Старите националистички митови како „Голема Албанија“, „Голема Србија“ и „Голема Грција“ одамна се истрошени и историски пропаднати, особено ако се земе предвид фактот дека Грција веќе е членка на Европската Унија. Наместо територијална експанзија, европската интеграција стана реалната рамка за политички и економски развој.
Во тој контекст, државите од Западен Балкан кои сè уште не се членки на ЕУ остануваат заробени во меѓусебни стравови и недоверба, што дополнително ги оддалечува од сопствениот развоен пат. Таквите наративи не градат иднина туку одржуваат вештачки конфликти и служат како алатка за внатрешна политичка мобилизација.
Оттука, се наметнува клучното прашање: кому му одговара оживувањето на овие одамна истрошени реторики во време кога сè повеќе млади луѓе го напуштаат регионот и ја бараат својата иднина токму во европските земји?
Селективно цитирање и етничка мобилизација во предизборниот дискурс
Во Северна Македонија, овој наратив е доминантен поради актуелната политичка ситуација и претставува еден од најлесно запалливите дискурси кога станува збор за поларизација, говор на омраза и поттикнување меѓуетнички тензии. Националистичките интерпретации брзо се активираат, особено кога изјави на политичари се пренесуваат половично, селективно и без поширок контекст.
Таков пример е изјавата на Али Ахмети од 24 септември 2025 година, во која тој предупреди дека доколку Северна Македонија не продолжи по патот кон Европската Унија, граѓаните би можеле да се соочат со избор да ја бараат својата иднина во други земји, дел во Албанија, дел во Бугарија. Во истата изјава, Ахмети експлицитно повика да не се поттикнува омраза, нагласувајќи дека не станува збор за територијални претензии, туку за реалноста дека Албанија и Бугарија се веќе членки на ЕУ, што не е комплетно точно.
Сепак, значителен дел од медиумите ја пренесоа оваа порака надвор од контекст, сведувајќи ја на сензационалистички наслов:
„Македонија ќе се подели – едни ќе тргнат со Албанија, а други со Бугарија“, при што изјавата беше претставена како предвидување или закана за распад на државата.
Со овој наратив често манипулираат и други политички актери повикувајќи се на стари, контекстуално издвоени изјави. Таков пример е објавата на пратеник од Левица во која се рециклира стар говор на Билал Касами прикажан како актуелна и програмска позиција.
Во објавата, на Касами му се припишува изјавата „Да ја направиме Македонија втора албанска држава“, без наведување време, повод или контекст, со што се создава впечаток дека станува збор за тековна политичка агенда. Ваквото селективно повикување на стар говор служи за вештачко оживување на стравови поврзани со „Голема Албанија“ и наводна албанизација на македонското општество.
Иако формално се негира албанофобијата, реториката е исполнета со етнички кодирани обвинувања, како „неоалбанизам“, „иредентизам“ и „македонофобија“, кои ја продлабочуваат меѓуетничката недоверба. Дополнително, преку вовлекување на ВМРО-ДПМНЕ, се конструира поларизирачки политички фронт каде етничкото прашање се користи како алатка за изборна мобилизација.
Кулминацијата на пораката е алармистичката теза дека со изборна поддршка на одредени партии Македонија ќе стане „втора албанска држава“ што претставува класичен пример на дезинформациски наратив базиран на страв, селективно цитирање и историски ревизионизам, а не на реални политички процеси.
Албанија, „Голема Албанија“ и ривалството Рама–Курти
Албанија како држава, особено во последните неколку години, очигледно не го поддржува проектот за „Голема Албанија“. За Тирана, се чини дека многу поголем приоритет е европската интеграција, регионалната стабилност и одржувањето добри односи со соседите и меѓународните партнери. Албанскиот премиерот Еди Рама јасно го поставува ова во својата политика: целта е завршување на преговорите со Европската Унија до 2027 година и постигнување полноправно членство до 2030 година. Евентуално територијално проширување не само што не е приоритет, туку и би ја загрозил оваа европска агенда и би ја вратил Албанија во старите националистички и конфликтни наративи на Балканот.
Дополнително, односот помеѓу Еди Рама и премиерот на Косово, Албин Курти, ја отсликува комплексната динамика на албанската политика на Балканот. Рама се позиционира како прагматичен лидер, фокусиран на стабилност и европска интеграција, додека Курти настапува поостро, со акцент на суверенитетот на Косово. Нивното ривалство се рефлектира и во внатрешната политика, создава прекугранична поларизација и го отежнува усогласувањето на владините политики. И покрај заедничката етничка основа, конфликтот покажува дека Албанија и Косово не се секогаш хармонични во приоритетите, нагласувајќи ја потребата од дијалог и компромис.
Наративот за „Голема Албанија“ е во конфликт и со дипломатските цели на Косово бидејќи ги поткопува суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот соживот како предуслови за меѓународно признавање и европска интеграција.
Примарната цел на Косово е целосно меѓународно признавање како независна и суверена држава и членство во меѓународни организации, вклучително и во ОН. Стремежот кон обединување со Албанија би сугерирал дека сегашната државност на Косово е само секундарна или привремена цел, потенцијално давајќи им кредибилитет на аргументите против неговата независна легитимност и играјќи во рацете на земји како Србија и Русија кои го оспоруваат неговото постоење.

Новинарот и раководител на програмата против дезинформации, Фитим Гаши, од „Сбункер“ посочува дека темата останува чувствителна и влијае на рамнотежата помеѓу националните симболички цели и реалните дипломатски потреби на Косово.
„Сепак, главното политичко раководство на Косово генерално избегнува официјално да го поддржи проектот „Голема Албанија“ од различни причини. Официјалните ставови и од Косово и од Албанија тврдат дека вистинското „национално обединување“ ќе се постигне преку процесот на пристапување на двете земји во Европската Унија, каде што границите во рамките на Унијата стануваат помалку значајни. Овој пристап се смета за побезбеден и помалку комплициран пат од територијалните промени“, вели Гаши.
Иако наративот за „Голема Албанија“ често се користи за внатрешна политичка мобилизација и служи на специфични политички агенди, реалноста е сосема поинаква. Државите од Западен Балкан, вклучително Албанија, Косово и Северна Македонија, се насочени кон европска интеграција како главен пат за стабилност, развој и регионална соработка.
Бојана Зориќ, аналитичар на политики во Институт на Европската Унија за безбедносни студии (ЕУИСС), нагласува дека сите наративи кои ја поткопуваат регионалната стабилност или ги доведуваат во прашање постојните граници се фундаментално некомпатибилни со процесот на интеграција во ЕУ.

„Институциите и лидерите на ЕУ постојано нагласуваат дека суверенитетот и територијалниот интегритет на сите партнери во процесот на проширување мора целосно да се почитуваат и дека секоја реторика или дејствија што ги оспоруваат овие принципи се неприфатливи. Покрај тоа, ЕУ постојано нагласува дека добрососедските односи во Западен Балкан се во сржта на пристапувањето. Според тоа, континуираните напори за поттикнување на регионалната доверба, одржување на стабилноста и избегнување на раздорни или ревизионистички наративи се неопходни за Албанија – како што се и за сите партнери од Западен Балкан – додека напредуваат по патот на пристапување во ЕУ“, вели Зориќ.
Балканот е во сложена позиција каде влијанието на надворешната политика и внатрешните слабости се испреплетуваат. Историјата и геополитичката конфигурација го прават регионот чувствителен на надворешни притисоци и интереси на големи сили, додека внатрешните проблеми, како корупција, слаб институционален капацитет, национализам и недоверба меѓу етничките заедници често ги продлабочуваат конфликтите и ја попречуваат економската и политичка стабилност.
Со други зборови, Балканот често страда и од надворешни манипулации, но истовремено и самиот си создава ограничувања преку несогласувања, стари националистички митови и политики кои не се ориентирани кон резултати и регионална соработка.
Балканот има потреба од политика која не се базира на национализам и страв, туку на конкретни резултати и економски развој. Политичките поени треба да се постигнуваат преку подобрување на животниот стандард, создавање работни места, модернизација на инфраструктурата и справување со системските проблеми како невработеност, корупција и слабата регионална соработка. Европската интеграција и соработката меѓу соседите нудат реална рамка за решавање на овие предизвици и градење стабилно, просперитетно и доверливо општество, каде национализмот и стравот повеќе не се алатки за политичка мобилизација. Балканот треба да излезе од менталитетот на жртва и да се насочи кон иднина, наместо да се врзува за истрошени националистички митови.
Пишува: Деспина Ковачевска
„Голема Албанија“ како политички фантом: Како националистичките митови се користат за изборна мобилизација на Балканот 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-19 12:53:09 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
