Меѓународен тим палеонтолози предводен од Пол Серено (Paul Sereno) од Универзитетот во Чикаго објави нов вид спиносаурус – Spinosaurus mirabilis, преку научен труд во реномираното научно списание Science на 19 февруари.
Трудот за нов вид на спиносаур со „кикиришка во вид на сабја“ („Scimitar-crested Spinosaurus species from the Sahara caps stepwise spinosaurid radiation“) е објавен по повеќегодишна анализа и научна рецензија, што претставува стандардна процедура пред официјално признавање на нов вид во палеонтологијата.
Иако фосилните остатоци биле откриени пред неколку години, резултатите не биле јавно претставени како нов вид сѐ додека не завршиле морфолошките споредби, анализите и процесот на стручна рецензија. Објавата во списанието Science е клучен чекор за верификација од независни експерти.
Фосилите биле првично пронајдени во 2019 година во централен Нигер, на тешко достапна локација во пустината Сахара. Тимот поддржан од Нешнал џиографик повторно се вратил во 2022 година за дополнителни ископувања, при што биле откриени нови делови од черепот и други анатомски структури кои овозможиле поцелосна научна анализа.
Според официјалната објава на Универзитетот во Чикаго, локалитетот во Сахара е меѓу најизолираните и логистички најсложени теренски наоѓалишта во регионот.
„Откритието беше толку ненадејно и зачудувачко што предизвика силни емоции кај членовите на тимот“, изјавил Серено опишувајќи го моментот кога тимот првпат ги анализирал новите фосилни остатоци. Универзитетот во Чикаго објави и снимки од моментите на откритието.
Во изјава за американската телевизија Еј-Би-Си, д-р Серено нагласил дека локалитетот не е значаен само поради новиот вид спиносаурус, туку и поради богатството од други фосили пронајдени таму, вклучително и риби кои најверојатно биле плен на овие граблици долги околу 12 метри. Рибите биле големи колку автомобил, долги околу 4 метри.
Според д-р Серено, подрачјето има потенцијал за уште многу откритија во иднина.
При двете експедиции, научниците соработувале со локалното население Туарези. Тие работат со властите на Нигер на воспоставување природонаучен музеј во главниот град Нијамек, кој го претставува природното наследството на земјата.
Во периодот Креда (од пред 145 до 66 милиони години), Северна Африка не изгледала како денешната пустинска Сахара. Големи делови од регионот биле покриени со плитки мориња, речни системи и делти поврзани со древниот океан Тетис. Морфологијата на спиносаурусите со издолжена муцка, конусни заби прилагодени за фаќање риби и карактеристики што упатуваат на движење во вода, укажува на полуводен начин на живот во плитки води и речни притоки.
Денешните фосилни наоѓалишта во Египет, Мароко и Нигер се наоѓаат во суви пустински региони, но карпестите слоеви во кои се пронајдени потекнуваат од поранешни морски и речни седименти. Со повлекувањето на морето, тектонските движења и милиони години ерозија, овие древни екосистеми се претвориле во денешниот пустински пејзаж.
Првиот вид од родот Spinosaurus – Spinosaurus aegyptiacus – бил опишан во 1915 година од германскиот палеонтолог Ернст Штромер (Ernst Stromer) врз основа на фосили од Египет. Оригиналните примероци биле уништени при бомбардирање за време на Втората светска војна што со децении ја ограничувало можноста за подетална реконструкција на овој род.
Подоцнежните откритија во Северна Африка овозможија нови анализи и ревизии на перцепциите на нивниот изглед, познати по своевидно „едро“ на грбот.
Палеонтологот Низар Ибрахим од британскиот Универзитет во Портсмут во 2008 година, идентификувал примероци на фосили од спиносаурус во Мароко што го поттикнале да организира теренски истражувања во Сахара. Во 2014 година, тој и неговиот тим објавија студија што укажуваше дека Spinosaurus aegyptiacus бил прилагоден на полуводен начин на живот. Подоцнежните експедиции, особено меѓу 2015 и 2019 година, доведоа до откритија на дополнителни фосили, вклучително и опашка со карактеристики што укажуваат на движење во вода, што дополнително ја зацврсти хипотезата за неговата адаптација на водена средина.
Геолошките истражувања покажуваат дека во мезозоикот делови и од денешна Македонија биле покриени со плитки мориња поврзани со океанот Тетис. Морските седименти и фосилите од морски организми во земјата сведочат за таквата палеогеографија. Кај нас досега се пронаоѓани главно фосили од морски без’рбетници, како амонити, белемнити и морски школки. Сепак оваа геолошка историја остава можност дека во иднина би можеле да се откријат и други остатоци од древниот живот во некогашните плитки води и крајбрежни екосистеми.
Популарноста на спиносаурусот значително порасна по неговото појавување во филмската франшиза „Паркот јура“ (Jurassic Park), каде што во одредени продолженија е прикажан како сериозен конкурент на тираносаурусот (Tyrannosaurus Rex). Иако филмските интерпретации често ја нагласуваат драматичноста, научните сознанија за овие диносауруси се темелат на теренски истражувања, детални морфолошки анализи и објавување во рецензирани научни списанија.
Сепак, спиносаурусите и тираносаурусите живееле во сосем различни временски периоди и животни средини и веројатноста дека се среќавале е речиси непостоечка. Спиносаурусите живееле во текот на средината на периодот Креда, пред 95-100 милиони години, додека тираносаурусите во доцната Креда, пред 66-68 милиони години.
Преку истражување на фосили во Сахара откриен е нов диносаурус – Спиносаурус мирабилис 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-24 10:02:30 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


