
Вчера, во организација на здружението АРНО, се одржа настанот „Иновативна зелена економија преку македонски примери“, кој имаше за цел да ги
презентира иновативните идеи на македонските организации Ековита, Јавор Зрновци и Ино Тех Клуб. На настанот беа презентирани македонските зелени иновации: „трутово млеко“, филамент од отпадна пластика и тестенини од печурки.
Овие организации имаа можност да создадат прототипи на македонски зелени производи. Во воведниот дел, Ирина Јаневска од АРНО истакна дека проектот ЕИЦЕЕ е стратешка иницијатива за воспоставување на мрежа за циркуларна економија. Покрај подготовката на национални извештаи и научни трудови за јавн политики, клучниот придонес на проектот е создавањето на уникатна регионална инфраструктура.
Мрежата вклучува „I2 Makerspace“ во Подгорица за еко-дизајн и 3R решенија, центар за рециклирање електронски отпад во Пеќ, „Дели центар“ во Ниш за еко-дизајн и производи од глина, како и „Matchmakers Center“ во Сараево за поврзување на зелените производители со индустријата. Во рамки на оваа мрежа, во Скопје е основан Центарот за поправки „Ништо ново“ како регионален хаб за едукација, поправки, пренамени и платформа за поддршка на импакт претпријатија.
Јаневска истакна дека проектот е мозаик, а секој партнер има своја улога и свој центар.
„Ако пораснеме во простор и тим, би ги презеле сите добри практики – би донеле и печки за глина, и ЦНЦ машини и други алати. Истовремено сме и благодарни што „Ништо ново“ направи бум кај нас – за 11 месеци работа организиравме 45 работилници посетени од 550 лица, а интересот е постојано тродупло поголем од капацитетот. Некогаш не објавуваме јавно работилници за да ги услужиме веќе пријавените. Благодарни сме и што со грантовата шема се поддржаа македонските зелени иновации, бидејќи нашата земја има најмногу добиени грантови во регионот“, рече таа.
Организацијата Јавор Зрновци го претстави „Трутовото млеко“, иновација која го користи потенцијалот на трутовите кои пчеларите, а и самите пчелни семејства во одреден дел од годината, вообичаено ги отстрануваат. Од нив се добива производ богат со минерали, протеини, витамини, ензими и аминокиселини, многу сличен на матичниот млеч, а неспоредливо поефтин.
„Богатство се трутовите, а ние ги фрламе. За оваа пролет веќе имаме многу пчелари кои го воведуваат овој нов производ, а научната јавност е целосно запознаена. Тука не запираме, веќе развиваме и протеинска лимунада, бидејќи нашата крајна цел е да придонесеме за создавање поздрава нација“, истакна Благојче Најдовски од Јавор Зрновци.
Ино Тех Клуб прототипирал филамент за 3Д принтање од рециклирана отпадна пластика, кој се развиваше во лабораторијата „Ино Фаб Лаб“ при Технолошко-металуршкиот факултет.
„Горди сме што го претставуваме првиот функционален рециклиран филамент за 3Д принтање кој не е само прототип, туку доказ дека од отпад може да се создаваат иновативни и конкурентни материјали. Овој плод на тимска научно-истражувачка работа ја става земјава на мапата на земји со реални производи во сегментот на кружна економија“, порача Верица Јорданова од Ино Тех Клуб.
Организацијата Ековита го претстави проектот ИНО Хаб и брендовите „Гаџун“ и „Мушрони“, создадени со вклучување на ранливи групи во село Вешје.
„Преку проектот набавивме соларна сушара и обучивме самохрани родители и млади невработени лица за производство на храна со додадена вредност. Гаџунот е наша иновација, тоа е маџун со габи. Мушрони се тестенини од печурки, со низок гликемиски индекс, погодни и за дијабетичари. Иако веќе имаме заштитени трговски марки и сме присутни на пазарот, потребен ни е подобар пласман за овие здрави производи да стигнат до што поголем број
потрошувачи“, изјави Кристина Тодорова од Ековита.
Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан“ е поддржан од Европската Унија, преку програмата за граѓанско општество и медиуми на Западен Балкан и Турција (ИПА 3). Проектот го спроведува ADP-Zid (Црна Гора) во партнерство со CEDRA Split (Хрватска), Deli (Србија), АРНО (Македонија), Lens (Косово) и Green Building Council (БиХ).
Презентирани македонски зелени иновации – „трутово млеко“, филамент од отпадна пластика и тестенини од печурки 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-03 10:43:00 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


