
На албанската писателка и филозофка Леа Ипи и беше доделена наградата „BookStar 2026“ во Скопје за нејзината книга „Слободни“ (Të lirë), дело што ја третира слободата не само како индивидуално право, туку како морална одговорност и како прашање кое е тесно поврзано со начинот на кој се градат општествата.
Професорката на Лондонската школа за економија и еден од најважните гласови на современата критичка мисла, Ипи, ова признание го гледа и како можност за размислување за границите на слободата.
Во интервју за Порталб.мк, Леа Ипи зборуваше за значењето на слободата и нејзиното погрешно толкување во модерните општества, односот меѓу Албанците во Северна Македонија и нивниот културен и јазичен идентитет, како и за начинот на кој национализмот и капитализмот можат да ја ограничат слободата и човечкото достоинство.
Таа се осврна и на односот меѓу Балканот и Западот, доведувајќи ги во прашање како западните стереотипи за регионот, така и балканското идеализирање на Западот. Ипи исто така зборуваше и за нејзината книга „Понижени“ (Të poshtëruar) и за заканите што конзумеризмот, пазарот и национализмот ги претставуваат за достоинството, и истовремено најави дека следната книга, „Еднаквите“ (Të barabartët), ќе ја заокружи нејзината трилогија за слободата, достоинството и еднаквоста.
Порталб.мк: Во Скопје ви беше доделена наградата „BookStar 2026“ за книгата „Слободни“. Што значи за вас ова награда доделена во една земја каде што Албанците сè уште се соочуваат со етнички и јазични бариери и не се толку „слободни“?
Лиа Ипи: Јас зборувам за еден концепт на слобода што е поврзан со моралната димензија на човекот. Мојот концепт, мојата идеја за слободата, е слободата како морална одговорност. Јас не верувам дека слободата во општествата во кои живееме е остварена. Всушност, мислам дека живееме во општества кои често ја манипулираат слободата и дискурсот околу неа, и каде што идеалот за слободата често се меша со идеологијата околу слободата. Во целото мое дело зборувам за важноста на еден критички концепт за слободата, кој што служи и за подигање на свеста кај јавноста, читателите и политичарите за овие идеолошки граници што доаѓаат од национализмот, од капитализмот и од сите тие „изми“ кои се обидуваат да го присвојат овој концепт на слободата. За мене е важно што ова признание во овој амбиент на културата и литературата претставува една вредност што ме тера да мислам дека има толку многу простори каде што можеме да соработуваме надвор од национализмот, надвор од идеолошките граници и каде што можеме да се бориме за слободата и за интегритетот, и каде што признавањето на колективната слобода, признавањето на идентитетот, на јазикот, на нештата што нè обединуваат, не е закана за другиот, туку, напротив, е богатство за едно општество.

Скопје. Фото: Лаура Лачи/Порталб.мк
Порталб.мк: Како ја гледате врската помеѓу „Слободни“ и културниот, политичкиот и филозофскиот контекст во кој живеат Албанците во Северна Македонија?
Лиа Ипи: Залагањето на Албанците во Северна Македонија го гледам како постојано залагање за признавање на слободата, на таа внатрешна слобода, на таа морална слобода што ја имаме и која нè тера да имаме критичка порака кон општеството, кон институциите, со цел да се создадат праведни институции кои ја признаваат соработката и им даваат можност на различните групи да се изразат на својот јазик, со својата култура, да ги препознаат нивните вредности и да не ги гледаат тие вредности како нешто што не загрозува само затоа што е поинакво, туку како нешто со кое можеме да соработуваме и да градиме мостови.

Порталб.мк: Колку се слободни Албанците денес? Дали погрешно сме ја сватиле слободата сведувајќи ја само на индивидуални избори?
Леа Ипи: Мислам дека во контекст на современите општества воопшто, не само во оние албанските, туку и на Балканот, во Европа и во светот, би рекла дека ние, по падот на Берлинскиот ѕид и падот на комунизмот доживеавме една идеја дека сега, конечно, овие општества се ослободени од стегите на овие комунистички режими и, конечно, дојде вистинската слобода. Јас всушност мислам дека и современите општества во кои живееме, овие конзуматорски
општества, капиталистички општества, општества во кои националистичкиот сантимент често се манипулира за да се создаде ривалство и непријателство меѓу различните групи, имаат значаен недостаток на слобода. И ако успееме да имаме критички концепт за слободата и критички концепт за општествата во кои живееме, заедно ќе можеме да изградиме една подобра иднина.
Порталб.мк: Дали Западот и натаму го гледа Балканот низ стереотипи, а Балканот го гледа Западот низ идеализации?
Леа Ипи: Мислам да, иако посебно во последните години со политичките случувања во Европа и во Соединетите Американски Држави, овој мит за Западот како „ветена земја на слободата“ почна малку да се руши за сите нас, бидејќи постојано гледаме една реалност на војна, агресија, бркање на емигрантите, гледаме конфликти за природните ресурси, економски и еколошки кризи. Можеби ова ни помага и нам малку да се разбудиме од ова идеалистичко концептирање што го имаме за Западот и да сфатиме дека и во историјата на Балканот епизодите на
соработка и напорите за изградба на поинакво општество се подеднакво важни како и епизодите на војни и конфликти меѓу групите. Ако се видиме себеси и нашиот идентитет поинаку, развивајќи еден критички пристап надвор од идеализмот и надвор од стереотипите, тоа може да биде важен придонес што нашето општество може да ѝ го даде и на Европа. Честопати чекаме нешто од Европа и не сфаќаме дека и самите имаме способност да ги промениме работите.

Скопје. Фото: Лаура Лачи/Порталб.мк
Порталб.мк: Во „Понижени“ зборувате за достоинството. Која е најголемата закана за човековото достоинство денес?
Леа Ипи: Сум зборувала многу за тоа како општествата на слободниот пазар, маркетингот и капитализмот го загрозуваат човековото достоинство претворајќи сè во стока. Дури и човечките вредности, солидарноста, блискоста, заедницата и заедништвото ризикуваат да се претворат во предмети што се разменуваат само за профит. Слободата и достоинството ги сфаќам како две тесно поврзани работи, а пак слободата ја гледам во една човечка димензија што оди преку поединецот и преку желбата за напредување само индивидуално, без да прашаме какви последици има тој напредок за другите. Во едно општество каде што достоинството би било во центарот на вниманието и на нашите политички барања, мислам дека би стигнале до многу покритичко концепирање на начинот на кој живееме. Она што лично ме загрижува е, од една страна, менталитетот на конзумеризмот и вредностите на капиталистичките општества, а од друга страна, присвојувањето и манипулацијата со националистичките сантименти и идејата за една
хомогена култура според која една култура може да постои само ако една друга се уништи. Јас цврсто верувам во космополитската соработка меѓу различните групи и култури, во можноста тие да живеат заедно, да се збогатуваат една со друга и да екзистираат без да имаат потреба да се исклучуваат или уништуваат една со друга.
Порталб.мк: Која ќе биде следната книга на Леа Ипи, дали ќе биде продолжение на првите две книги или нешто поинакво?
Леа Ипи: Да, ќе биде заокружување на една трилогија. Последниот нејзин дел е книгата „Еднаквите“, која ги третира искуствата од миграцијата и вредноста на еднаквоста, тесно поврзани со слободата и достоинството – теми што беа во центарот и на претходните две дела.
Леа Ипи: Национализмот создава ривалство и непријателство 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-09-01 06:26:34
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

