Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во текот на ноќта и претпладнето предизвикаа поплави и излевање на реки во Кичевскиот, Гостиварскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) во пресекот на состојбата до 12:30 часот.
Најсериозна е состојбата во Кичево, каде Зајашка река се излеа на улицата „Прилепска“ и зафати повеќе куќи. Извршена е евакуација на околу 180 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. На терен интервенираат екипи од полицијата, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби, а известени се локалната самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување. Организирана е достава на храна и вода за евакуираните со поддршка од Црвениот крст, а од Скопје се испратени дополнителни тимови со ќебиња, душеци и друга неопходна помош. Според досегашните информации, нема животно загрозени лица, но врнежите и понатаму се интензивни и состојбата внимателно се следи.
Од општина Кичево информираа дека „поради лошите временски услови и интензивните врнежи“, повторно настанале поплави кај ул. „Прилепска“. Според нив, погодени се околу 200 лица, и оние кои имаат потреба од времено згрижување ќе бидат сместени во спортската сала во Иванидол.
Од општината апелираат на смиреност, трпение и внимателност и препорачуваат да се избегнува движење низ поплавени улици и подрумски простории. „Доколку има ризик, исклучете електрична енергија во домовите“, додаваат оттаму.
Во Скопскиот регион, преку бројот 112 се пријавени повеќе случаи на поплавени дворови и подрумски простории во селата Идризово, Буковиќ и Зелениково, како и во населбата Радишани. Пријавите се проследени до надлежните општини, извршен е увид и се преземаат мерки за санирање на штетите. Директорот на ЦУК, заедно со претставници на Владата и локалната самоуправа, е на терен во општина Сарај, каде се координира институционалната реакција. Екипи од противпожарните служби вршат испумпување вода од поплавените објекти, додека ЈП „Водовод и канализација“ работи на стабилизирање на канализациската мрежа.
Во Гостиварскиот регион поплавени се куќи во селото Беловиште и во населбите Циглана и Бањечница, а во селото Балиндол е пријавен затрупан канал поради што се зафатени неколку домови. Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца и нивната мајка, по што биле известени противпожарната единица и полицијата. Поплавите се резултат на излевање на Сушичка река и затрупани канали, а планирано е ангажирање механизација за расчистување.
Во Тетовскиот регион е пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – село Ѓермо, поради што патот е блокиран за сообраќај. Од утринските часови е воведена и забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег. Засега нема значително зголемување на водостојот на реките во овој регион.
Надлежните институции информираат дека остануваат на терен сè додека состојбата целосно не се стабилизира, со цел заштита на населението и намалување на материјалната штета.
Обилни врнежи предизвикаа поплави во Кичево, Гостивар и Сарај, евакуирани 180 лица 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-15 13:17:19 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


