Марија Петрушева, мајка на Андреј и на Кристијан Петрушеви, како сведок денеска раскажуваше за кобната ноќ кога се случи трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“, во која го загубила нејзиниот син Андреј. Андреј работел во ресторанот „Престиж“ во Кочани, а вечерта бил повикан и на испомош во „Пулс“ од страна на сопственикот Дејан Јованов-Деко. Како што пренесува „360“, бил повикан и неговиот брат Кристијан, кој прво рекол дека нема оди. Двајцата биле вешти во угостителската работа. Андреј се запишал на факултет, но се откажал и работел во Хрватска, а потоа се вратил во Кочани. Планирале со братот повторно да одат во април.
Мајката Марија рече дека утрото на 16 март биле будни со сопругот, кога ги слушнале првите сирени.
„Прво мислев дека е некоја сообраќајка, не се вознемирив веднаш. По 15 минути почнаа да свират многу возила и видовме дека противпожарно возило оди во спротивен правец. Се почувствува и тежок мирис на чад. Бидејќи имаше концерт на групата ДНК, ми дојде мисла дека таму нешто се случува. Почнав да им ѕвонам на двајцата синови, наизменично, но одговор немаше. На Андреј му пишав на Инстаграм што се случува, но пораката и ден-денес остана непрочитана“, сведочеше мајката.
Тргнале со автомобил во тој правец. Неколку лица што ги сретнале патем, им кажале што се случува. Кога стигнале кај „Пулс“, наишле на насекаде растрчани луѓе. Прашала другар дали ги видел нејзините синови. Тој им рекол дека Кристијан е добар, а Андреј со амбулантно возило и со слаб пулс бил однесен во болница.
„Пред дискотеката имаше премногу тела, од кои некои не се ни препознаваа. Сопругот отиде во дискотеката. Јас почнав да ги превртувам телата. Повеќе го барав Андреј оти за Кристијан слушнав дека го виделе. Тоа што се однесени во болница ми даваше сигурност дека ќе им биде укажана помош. Не сфаќав дека тие деца што лежеа таму се мртви, мислев дека се онесвестени од чадот. Сè уште не сфаќав што се случува”, рече мајката.
Оттаму отишле во болницата. Рече дека цел ходник бил со деца кои лежеле исцрнети, некои до непрепознавање.
„Персоналот беше растрчан. Викав по Кристијан. Тогаш слушнав една докторка како му вели на родител дека неговата ќерка починала. Тоа беше шокот. Некој рече дека има деца и на другите одделенија. Оттаму се упатив на интерното одделение. Сè беше хаос. Додека се пробивав до таму, некои деца ги носеа со количка. Во интерното одделение почнав од првата соба, вратите беа отворени. Викав по Кристијан оти ми беше логично дека е свесен и дека е со својот брат, и треба да ме слушне. На крајот од ходникот во соба број 2, која е спроти другиот влез на интерното одделение, налетав на Кристијан, кој влегуваше во тој момент. Мамо, рече тој. Јас викав: брат ти, брат ти. Не успеавме да го спасиме, ми рече тој. Јас не му верував. Влегов во собата, Андреј беше на вториот кревет кај прозорот. Изгледаше нормално, немаше изгореници, само изгореница на подлактицата“, рее мајката Марија во обвинителството.
Кристијан ѝ кажал дека докторите му давале адреналин.
„Андреј изгледаше толку жив. Велев дека лекарите не знаат што зборуваат. Почнавме да му даваме вештачко дишење, бидејќи првпат се соочувам со таква ситуација. Кога му давав вештачко дишење, тој испушташе необични звуци, и тогаш мислев дека се враќа, дека го оживуваме. Многу време го реанимиравме. Умот не ми даваше да се помирам со тоа дека мртов“, кажа мајката.
За синот Кристијан, Марија кажа дека е уште во тешка психичка состојба и оти не може да се помири со тоа дека не успеал да го спаси својот брат.
„Таа вечер тој неколку пати влегувал во дискотеката, спасувајќи животи и барајќи го својот брат. Во моментот кога видел дека неговиот брат е пред ‘Пулс’, оти го изнел некој друг, го качиле во амбулантната кола. До него имало едно мртво дете и едно многу повредено. Психичката состојба тогаш и денес му е многу лоша бидејќи се обвинуваше дека не можел да го спаси брата си. Уште има кошмари. Најтешка му е загубата на брата си. Вели дека во тие десетина минути додека се смирило стампедото и спасувале други животи, не можел да му помогне на брат му. Покрај загубата на едниот, се борам да го подигнам другиот син. Некогаш мислам дека сум успеала, но тоа ќе остане засекогаш со него“, рече мајката.
Умот не ми даваше да се помирам со тоа дека син ми е мртов, сведочеше мајка на судењето за „Пулс“ 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-29 13:37:02 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

