
Македонски бранител од конфликтот во 2001 година со воен инвалидитет, корисник на право на постојана нега и помош, со две малолетни деца повеќе од 15 години чека одлука од надлежните институции за станбено решение. Во 2003 година, на бранителот му бил доделен привремен монтажен објект кој бил уништен по поплава во 2008 година, а од тогаш на семејството не му е доделено нов објект за вселување.
И покрај уставно загарантираните права, извршените инспекциски надзори и укажувањата од Народниот правобранител, институциите сè уште немаат донесено одлука, ниту дале образложение зошто лице со ваков статус и неговото семејство се оставени без решение.
„Во 2003 година ни беше даден привремен монтажен објект, барака. По поплавата во 2008 година, таа барака стана руинирана, небезбедна и невселива. И самото АДССДП (Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор) во своите одговори потврди дека објектот е во многу лоша состојба, руиниран, запуштен, со искршени врати и прозорци, обраснат со трева и без услови за живеење, а дека не носи одлуки за доделување станови, туку тоа е надлежност на Комисијата за станбени прашања. Тоа значи дека АДССДП знае дека објектот не е за живеење, а Комисијата знае дека мора да одлучи. И сепак решение нема“, објаснува за Мета И.М, сопругата на воениот инвалид.

Случајот е наведен во годишниот извештај на Народниот правобранител за 2025 година. Таму се објаснува случај на лице со 100 отсто воен инвалидитет, корисник на постојана нега и помош, со семејство и малолетни деца, кое повеќе од 15 години чека одговор од Комисијата за да му се обезбеди соодветно, безбедно и трајно сместување. Во истиот извештај се наведува дека и покрај интервенциите и ветувањата дека предметот ќе биде разгледан, до крајот на 2025 година тоа не било сторено. Народниот правобранител изречно укажува и дека Комисијата во вакви случаи најчесто дава формални одговори наместо вистинско решавање.
„Имено, ова лице при настанатата поплава во село Стајковци во 2008 година каде државата му доделила времена монтажна барака останал без домот и оттогаш иако е изминат подолг временски период сé уште не може да си го реши станбеното прашање по што се наметнува дилемата како државата се грижи за оваа категорија на лица кои спаѓаат во таканаречената ранлива категорија за која треба посебно да се води сметка“, стои во извештајот од Народниот правобранител.
За овој проблем, од страна на Народниот правобранител бил доставен и посебен извештај до претседателот на односната комисија, но и покрај одговорот дека прашањето ќе се разгледа на првата наредна седница, сепак до крајот на годината тоа не беше сторено.
Недоследности биле утврдени и од Државниот управен инспекторат. Од таму посочуваат дека и по барање доставено на 16.12.2024, дополнето со сите докази до 14.02.2025, Комисијата не постапила и дека предметот не бил ставен на дневен ред.
„Тоа значи дека не само што нема одлука туку службено е утврдено дека по предметот не било ни одлучувано. И по овој инспекциски наод, наместо конечно решение добиве само ново известување за статус. Најтешкиот дел е што паралелно со овој молк, државата дозволила или одржувала и извршни постапки за закуп за нешто што не е дом, туку руинирана барака. За нас тоа не беше само постапка. Тоа беше понижување“, посочува И.М.
Таа објаснува дека тие извршувања не оделе врз споредна сметка туку врз нејзината единствена сметка на која прима воена инвалиднина и сродни примања.
„Откако ќе укажеме дека станува збор за примања по основ на воена инвалидност, сметката била деблокирана но претходно сме плаќале и трошоци за блокада и деблокада без своја вина. Тоа е удар врз достоинството на човек кому државата по Устав треба да му даде заштита, а не да му ја одзема и последната сигурност“, вели И.М.
Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили предвидува дека воените инвалиди имаат право на приоритет при добивање стан под закуп, на неопределено време и со повластена закупнина.
Фамилијата има добиено писмен одговор од АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје во 2015 година дека слободни станови во државата нема.
Според сопругата на воениот инвалид, АДССДП има евиденција за залиха на станови, но тоа го негираат од претпријатието.

Од акционерското друштво за Мета.мк велат дека нема јавно достапен регистар каде може да се види колку станови се достапни.
„Оваа евиденција не претставува јавно достапен регистар, туку по потреба и по барање се доставува до надлежните институции, кои во рамки на своите законски надлежности одлучуваат за распределба на становите. АДИССДП стопанисува со станбен фонд во државна сопственост, при што намената на конкретните станови не е однапред фиксно утврдена, туку врз основа на одлуки и решенија донесени од комисијата за станбени прашања при Влада на РМ. Во тој контекст, становите можат да бидат доделени на различни приоритетни категории, во зависност од важечките политики, донесените одлуки и конкретните постапки за распределба“, велат оттаму.
Објаснуваат и дека евиденцијата на станбениот фонд не претставува фиксна категорија, туку систем кој континуирано се менува во зависност од правните, фактичките и социјалните околности.
Поради тоа не може да издвојат периоди во кои Друштвото во целост не располагало со станови.
Во меѓувреме, од Владата за Мета.мк изјавија дека постапката е во завршна фаза и дека се чека одржување на наредна седница на Комисијата за станбени прашања.
„Постапката е во завршна фаза. Информирани се сите институции и од нивна страна се доставени сите неопходни документи. Во моментов се очекува одржување на седница на Комисијата за станбени прашања на која ќе се разгледа предметот и ќе се донесе конечна одлука. Постапката се водеше согласно законските процедури, со вклучување на сите надлежни институции и разгледување на сите релевантни аспекти, со цел да се донесе издржана и правична одлука.“ одговорија од Влада.
И.М вели дека не бара привилегија ни политика, тука конечна одлука.
„Барам само тоа што ми следува по Устав и по закон: конечна, писмена и образложена одлука, донесена итно, законито и достоинствено“, вели таа.
Државата знае, но не одлучува – семејство на воен инвалид 15 години чека одлука за домување 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-29 08:42:32 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


