
Дигитализацијата не е само технички процес, туку длабока општествена промена што директно влијае врз граѓаните, институциите и економијата. Без стандарди, квалитетни податоци и дигитални вештини, не може да се зборува за одржлива и безбедна дигитална трансформација, беше порачано на денешната Панел 3 дискусија – Е-владеење, посветена на поефикасни електронски услуги, намалување на бирократијата и усогласување со дигиталните стандарди на Европската Унија. Оваа сесија беше дел од настанот „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“, во организација на Mинистерството за дигитална трансформација.
На панелот учествуваа претставници од институциите, бизнис-секторот и граѓанското општество, кои се согласија дека Македонија има јасна стратегиска насока, но дека имплементацијата сè уште заостанува зад очекувањата.
Извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, нагласи дека дигитализацијата мора да значи целосно завршување на услугата онлајн, а не само формално присуство на Интернет.

„Дигитализацијата влијае и на граѓаните и на начинот на кој се обликува нашето општество. Затоа нашата работа во Фондација „Метаморфозис“ се темели на многу аспекти, но ќе издвојам два од нив – адаптација и учење. Граѓаните треба да се стекнат со дигитални вештини, кои ќе им овозможат безбедно да ги користат новите технологии и второ, работиме со институциите за новите технологии да се користат на начин од кој ќе имаме бенефит сите. Тука се фокусираме на работа – создавање стратегии, но и работа со институциите да ги дигитализираат податоците. Сега со вештачката интелигенција, податоците се горивото на целата дигитална трансформација и без стандарди не можеме да зборуваме за одржлива и безбедна дигитална трансформација“, истакна Јашари.
Тој потенцира дека националната стратегија за ИКТ дава јасни насоки за тоа, кон каде се движиме и истата има амбициозни цели.
„Во еден од приоритетите се вели дека услугите ќе се даваат по електронски пат, т. е. ќе се дигитализираат. Тие целосно треба да се дигитализираат. На веб-страниците на општините, тие се нудат само на ниво на онлајн формулар, кој потоа треба да се испечати, па да се оди да се однесе на шалтер. Целосната дигитализација значи работата да може да се заврши и тоа е работа на која сите треба да се фокусираме“, рече тој.
Друг аспект според Јашари, е отвореноста на податоците.
„Треба да се бираат податочни сетови кои се од голема вредност и за бизнисите и за граѓаните. Од нив треба да се направат нови услуги, а важно е во процесот на консултации со граѓаните да бидат прашани, кои услуги прво да се дигитализираат оти на тој начин тие ќе може да учествуваат во селекцијата за тоа, кои услуги да се дигитализираат. Во исто време и ќе учествуваат и во проценката на нивниот квалитет“, заврши Јашари.
Од аспект на технолошките решенија, директорот на „Некстсенс“, Васко Кроневски, посочи дека клучот на успехот е воведувањето на услуги од доверба и електронска идентификација, споредливи со „електронски пасош“ во дигиталниот свет. Тој нагласи дека секоја институција мора да биде одговорна за точноста на податоците што ги води и да помине низ сертификација за да стане „извор од доверба“. Според него, воспоставувањето на доверливи регистри и забрзувањето на платформите за интероперабилност се предуслов за меѓусебно признавање на трансакциите со ЕУ и интеграција на Македонија во европскиот дигитален пазар.
Претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓеорѓиевски, укажа на практичните проблеми со кои се соочува бизнис-заедницата, особено поради недостигот од човечки ресурси во институциите. Тој истакна дека компаниите и граѓаните сè уште мора физички да прибираат и нотарски да заверуваат документи од повеќе институции, што го забавува целиот процес.
„Со вистинска дигитализација, документите би се разменувале со еден клик, што би значело огромно олеснување за бизнисот“, рече Ѓеорѓиевски.
Сличен став изнесе и извршната директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска-Блажевски, која потенцираше дека дигиталното треба да биде стандард, па дури и единствен начин за добивање услуги.
„Ако аплицираме електронски, а чекаме 15 дена за одговор, тоа значи дека позадински процесите не се сменети. Мора да се оди кон целосна автоматизација“, нагласи таа.
Јашари: Податоците се горивото на целата дигитална трансформација 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-19 12:49:45 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

