
После деценискиот хаос со паркирањето во просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, денеска стаса уште едно ветување за решение на проблемот. Министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција кажа дека со одлука на Влада, во овој комплекс до јуни планирано е да се изградат три катни монтажни гаражи, во кои ќе може однапред да се резервира паркинг-место преку апликација.
Алиу рече дека сега Град Скопје требало да ги проектира и изгради трите катни гаражи во рамки на договор што ќе биде склучен на 15 години, односно на располагање ќе има од 1.200 до 1.500 места.
„Катните гаражи ќе бидат поставени на три локации, едната кај Инфективната клиника, другата во близина на Клиниката за гинекологија и третата кај хелиодромот. Најголемата гаража е предвидено да е онаа кај Инфективната клиника оти таму има најмногу простор и таму ќе има и посебен влез за во комплексот клиники. Ќе се отвори и нов влез во кампусот кај Клиниката за кардиологија и Државната кардиохирургија наменет за пациенти во животозагрозувачка состојба со цел да се овозможи побрз пристап до здравствените услуги. Ова очекувам да биде готово до јуни“, рече тој.
Ако не знаете со апликација, на паркинг ќе може да влезете со QR код од упатот
Алиу најави дека ќе имало паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни места, информативни табли, дигитален водич и камери за автоматска регистрација на возила поврзани со фискален систем. Според него, важно е уште од почеток да се инвестира во дигиталната инфраструктура за да се обезбеди комуникација во реално време со системот и прецизна информација за број на достапни слободни места.
„Граѓаните ќе можат однапред да резервираат паркинг-место преку апликација, вклучително и пациентите, со внесување на бројот на упат. Ако не се користи апликацијата, на влезната рампа ќе може директно да се скенира QR-код од упатот. Вработените ќе имаат посебни QR-кодови и резервирани места за нив, а за оние кои доаѓаат во посета на пример кај хоспитализирани пациенти, ќе платат комерцијална цена. Онколошките пациенти и натаму ќе имаат бесплатно паркирање. Плаќањето ќе биде можно онлајн преку апликација или во готово“, рече Алиу.
Засега не се знае колкави ќе бидат цените за паркинг услугите. Министерот кажа дека нив ќе ги утврдува Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, а тие ќе треба да поминат и на седница на Совет на Град Скопје.
Ќе има и лед светла, дрвца и зеленило
Хаосот на Клинички, пак, министерот вети дека ќе биде заменет со хортикултурно уреден простор, нови лед светла, пешачки патеки, нови засадени дрвја. Амбициозно најави и набавка на електрично возило, кое ќе се користело исклучиво во рамки на кампусот за транспорт на пациенти од една до друга клиника.
„Динамиката на изградба ќе зависи од ЈП „Градски паркинг“, а Град Скопје треба да обезбеди посебна буџетска линија за реализација на проектот. Во меѓувреме, во оваа фаза ќе санираме таму каде што мораме и каде што нема соодветни услови за работа“, кажа тој.
Мета во декември пишуваше дека за една декада се сменија 9 министри за здравство, ниту еден не го реши хаосот на паркингот во Клинички, освен што беше реконструиран влезот (и приспособен нов паркинг кај Клиниката за гинекологија со капацитет од 150 возила), во време кога министер за здравство беше Венко Филипче, во време на ковид-пандемијата.
Ако сте возач и сте пациент или, пак, превезувате пациент на Клинички, внатре се соочувате со хаос – паркирани возила во ленти кои не се предвидени за паркинг места, со свирежи од возила на сите страни, возила кои блокирале уредно паркирани возила на обележан паркинг-простор, возила кои возат во обратна насока. Безуспешното кружење, стоење во место и губење време во барање паркинг, често знае да е причина за доцнење на закажан термин кој сте го резервирале со месеци однапред, а во најлошо сценарио, знае да чини живот.
Алиу: На Клинички ќе се фаќа паркинг место со апликација 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-02-12 11:06:28 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

