
Климатските промени го истакнуваат фактот дека водата е стратешки ресурс што мора да се заштити. Одржливото управување со овој ресурс се од суштинско значење за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните, констатираа учесниците на заедничката 7. сесија на Работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), што се одржа во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија.
Учесниците заклучија дека Македонија треба да продолжи со усогласувањето со европското законодавство во областа на водите, да ги зајакне институционалните капацитети за управување со климатските ризици и да инвестира во дигитални решенија што ќе придонесат за поголема транспарентност, ефикасност и одржливост на јавните политики.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека управувањето со водните ресурси мора да биде поставено високо на агендата на националните политики.
„Климатските промени веќе имаат директно влијание врз земјоделското производство и достапноста на водата. Затоа е неопходно да инвестираме во модерни системи за наводнување, подобро планирање и поефикасно користење на водните ресурси, следејќи ги европските стандарди и добри практики“, рече Трипуновски, нагласувајќи дека тоа за Владата е стратешка цел и веќе инвестира во изградба на стабилен систем за наводнување преку градење на нови и реконструкција на постојните брани и хидросистеми.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, посочи дека климатските ризици бараат нов пристап во управувањето со водите.
„Безбедноста на водата повеќе не е само еколошко прашање, туку прашање на развој, економска конкурентност, безбедност и јавно здравје. Затоа е неопходен интегриран систем за управување со водите и подобра координација меѓу институциите, засилена примена на европското законодавство и долгорочни политики засновани врз научни податоци и реални потреби“, истакна Хоџа.
Водата е јасен пример дека современите предизвици не можат да се третираат изолирано, бидејќи водата е бесценет ресурс и нашата заедничка одговорност е да ја зачуваме за наредните генерации, заклучи Хоџа.
Амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, ја нагласи важноста на регионалната и европската соработка во справувањето со климатските предизвици.
„Искуствата на земјите членки покажуваат дека интегрираното управување со водите носи конкретни придобивки за животната средина, земјоделството и локалниот развој. Европската Унија останува силен партнер на Северна Македонија во процесот на усогласување со европските политики и стандарди“, рече Хрицова.
Во рамките на трите тематски панели се дискутираше за европските политики за водна безбедност, потребата од поголема отпорност кон климатските промени, интегрираното управување со водите во функција на земјоделството и руралниот развој, како и за можностите што ги отвора дигитализацијата во управувањето со водните ресурси.
Водата мора одржливо да се управува за да се заштити од климатските промени 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-09 10:26:51 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


