
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Како што информираат од Обвинителството, станува збор за 31-годишен битолчанец, кој е осомничен дека во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на компјутерските уреди и опрема што ги користел во својот дом, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија. Според првичните информации, осомничениот воедно бил и вработен во образовна установа, што на случајот му дава дополнителна тежина.
Од Јавното обвинителство посочуваат дека случајот е резултат на предистражна постапка што се водела во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Скопје. До откривањето на осомничениот дошло по добиено известување од Австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела меѓународна акција насочена кон откривање веб-страници преку кои се дистрибуирале фотографии и видеа што содржат материјали од злоупотреба на деца.
Во рамки на оваа операција, австралиските служби вршеле идентификација на корисници и ИП-адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од спорните веб-страници. Притоа биле утврдени повеќе уникатни регистрирани корисници, како и нивни електронски и ИП-адреси, при што дел од нив биле поврзани и со територијата на Република Северна Македонија.
Токму овие податоци биле доставени до македонските истражни органи по што започнале проверки и координирани предистражни дејствија. Од Обвинителството наведуваат дека освен во Битола, проверки во моментов се вршат и во Скопје, како и во други градови во државата, со цел целосно да се проверат сите добиени сознанија и да се утврди дали во случајот се инволвирани и други лица.
Надлежните институции во оваа фаза работат на детална анализа на прибраните докази, како и на дигитална форензичка обработка на уредите и електронските податоци, со цел да се утврдат сите околности поврзани со случајот. Истрагата треба да покаже на кој начин осомничениот дошол до спорните материјали, колкав бил обемот на содржините што ги поседувал и дали постоела евентуална комуникација или поврзаност со други корисници.
За 31-годишниот осомничен од Битола, Основното јавно обвинителство веќе доставило предлог до Основниот суд во Битола за определување мерка притвор.
Истрага во Битола против лице вработено во образовна установа за поседување детска порнографија 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-03 10:40:58 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





