
Норвешка има највисок процент на електрични возила во светот, каде што електричните возила сочинуваат околу 97% од продажбата на нови возила и околу една третина од целиот возен парк во оптек. Во нордиските земји во август речиси 70% од новите возила биле електрични, а во ЕУ овој процент достигна 27,7%. Во Северна Македонија електричните возила сочинуваат само 0,33% од возниот парк. Раст има и во Албанија, а во Косово до крајот на 2025 година имало над илјада електрични возила, пишува Порталб.мк. Податоците кои ги анализираше Порталб.мк покажуваат голема разлика меѓу ритамот на електрификација во нордиските земји и ЕУ и оној во земјите од регионот.
Рекорд во Норвешка, во август 9 од 10 возила во нордиските земји биле електрични
Во Норвешка, во месец август се регистрирани 13.451 нови возила. Уделот на електричните возила достигнал рекордни 98,7%, од 96,9% во август минатата година.
Во споредба со истиот период минатата година нордискиот пазар на нови автомобили во месец август оваа година пораснал за вкупно 12,2%.
Во Норвешка, Шведска, Данска и Финска се регистрирани вкупно 58.414 нови возила. Речиси 70% од нив биле електрични.
Норвешка постави нов месечен рекорд со 98,7% нови електрични возила, а Данска достигна рекорд од 85,9%.
Во Финска 51,6% од новите возила биле електрични, а во Шведска нивниот удел достигна 45,5%.

Иако електричните визила сочинуваат сè поголем удел во продажбата на нови возила, разликите се сè уште големи во вкупниот возен парк на патнички возила.
На крај на август, 34,94% од сите патнички возила во Норвешка биле електрични. Во Данска овој удел беше 23,5%, во Шведска 9,63%, а во Финска 7,34%.
Повеќе електрични возила и во ЕУ, кинеските брендови освојуваат терен
Регистрацијата на нови електрични возила значително се зголемила во тек на месец август и во Европската Унија, во време кога цените на горивата растат и глобалната неизвесност е се поголема.
Според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), регистрацијата на електрични возила на батерии се зголемила за 62,7% во споредба со претходната година.
Во истиот период уделот на електричните возила во сите нови регистрации во ЕУ се зголемил од 17,8% на 27,7%.

Во вкупниот биланс за оваа година, електричните возила на батерии и возилата на бензин сочинуваат по 21,7% од регистрациите.
Групите на возила во кинеска сопственост го зголемуваат својот удел на пазарот во ЕУ, а европските производители се соочуваат со силна конкуренција, американски тарифи и трошоци за премин кон електрични возила.
Северна Македонија далеку од ЕУ и нордиските земји
Иако е кандидат за членка на Европската Унија, Северна Македонија е далеку од европските и нордиските статистики кога станува збор за електричните возила. Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на електрични возила во последните десет години се зголемил за 30 пати, но во 2025 година тие сочинувале само 0,33% од сите возила, со вкупно 2.047 електрични возила.

И бројот на хибридни возила забележал голем раст. Нивниот број се зголемил од 1.287 во 2023 година, на 5.078 во 2024 година и 7.393 во 2025 година, достигнувајќи околу 1,2% од вкупниот возен парк.
По патиштата во земјата и понатаму доминираат дизел возилата, а бројот на возила на бензин е во пад.
Раст и во Албанија
Според Дирекцијата за услуги на патниот транспорт, во периодот јануари–јули 2026 година во Албанија се регистрирани 6.396 целосно електрични возила, бројка што претставува раст од 126% во споредба со истиот период минатата година.
Според податоците на Дирекцијата, електричните возила сочинуваат 40,5% од вкупниот број на нови возила со нула километри регистрирани во првите седум месеци од оваа година. Ова претставува раст од 68% во споредба со периодот јануари–јули 2025 година. Се проценува дека во Албанија вкупно има речиси 13 илјади електрични возила, од кои најголем дел се во регионот на главниот град, Тирана.

Електричните возила во Косово
Според податоците на Царината на Косово, од јануари до август 2026 година се увезени 780 електрични возила – 615 повеќе отколку во текот на целата 2022 година кога биле 165.
Моментално Кина доминира на пазарот на електрични возила во Косово, а по неа се Германија, САД, Франција, Јапонија и Јужна Кореја.
На крај на 2025 година во Косово имаше 1.457 целосно електрични возила, што е за 50,5% повеќе од претходната година и околу 26 пати повеќе отколку на крај на 2021 година.
Пишува: Фисник Џелили
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-10-13 10:13:28
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
