
Вчера студентите Албанци протестираа во Скопје барајќи можност правосудниот испит да се полага и на албански јазик. Овие протести предизвикаа бројни реакции во јавноста и отворија дилема дали станува збор за легитимно барање за еднаков пристап или за политички инструментализирана тема.
Прашањето веќе подолг период е присутно на политичката сцена во Македонија. Уште на почетокот на годината група студенти поднесоа петиција со која побараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Тие се обратија и до народниот правобранител барајќи институционална заштита и разгледување на нивното барање.
Начинот на кој власта, дел од опозициските парии и од медиумите реагираа е добро познат од претходни протести кои се организираа во земјата, и кои главно беа поддржани од страна на младите, особено кога станува збор за жртвите во трагедијата во Кочани. Наместо суштинска дебата, и тогаш и сега јавниот дискурс се пренасочи кон дискредитација, политизирање и релативизирање.
Гласот на студентите никаде не се слуша
За протестот за правосудниот испит можеше да се прочитаат најразлични видувања и изјави кои потекнуваа и од надвор од државата. Коментираа разни новинари, политичари, па и самиот министер за правда.
Но, она што најмногу недостасуваше повторно е гласот на студентите. Медиумите најмногу известуваа за паролите на протестот и фокусот беше на тоа дека немало македонско знаме. Ретки беа оние што ја прикажаа страната на студентите. Во јавноста речиси и да не се слушнаа изјави од самите студенти како ги споделуваат своите проблеми.
Јавноста можеби се сеќава дека слична беше состојбата и при студентскиот собир пред платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, еден ден по најголемата трагедија во независна Македонија, кога на 16 март загина 63 претежно млади лица во стравотен пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани.
Следниот ден кога илјадници студенти спонтано се собраа, наместо гласот на студентите, доминантни беа говорите на министерката за образование, Весна Јаневска и ректорката Биљана Ангелова. Фијаското на Јаневска со поемата „Во тишина“ од Ацо Шопов, уште толку го избламира студентското движење, по што тогашниот претседател на УСС УКИМ мораше да реагира и да ги смирува насобраните студенти од кои неколкумина колабираа.
Говор на омраза и напади кон студените
Во студентскиот собир за жртвите во Кочани имаше напади кон новинари и студентска заедница. Покрај тоа, се појавија дезинформации кои дополнително ја потиснаа вистинската порака на собирот и создадоа лажна слика за мотивите на студентите. Дополнително, студените мораа да се извинуваат за говорите на ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, и министерката за образование, Весна Јаневска, како и да се оградат од секаква политичка позадина на собирот.
Слична ситуација беше и на вчерашниот протест, каде медиумите пренесуваа статуси од поединци кои не само што не претставуваат јавен интерес, туку дополнително се поларизирачки. Ова придонесе до зголемен говор на омраза во коментарите на објавите на социјалните мрежи, што уште повеќе ја потисна автентичната порака и гласот на студентите.
Ваквиот начин на комуникација доведува до апатија кај студентите и го презаситува јавниот дискурс, кој не им овозможува да го искажат своето мислење. Истовремено, тоа ги обесхрабрува и создава чувство дека нивниот глас не вреди да се слушне.
Правото на протест е фундаментално човеково право
Правото на протест е едно од фундаменталните човекови права кое низ историјата значително придонело за развојот на општествата и претставува еден од клучните столбови на демократијата.
Ова право е формално признаено во документи како Универзална декларација за човекови права усвоена во 1948 година. Историски гледано, правото на протест било двигател на големи општествени промени од Француската револуција, преку движењата за граѓански права во САД, па сè до современите демократски трансформации во Европа и Балканот.
Но, во 2026 година во Македонија, сведоци сме на континуирани обиди ова право да се обесхрабри и релативизира. Власта, преку различни наративи, ги учи младите дека протестот не е нешто што треба да го практикуваат, додека истовремено се обидува да ги подели и дискредитира.
Од друга страна, политичките партии често се обидуваат да го инструментализираат протестот за сопствени цели наместо да го поддржат како автентичен граѓански израз. Во таква ситуација студентите остануваат сами без вистинска поддршка и простор за делување. На тој начин целокупната критична и демократска мисла е ослабена и маргинализирана.
Пишува: Деспина Ковачевска
Студентски протести под притисок и поларизација 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-07 14:51:28 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





