. Според податоците што Спотифај ги сподели со „Universal Music Publishing Group“, слушањата на песната по објавувањето на трејлерот се зголемиле за неверојатни 36.97 отсто во споредба со претходната недела. Со други зборови, песна стара повеќе од три децении одеднаш доби нова публика благодарение на видео игра.

Слична приказна се повтори и со вториот трејлер, објавен во мај 2025 година. Овојпат студиото ја избра „Hot Together“ од The Pointer Sisters, песна од 1986 година. Само два часа по објавувањето на трејлерот, слушањата на песната на Спотифа пораснале за 182 отсто во споредба со истиот период една недела претходно.

Но, студото не застана само на изборот на музика за трејлерите. На 27 август 2026 година беше објавен и „Grand Theft Auto VI: An Extended Look“, подолг приказ на светот и содржините во играта, во кој музиката доби уште поголема улога. Во видеото беа вклучени 15 песни од различни жанрови и периоди, а реакцијата на публиката повторно се прелеа на стриминг-платформите.

На 17 септември 2026 година Rockstar отиде и чекор понатаму, најавувајќи го „Grand Theft Auto VI: The Album“, официјален музички албум што ќе биде објавен заедно со играта на 19 ноември. Албумот е создаден во соработка со издавачката куќа Atlantic Records и содржи 34 оригинални песни од изведувачи од различни музички жанрови.

Меѓу имињата што беа откриени во првата најава се Travis Scott, Future, Metro Boomin, Yung Lean, PinkPantheress, Fred again.., Morgan Wallen, Rauw Alejandro и Keith Richards. Првите шест синглови беа објавени веднаш, а за нив беа достапни и дигитални верзии за слушање и претходно зачувување на музичките платформи. Rockstar најави и физички изданија на албумот на винил и CD, вклучувајќи специјални колекционерски изданија.

Во септември 2013 година, кога првпат влеговме во Лос Сантос, веројатно никој не очекуваше дека ќе поминат повеќе од 13 години пред повторно да добиеме целосно нова Grand Theft Auto игра. Во меѓувреме сменивме конзоли, компјутери, телефони, музика, трендови и цели генерации гејмери. ГТА 5 остана со нас низ сето тоа време, а студиото успеа да ја претвори во една од најуспешните и најдолговечните игри во историјата.

Сега, по години шпекулации, лажни протекувања, вистински протекувања, бескрајни теории, трејлери и две одложувања, конечно сме пред вратите на Вајс Сити. Џејсон и Луција се подготвени да ја започнат својата приказна, а милиони играчи ширум светот се подготвени повторно да се изгубат во еден свет на Rockstar.

Дали ГТА 6 ќе ги оправда сите очекувања? Дали ќе постави нови стандарди за отворените светови и видео игрите воопшто? Дали ќе стане новата игра со која ќе се споредуваат сите следни големи изданија? Одговорите ќе ги добиеме дури кога ќе почнеме да ја играме. Но, едно е сигурно, ретко која игра успеала толку долго да го задржи вниманието на светот, а уште поретко некоја игра успеала да направи нејзиното излегување да изгледа како настан што го чека цела генерација.

Од Лос Сантос до Вајс Сити. Од 2013 до 2026 година. По 13 години, приказната продолжува.

Како „ГТА 6“ прерасна во најголемиот светски феномен и стана игра што со години ја чекаат милиони луѓе 2026

IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-11-18 03:55:01

Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

IUSTITIA

Споделете в социалните мрежи / Споделете в социалните мрежи / Share in social media
Facebook X LinkedIn Reddit Telegram WhatsApp Email Print
Previous Post

За пет години регистрирани 2.197 новозаболени oд рак на простата, расте и смртноста 2026

Next Post

Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева 2026

Next Post
Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од велес за случајот на росица коцева 2026

Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева 2026

Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

  • Rating

Search / Търси в сайта

No Result
View All Result
гугъл новини, гоогле новини, гугъл нюз, гъгъл нюз, google news, news google, google.bg, news.google.bg, Юстиция, новини, последното, най-важното, видео, телевизия, радио, Новини, петър низамов

Recent Posts

  • Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева 2026
  • Како „ГТА 6“ прерасна во најголемиот светски феномен и стана игра што со години ја чекаат милиони луѓе 2026
  • За пет години регистрирани 2.197 новозаболени oд рак на простата, расте и смртноста 2026
  • „Ниту една повеќе“, по зачестените случаи на семејно насилство, повика на блокада и протест 2026
  • Крива Паланка поднесува кривични пријави поради неспроведените решенија за одземање на добитокот 2026
  • Убиен новинар во Костарика што истражувал трговија со дрога и врски со владините институции 2026
  • Шест барања до институциите за заштита на жените од насилство 2026
  • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата и на „Алта лизинг“ 2026
  • Студентската листа најавува прогресивно оданочување: Дали даночната реформа навистина ќе донесе повисоки плати за граѓаните со најниски примања? 2026
  • Сиљановска-Давкова: Честите промени на Уставот, особено наметнати однадвор, ја проблематизираат неговата улога како највисок закон 2026
  • Рубио вели дека САД не се „под системски напад“ по серијата технолошки прекини 2026
  • Мери Пелтола го победи републиканецот Ден Саливан во Алјаска и им даде на демократите педесет и шест места во Сенатот 2026
  • Во Казахстан, жените од руралните средини се здружуваат за да ги подобрат условите за живот 2026
  • 67. Меѓународен филмски фестивал во Солун: Режисерот Петар Валчанов за корупцијата, политичката манипулација и заблудите во бугарското општество 2026
  • АНАЛИЗА: Доспеаните, а неплатени обврски на државата надминаа 700 милиони евра, со најголеми долгови ЈП и државните фирми 2026
  • Најмладата пациентка со цервикален карцином има само 18 години, лекарите повикуваат родителите да си ги вакцинираат децата 2026
  • Дојче Банк случајно ги објави даночните пријави на Доналд Трамп 2026
  • Актерката и пратеничка Лидија Вукиќевиќ полеана со јогурт пред српскиот парламент 2026
  • Најновите игри сместени во светот на „The Lord of The Rings“ 2026
  • Обвинителството бара притвор за битолчанецот кој избега од полициска станица по пријава за семејно насилство 2026
  • Енвидија ја отфрли можноста Хуанг да се врати како извршен директор 2026
  • Два главни моста во Киев погодени во руски напад 2026
  • Србија денеска на конститутивната седница ќе ги одбере претседателот и потпретседателите на Парламентот 2026
  • Корабоски лишен од слобода, се очекува мерка притвор 2026
  • Новиот акциски план за отворена власт предвидува поголема транспарентност, дигитални услуги и контрола на институциите 2026
  • Новиот акциски план за отворена власт предвидува поголема транспарентност, дигитални услуги и контрола на институциите 2026
  • Организациите против насилство врз жени побараа насилникот од Охрид да добие притвор 2026
  • Битолчанецот осомничен за семејно насилство кој избега од станицата низ прозорец денес се предаде на полицијата 2026
  • Таличниот Том и Гашо продолжуваат да живеат во нови стрип-албуми 2026
  • Во Албанија, младите од руралните средини се залагаат за решавање на локалните еколошки проблеми 2026
  • Кривична пријава против насилникот што ја претепа девојката во Охрид, уапсен е и нејзиниот татко заради закани 2026
  • Кривична пријава против насилникот што ја претепа девојката во Охрид, уапсен е и нејзиниот татко заради закани 2026
  • Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство 2026
  • Првата аукција за продажба на Алта банка ќе се одржи на 30 ноември 2026
  • Бесент смета дека „Енвидија“ мора да побара нов извршен директор надвор од компанијата, Хуанг размислува да се врати 2026
  • Иран ја нападна американската воена база во Бахреин 2026
  • Италија ја казни Мета со 805 милиони евра поради пристап до фотографии на корисниците без согласност 2026
  • 67. Меѓународен филмски фестивал во Солун: Банализација на злото од Хана Арент до Андреј Звјагинцев 2026
  • Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес 2026
  • АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва 2026
  • По речиси 24 часа, Мајкрософт ги врати во функција „Аутлук“ и „Копилот“ 2026
  • ЕК: Говорот на омраза се шири на социјалните мрежи, институциите немаат доволно капацитет за да се борат против него 2026
  • Полицајците добиваат боди-камери со ВИ, МВР склучило договор со американската компанија „Аксон“ 2026
  • За 70 отсто зголемен бројот на пријави за семејно насилство, за десет месеци евидентирани 1.897 случаи 2026
  • За 70 отсто зголемен бројот на пријави за семејно насилство, за десет месеци евидентирани 1.897 случаи 2026
  • Мајкрософт велат дека напредуваат со напорите за опоравување на нивните сервиси по глобалниот прекин 2026
  • Архивски фотографии сведочат за ослободувањето на Скопје пред 82 години 2026
  • Архивски фотографии сведочат за ослободувањето на Скопје пред 82 години 2026
  • Мајкрософт велат дека напредуваат со напорите за опоравување на нивните сервиси по глобалниот прекин 2026
  • Мицкоски: Парното ќе поскапи, но не колку што бараат компаниите 2026
  • Мицкоски: Парното ќе поскапи, но не колку што бараат компаниите 2026
  • Вакцина против грип за еден од четири пријавени, приватно не може да се купи 2026
  • Буџет 2027: Сумата за пензии ќе надмине 2 милијарди евра, расходите на ФЗО се доближија до 1 милијарда евра 2026
  • Поранешниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, повикан да сведочи пред Конгресот во САД во врска со аферата со кинеска шпионка 2026
  • Алта банка ја отвора експозитурата во Прилеп 2026
  • НАСА објави јавен повик за астронаути кои би оделе на Месечината 2026
  • Гугл го претстави „Џемини 4 Хидроген“, новиот модел што го заменува „Џемини 3.8 Флеш“ 2026
  • Виткоф и Кушнер се сретнаа со Зеленски по разговорите со Путин, на следната средба ќе има и претставник од Европа 2026
  • Финансиската директорка Колет Крес е привремен извршен директор на Енвидија 2026
  • Студентите од охридскиот дом „Никола Карев“ сместени надвор од градот, сами го плаќаат превозот до факултетите 2026
  • Најмалку осум лица го загубија животот и десетици се повредени по уривање на зграда во Бруклин 2026
  • Леб, туна и кромид за студентите, повластени цени за пратениците 2026
  • Зеленски: Ограничувањата на Старшилд им помагаат на Русите да убиваат повеќе Украинци 2026
  • Делегацијата на ЕУ по јавната дискусија за „Стив Наумов“: Проблемите треба да се пријават, а информациите да се проверуваат 2026
  • Н1: Српската тајна служба вршела надзор над студенти, новинари, активисти? 2026
  • Во израелски напад врз болница во јужниот дел на Газа загинаа шест лица 2026
  • Како платформа за граѓанска технологија им помага на жените во Србија безбедно да стигнат дома 2026
  • Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници 2026
  • Бордот на „Енвидиа“ ќе одлучува за судбината на директорот Џенсен Хуанг по скандалот со шпионската афера 2026
  • Кушнер и Виткоф пристигнаа на преговори со Путин, Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади 2026
  • Во САД татко осомничен дека си го закопал детето живо 2026
  • Во САД татко осомничен дека си го закопал детето живо 2026
  • Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски 2026
  • Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски 2026
  • Филипче: Мицкоски лаже, СДСМ не донела одлука за влез на Алта банка 2026
  • Филипче: Мицкоски лаже, СДСМ не донела одлука за влез на Алта банка 2026
  • Украина и Русија договорија размена на заробеници, но не и прекин на огнот 2026
  • Украина и Русија договорија размена на заробеници, но не и прекин на огнот 2026
  • Алта банка нема да банкротира, рече Мицкоски на надзорната расправа во Собрание 2026
  • Алта банка нема да банкротира, рече Мицкоски на надзорната расправа во Собрание 2026
  • Граѓанските организации бараат 16 дена институционална одговорност, наместо протоколарни настани 2026
  • Проверка на факти: Какви онлајн дезинформации се проширија по пукањето во Краков 2026
  • Американски војник уапсен во Британија под сомнение за шпионажа поврзана со Русија 2026
  • Активирани борбени авиони на НАТО откако беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на балтичките земји 2026
  • Украински напади го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за 30 отсто 2026
  • Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата 2026
  • Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата 2026
  • Рубио: Преговорите за крај на војната во Украина се многу продуктивни 2026
  • Рубио: Преговорите за крај на војната во Украина се многу продуктивни 2026
  • Пит Хегсет е под големи притисоци поради војната во Иран и се бара негово разрешување, но Трамп не се откажува од него 2026
  • Пит Хегсет е под големи притисоци поради војната во Иран и се бара негово разрешување, но Трамп не се откажува од него 2026
  • До февруари „Безбеден град“ ќе функционира низ целата држава 2026
  • До февруари „Безбеден град“ ќе функционира низ целата држава 2026
  • Кристи Мекормик e предложена од Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија 2026
  • Кристи Мекормик e предложена од Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија 2026
  • Маѓар: Братот на Виктор Орбан е приведен во истрага за трговија со луѓе 2026
  • Маѓар: Братот на Виктор Орбан е приведен во истрага за трговија со луѓе 2026
  • Русија изврши нови смртоносни напади во Украина неколку часа пред почетокот на преговорите во Абу Даби 2026
  • Првата годишнина на играта „Where Winds Meet“ ќе се одржи на 13 ноември 2026
  • Индустријата на ЕУ би можела да се откаже од обидите да им конкурира на кинеските компании 2026

[contact-form-7 id=”45ced39″ title=”Contact form 1″]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

No Result
View All Result

Категории

Здружение „Бугарски правен комитет – заштита на граѓаните со правни средства“ (БЮК)
Единствен идентификациски број (ЕИК): 205028308
Бургас, улица Гладстон бр. 18, 056/84 45 14

Совет за електронски медиуми (СЕМ)
Софија, бул. Шипченски проод 69

Тел.: 02/ 9708810 Тел.: 02/ 9708812

Е-пошта: [email protected]

  • За Нас – агенция за разследваща журналистика ЮСТИЦИЯ – Бургас, България
  • Рекламирайте с ЮСТИЦИЯ
  • Прозрачно управление
  • Докладване на проблем
  • Условия за ползване
  • Защита на данните
  • Правила на форума
  • Политика за бисквитките
  • Екип
  • Помощ
  • Карта на сайта
  • Статистика
  • Реклама
  • Контакти
  • Етичен кодекс на българските медии
  • RSS емисия
  • Често задавани въпроси (FAQ)
  • Задайте въпрос във форума
  • Вестник “ЮСТИЦИЯ”
  • العربية
  • Dansk
  • Deutsch
  • Ελληνικά
  • English
  • български
  • Čeština
  • Español
  • Français
  • עברית
  • Hrvatski
  • Magyar
  • Italiano
  • Lietuviškai
  • Latviešu valoda
  • македонски јазик
  • Norsk Bokmål
  • Nederlands
  • Polski
  • Português
  • Română
  • Русский
  • Slovenčina
  • Slovenščina
  • Српски језик
  • Svenska
  • Türkçe
  • Українська
  • 日本語
  • ไทย
  • فارسی
  • 中文 (中国)
  • Беларуская мова
  • Deutsch Austria
  • Deutsch Switzerland
  • shqiperia
  • English USA
  • Bosanski

© 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Правда | истражувачко новинарство, вести, анализи
  • За нас – агенција за истражувачко новинарство IUSTITIA
  • Рекламирајте се кај нас
  • Вестник “ПРАВДА”
  • Вести за 2025 година
  • Македонија денес | Вести од Северна Македонија
  • Новости из Болгарии
  • Світові новини
  • Політика
  • Истраги
  • Анализи
  • Развој на веб-страници
  • SEO Оптимизација за пребарувачи
  • Веб дизајн
  • Фитнес и велнес
  • Прашања
  • македонски јазик
    • العربية
    • Dansk
    • Deutsch
    • Ελληνικά
    • English
    • български
    • Čeština
    • Español
    • Français
    • עברית
    • Hrvatski
    • Magyar
    • Italiano
    • Lietuviškai
    • Latviešu valoda
    • македонски јазик
    • Norsk Bokmål
    • Nederlands
    • Polski
    • Português
    • Română
    • Русский
    • Slovenčina
    • Slovenščina
    • Српски језик
    • Svenska
    • Türkçe
    • Українська
    • 日本語
    • ไทย
    • فارسی
    • 中文 (中国)
    • Беларуская мова
    • Deutsch Austria
    • Deutsch Switzerland
    • shqiperia
    • English USA
    • Bosanski

© 2026 JNews – Премиум WordPress тема за вести и списание од Jegtheme.

Оваа веб-страница користи колачиња. Со продолжување на користењето на оваа веб-страница, вие се согласувате со користењето на колачиња. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност и колачиња.