Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој е осомничен за примање поткуп.
Како што информираа од Судот, мерката притвор е определена по сите три законски основи и тоа опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото. Притворот е изречен на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), кое отвори истражна постапка против осомничениот.
Според информациите од обвинителството и Министерството за внатрешни работи, осомничениот во периодот од 5 март до 19 март, во својство на службено лице, директно побарал поткуп од сопственик на фирма која се занимава со увоз, за да овозможи увоз на стока во земјава.
„В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Имено, на оштетеното лице му било образложено дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник“, соопшти МВР.
Иако во соопштението на МВР се вели дека увозот на оваа стока бил забранет, од ОЈО ГОКК го соопштија спротивното, односно дека ваквата стока „многу пати претходно била увезувана“ во земјава, а Анакиев намерно сакал да прикаже дека постои забрана за увозот на стоката што не било случај.
Според ОЈО ГОКК, Анакиев „директно побарал значителна имотна корист за себе за да ‘изврши службено дејствие што би морало да го изврши’ вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увоз на стока на правно лице, иако истата многупати претходно била увезувана. Како оправдание на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се увезе не е во согласност со законските прописи. Како резултат на притисоците стоката повеќе денови стоела на граничен премин, па откако оштетениот побарал образложение за забраната, осомничениот започнал дејствие на барање на поткуп“, соопшти Обвинителството.
Според полицијата, Анакиев барал вкупно 100.000 евра, кои требало да бидат исплатени во три рати, една од 50.000 евра и две од по 25.000 евра. Како посредник во примопредавањето на парите бил вклучен шпедитерот на стоката. Откако оштетениот ги предал средствата, тие биле преземени од шпедитерот и подоцна предадени на директорот.
Полицијата го лишила од слобода Анакиев веднаш по примопредавањето на првата рата од 50.000 евра, при што извршиле претрес на неговото возило и парите ги нашле под совозачкото седиште.
Васе Анакиев беше именуван за вршител на должност директор на Државниот инспекторат за земјоделство во јули 2024 година. Тој е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија, која е дел од владејачката коалиција „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот на инспекторатот за земјоделство, Васе Анакиев доби 30-дневен притвор како осомничен за примање поткуп 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-21 06:31:48 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


