
Додека руските државјани ги чуваат заштедите во Алта банка во Србија и се соочуваат со неизвесност по одземањето на нејзината дозвола, во Македонија се шират тврдења за наводни милионски трансфери кон Русија и земјава, кои Народната банка ги демантираше. Што е потврдено за деловните врски на Давор Мацура, руските клиенти и финансиските текови, а кои наводи останаа без докази?, пренесува Вистиномер.
Пишува: Мирослава Симоновска
Народната банка на Србија ја одзеде дозволата на Алта банка АД Белград. Според соопштението објавено на страницата на НБС, утврдено е дека во претходниот период финансиската состојба на банката значително се влошила и има можност за влошување на ликвидноста на банката и дека се загрозени интересите на депонентите во неа. Непосредно после ова во Србија беше извршен претрес во банката и беше приведен нејзиниот сопственик Давор Мацура. Тој според Обвинителството за гонење организиран криминал на Србија е осомничен дека неовластено се стекнал со 383 милиони евра од трезорот на банката, а две други лица се осомничени дека му ја давале картичката за да влезе во него. Мацура се наоѓа во 30-дневен притвор, а во текот на сослушувањето пред обвинител ги негирал сите обвинувања.
Речиси истовремено Народна банка на Црна Гора соопшти дека ја одзела дозволата на Алта пеј груп ДОО Подгорица, напоменувајќи дека таа не е банка, не прима депозити на граѓаните и бизнисите и нема влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Медиумот „Вијести“ пишува за тоа дека на Давор Мацура му бил оневозможен влез во Црна Гора на 14 октомври годинава со образложение за „закана по националната безбедност“, на што следеле дописи од адвокатска канцеларија која го застапува до сите црногорски власти.
Бараме забраната за влез да биде отстранета веднаш и на господинот Мацура да му биде дозволено слободно влегување во Црна Гора или авторизирани претставници на Владата на Црна Гора да се сретнат со него и неговиот правен застапник на неутрална локација за да се реши овој проблем, пишувало во писмото што го цитира „Вијести“.
Во известувањето на реномираниот „Фајненшал Тајмс“, пак, беше посочено дека Алта банка претставувала финансиска институција што пружала услуги на многу руски државјани и компании во Србија по воената инвазија врз Украина, поточно дека руските државјани ја користеле за трансфер на пари и отворање лични и деловни сметки бидејќи била една од ретките банки во Србија подготвени да пружаат услуги на руски физички и правни лица.
По руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година и последователните санкции кон Русија, Србија стана една од дестинациите за руските граѓани кои ја напуштија земјата. Во тој период „Алта банка“ во Србија се позиционираше како една од ретките финансиски институции што овозможуваа отворање сметки и користење банкарски услуги за руски државјани и компании. Според БИРН Србија, оваа достапност ја направила банката особено популарна меѓу руските доселеници, од кои значителен број ги чувале своите заштеди токму во неа.
Состојбата со одземањето на дозволата на Алта банка АД Белград, во Северна Македонија беше пречекана со одлука на Народната банка, која воведе привремена администрација врз АЛТА банка АД Битола, како што наведоа – со цел средствата на клиентите да останат на нивните сметки, а имотот на сите штедачи да бидат заштитени додека да се промени сопственоста на банката. За физичките лица неделниот лимит за подигање на средства е ограничен на 10 илјади денари, внатрешните плаќања од сметките се со неограничен износ, а правните лица ќе може да извршуваат само внатрешни плаќања од своите сметки кон сметките на други правни и физички лица во рамките на Банката во неограничен износ.
Демантирани наводи за трансфер на пари во С. Македонија
Пред да ѝ биде одземена дозволата на Алта банка АД Белград, се појавија наводи што во тоа време беа недокажани и непоткрепени, за наводен трансфер на пари од банката во Србија во странство, поточно во Северна Македонија и во Русија. Опозициската СДСМ преку прес-конференција на Андреј Жерновски обвини за префрлување на 50 милиони евра од Србија во Македонија. Оваа информација ја демантираше гувернерот Трајко Славески.
Вкупните одливи на средства од АЛТА банка АД Битола кон Србија по 26 октомври изнесуваат околу 180 илјади евра, додека приливите од Србија во земјава во истиот период изнесуваат околу 16 илјади евра. Станува збор за редовни трансакции на клиентите на банката поврзани со нивното работење, меѓу кои и плаќања за увоз на стоки. Не се евидентирани милионски трансфери, ниту податоци што би ги потврдиле тврдењата за такви одливи и перење пари, изјави тој во интервју за „Телма“.
Постоеше барање за проверка на наводите дека наводно биле пренесени поголеми суми пари од Србија во земјава, но тоа не е доказ дека такви трансфери навистина се извршени.
Наводи за милијарди на ЕПС во Алта банка – исто демантирани
„Електропривреда“ Србија, објави демант на дезинформации претходно пласирани во јавноста дека Алта банка заработувала провизија на сите уплати за електрична енергија. Оттаму објавија дека во моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка на својата сметка имале помалку од 0.5 проценти од вкупниот месечен прилив од плаќања за електрична енергија.
Апсолутно неточни се наводите дека граѓаните со посредство на ЕПС „влеале“ милијарди динари или дека ЕПС на сметките во Алта банка држел 426, 460 или 479 милијарди динари. Износите кои се споменуваат во јавноста претставуваат вкупни годишни приходи на ЕПС, а не средства кои во кој било момент се наоѓале на сметките на компанијата во Алта банка или која било друга банка, наведоа оттаму во соопштението.
Кој е Давор Мацура?
Давор Мацура е српски бизнисмен, роден во Риека, Хрватска, кој во изминатите години изгради деловна групација со интереси во банкарството, платежните услуги, недвижностите и трговијата. Неговата деловна кариера започнала во 2008 година со менувачница во Белград, а во 2014 година ја основал компанијата „Алта“, која постепено прераснала во групација со повеќе компании и значителен капитал.
Алта банка е дел од Алта групацијата, деловен конгломерат кој работи во неколку различни сектори. Еден од нив е секторот за угостителство и хотелиерство, за што групацијата добива државни субвенции за развој на хотели. Покрај тоа, „Алта“ неодамна навлезе и во секторот за малопродажба, преку преземањето на компанијата „Идеа маркети“ (Idea Marketi) од страна на нејзината ќерка-фирма, „Алта ритејл“ (Alta Retail). „Алта“ се прошири и во секторот за недвижности. Планирана е изградба на голем објект – висококатница наречена „Алта кула“ – на локацијата на поранешната „Јубмес банка“ во Блок 32, која „Алта“ ја презема. Дополнително, групацијата развива голем градежен проект што опфаќа станбени објекти на локацијата на поранешната фабрика за трактори „ИМТ“ во Нов Белград, пишува Форбс Србија.
Во Србија, неговата деловна групација во последните години бележела значителен раст, вклучително и преку соработка со државни претпријатија, инвестиции во недвижности и проширување во трговскиот сектор. Мацура во јавноста беше поврзуван и со политички кругови блиски до досегашната власт на Александар Вучиќ, а неговите деловни активности и потеклото на капиталот беа предмет на медиумски истражувања и регулаторно внимание.
Деловното присуство на Мацура во Северна Македонија се прошири во 2025 и 2026 година, кога неговата „Алта група“ влезе во банкарскиот и осигурителниот сектор, а потоа и во недвижностите. Во октомври 2025 година, српската „Алта банка“ го презеде мнозинскиот удел во Стопанска банка Битола, која денес работи под името „Алта банка АД Битола“.
Во 2024 година, Алта група на Мацура се најде под лупа на Европската централна банка (ЕЦБ), откако се обиде да стекне 20-процентен удел во австриската „Адико група“ (Addiko Group) преку две поврзани фирми, со цел да избегне обврска за добивање одобрение од Европската централна банка. ЕЦБ го откри тоа и ја стопираше зделката. Исто така, банката изрази сомнежи во однос на контролите за спречување перење пари, како и во врска со потеклото на средствата во деловната мрежа на Мацура.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-11-09 02:11:33
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

