
Заклучно со првото економско полугодие, вкупната кредитна изложеност на банките достигна 9.610.400.000 евра. Кредитирањето е во пораст но расте и салдото на нефункционалните кредити, пишува Порталб.мк. НБМ посегна по мерки со кои ги заостри условите за станбените и потрошувачките хипотекарни кредити. Зошто монетарната политика посегна по заострување и што ќе значи тоа за граѓаните?
Што ќе значат новите мерки на НБМ за кредитирање на граѓаните?
И банките и граѓаните почнаа со пресметки. Од 1 ви декември на сила стапуваат новите правила за станбени и за хипотекарни потрошувачки кредити. Рокот за отплата на станбените кредити се скратува за 5 години, наместо максимални 30, кредитот ќе се отплаќа на 25 години. Кај хипотекарните потрошувачки кредити, од досегашните 20 години на најмногу 15 години. Заострени ќе бидат и условите за износот на ратата во однос на платата кој ќе изнесува 45% за денарски и 40% за валутни кредити.
Овој пакет на мерки, според економистите што ги праша „Порталб“, ќе влијаат на цената на „кредитите“, поради скратување на рокот на отплата, автоматски ќе се зголеми висината на месечната рата. Дополнително, заострените услови може да влијаат врз намалување на побарувачката за кредити што пак може да се одрази врз вкупната економија.
„Сметам дека Народната банка на некој начин го следи трендот во САД и во ЕУ, каде во изминатиот период во фокус се хипотекарните долгорочни кредити и темата за задолженост на домаќинствата. Овие категории на кредити во глобални рамки, поради кризата со која се соочува светската економија, се дефинираат како ризични. Ваквите потези на нашиот пазар ќе се одразат на повеќе начини, од намалена побарувачка за кредити до поскапување на кредитите поради самиот факт дека рокот за отплата се скратува , што ќе доведе до повисока месечна рата. Станбените кредити се дел од секторот градежништво, која пак го сметаме како носечки за економскиот раст. Од една страна зборуваме за градежна растечка индустрија, од друга страна се затега ременот за станбено кредитирање, што едноставно значи се намалува куповната моќ на граѓаните“, вели економистот Абил Башу.
Посочува дека ние сме земја во која традиционално, граѓаните купуваат недвижности односно вложуваат во станови, и ќе биде важно да се види како овие мерки на НБМ ќе се „вклопат“ во сценариото за раст на градежниот сектор кој се смета за важен сегмент на економијата.
Домаќинствата должат скоро 2 милијарди евра за станбени кредити
Заклучно со првото полугодие од годинава вкупната кредитна изложеност на банките изнесува 9.610.400.000 евра. На квартално ниво, кредитирањето на домаќинствата е зголемено за 3,7%, а најголем удел имаат токму станбените и потрошувачките кредити.
„Растот и натаму во најголем дел произлегува од растот кај потрошувачките и станбените кредити“, велат од НБМ.
Монетарната власт пристапи кон заострени мерки во услови кога банкарскиот сектор е оценет како стабилен, со ликвидност што е на задоволително ниво но со одредено намалување. Од друга страна, според официјалните податоци, се забележува пораст на нивото на нефункционални кредити.
„Солвентноста на банкарскиот систем бележи раст, останувајќи на високо и солидно ниво. Ликвидноста на банкарскиот систем е на задоволително ниво, иако показателите забележаа извесно намалување. Квалитетот на кредитното портфолио се одржа на високо ниво, при минимален раст на стапката на нефункционални кредити“, се наведува во новиот Извештај за ризиците на банкарскиот сектор и се посочува дека порастот произлегува од кредитното портфолио на компаниите.
Во вкупната кредитна изложеност на банките во износ од 9.610.400.000 евра, кредитите на домаќинствата, според пресметката на „Порталб“, имаат удел од 53% или износ од 5.064.000 евра.
Според последните достапни податоци, домаќинствата најмногу должат по основ токму на потрошувачки и на станбени кредити. Конкретно, на крајот на првото банкарско полугодие по основ на потрошувачки кредити задолженоста изнесувала повеќе од 2.508.000.000 евра, а за станбени кредити над 1.900.000.000 евра.
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-13 09:21:32
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

