Последниве години често имаме обичај да кажеме дека историјата се одвива со толку голема брзина, како да се случува на интернет или на социјалните мрежи, кадешто некој настан или личност во фокусот од пред ден-два е веќе бајат. Навигацијата во океанот од информации е клучна во разбирањето на работите, под услов да знаете да ги избегнувате моќните алгоритми на мрежите.
Авторите на документарните филмови затоа се постојано во потрагата по вистината. Во вртлогот на експресниот технолошки напредок – посебно растот на вештачката интелигенција – документаристите сè повеќе се потпираат на аудиовизуелните архиви. Оттаму, и дел од програмата на 28. Интернационален фестивал на документарниот филм во Солун (5-15 март) се фокусираше на значењето на филмските архиви кои го промениле светот, па сегментот од дваесеттина „стари“ филмови насловен „Целата светска меморија“ (како омаж на круцијалниот документарец на Ален Рене од 1956 г.) понуди материјал од кој може да се разбере актуелниот миг во светот, во кој вистината ѝ парира на пропагандата.

Мизогинијата чини пари
- Интернационален фестивал на документарен филм во Солун започна и заврши со два мошне пригодни наслови кои го рефлектираат актуелниот политички момент во светот исполнет со две габаритни фигури – Доналд Трамп и Владимир Путин.
Фестивалското отворање со „Прашајте ја Е.Џин“ на Ајви Миропол го реактуелизираше прашањето за битката на достоинство која ја повела новинатрката Елизабет Џин Керол против американскоиот претседател Трамп во време на неговиот прв мандат (2016-2020), а поводот бил сексуален напад и клевета. Имено, Керол ја пишувала популарната рубрика „Прашајте ја Е.Џин“ (од типот на некогашните рубрики „Драга тетка Савета“ во ексјугословенскиот новински простор) во престижниот магазин „Ел“, а откако објавила книга во која го обвинила Трамп за сексуално злоставување добила отказ. Керол го тужела магазинот и иако газдите на „Ел“ тврделе дека
нејзиниот отказ нема врска со Трамп, судот пресудил отштета од 5 милиони долари во нејзина корист. Бидејќи Трамп продолжил со исмевањето на нејзиниот изглед и ѝ го нарушувал професиоланиот углед, Керол поднела вторат тужба против него и добила отштета од 83,3 милиони долари. Мизогинијата и сексуалното омаловажување чинат многу пари, па кој може да си ги дозволи – нека повели.
Интернационалниот фестивал на документарниот филм во Солун (ТИДФ) беше затворен со „Господин Никој против Путин“ на Давид Боренстејн и Павел Паша Таланкин во данско-чешка копродукција. Сторијата говори за Павел „Паша“ Таланкин, учител и организатор на настани во мало основно училиште во мал руски град. Целосната руска воена инвазија на Русија врз Украина го мотивирала Паша во стилот на пранкстерите да креира плакати со кои ја демитологизира новововедената националистичка образовна програма во училиштата. И Паша како „мал човек“ од романите на Гогољ покажува дека кога ќе се рабуди на колективниот национален сон може да ѝ се спротивстави на државната милитаристичка политика ако смета дека таа е погубна за учениците, без разлика што резултатот на неговите акции е отказ од работа и егзил во странство.
Всушност, ТИДФ го репризираше „Господин Никој против Путин“ кој беше на програмата на минатогодишното фестивалско издание бидејќи успехот на филмот и неговата мисија го оправдуваат тоа, а датумот на затворањето – 15 март – во предвечерието на доделувањето на „Оскарите“ беше совршен избор бидејќи Боренстејн и Таланкин го освоија „Оскарот“ за најдобар документарец. Тоталитаристичките димензии во нашето секојдневие и нивната жилавост обработени во неколку наслови од фестивалската програма, ги претставивме во текстот во „Вистиномер“.

Архивирање „во живо“
Робусната програма на 28. ТИДФ, составена од над 250 наслови, понуди преглед на многу аспекти од актуелните трендови во светската документаристика.
„Од Украина и Газа до Судан и Иран, и до секое место каде што демократијата, правдата и човековите права се ставени на тест, вознемиреноста за тоа што следува останува интензивна“, беше истакнато, меѓу другото, во обраќањето на фестивалскиот тим на почетокот на фестивалот.
И таа вознемиреност не мора да значи и паника. Напротив, документаристите ја користат за ни го приближат секој дел од човековиот свет. Не случајно фестивалот му ја додели почесната награда „Златен Александар“ на американскиот мултимедијален уметник Бил Морисон, како и на иконскиот филмски продуцент Јоргос Папалиос, кој е синоним за преродбата на грчката кинематографија. Морисон е автор-поет на изгубените филмови, нарекуван и „археолог на кинематографијата“, бидејќи во неговото творештво трага по стари архивски материјали, често снимени и на веќе заборавената нитратна лента, од кои (пре)создава нови кинестетки композиции. 28. ТИДФ во негова чест прикажа 6 негови дела.
Гледачите можеа да проследат и несекојдневен експеримент, практично „архивирање во живо“, во креацијата на славната француска актерка со светска кариера Жилиет Бинош. По стотината наслови кои освојувале награди и симпатии на разни фестивали и киносали ширум светот, Бинош како специјална гостинка на ТИДФ се претстави со нејзиниот документарец „In-I In Motion“, кој претставува креативно обликување на архивски снимки со кои таа и танчерот Акрам Кан го истражуваат емоционалното и уметничко патување во процесот на создавање на театарска претстава. Насловот е буквално непреводлив и означува токму патување на оригиналната претстава In-I.

Што се однесува до наградите, пак, овде ќе ги претставиме само оние во главните натпреварувачки програми. „Златниот Александар“ во интернационалната програма му припадна на „Затворање“ од Михал Марчак, чија сторија нуди искуство да сведочиме на внатрешниот живот на еден татко во невозможна состојба. „Сребрениот Александар“ му припадна на „Птици на војната“ режиран од Џанај Булос и Абд Алкадер Хабак кои се занимаваат со „клучната улога што ја играат обичните граѓани во заштитата на нашата човечност, одбраната на демократијата и инсистирањето на љубовта наспроти неподносливото насилство, омразата и војната“.
Специјалното признание на фестивалското жири го поделија „Убавината на грешките“ на Јука Керкаинен и „Околу рајот“ на Јулија Локшина. Керкаинен ја открива љубовта што лежи во малите моменти и во скриените меѓупростори на егзистенцијалното ништо, а Локшина ни ја претстави современата форма на добро познатиот фашизам, апдејтуван со глобалните колонијалистички елементи.
Документаристичките автори понекогаш избираат и „мали“ теми, како што е спротивставеноста на агрономските концепти – едниот супер еколошки, другиот напрегнато индустирски – на двајца имењаци во англискиот рурален дел („Дерек против Дерек“ на Џемс Доусон), или пак, погубните ефекти од гентрификацијата во Јапонија („Јавниот базен Нумакаге“ на Шинго Ота) која ги брише преостанатите урбани предели скроени по човечка мерка. Но, принципот на создавање на чесен филмски документ е секогаш ист: да се биде објективен и да се трага по вистината по секоја цена, бидејќи само на тој начин по половина или еден век и тие ќе бидат архивски материјал за некоја креација од иднината.
Пишува: Стојан Синадинов
Фестивал на документарен филм во Солун: Жената што го победи Трамп и учителот што му одржа лекција на Путин 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-21 07:56:08 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


