
Во пресрет на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Мрежата за заштита од дискриминација, Националната мрежа за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно
насилство и Платформата за родова еднаквост упатуваат јавен повик до Владата, Собранието, надлежните институции, меѓународната заедница и сите политички чинители оваа година да го променат пристапот кон одбележувањето на кампањата.
„Во година во која се случија седум фемициди, сметаме дека е недозволиво институциите повторно да организираат конференции, свечености, панели и промотивни активности на кои ќе зборуваат за постигнатите успеси, додека жените продолжуваат да бидат убивани, дури и во случаи кога насилството претходно било пријавено. Затоа, повикуваме на мораториум на сите протоколарни и промотивни настани во рамките на кампањата „16 дена активизам“ и бараме овие 16 дена да бидат искористени за конкретни политички одлуки, институционална одговорност и обезбедување средства за вистинска заштита на жените“, велат организациите.
Наместо осветлување на институциите во портокалово, бараат институциите да покажат дека ја разбираат сериозноста на состојбата преку конкретни дела, одлуки и преземање одговорност, со шест конкретни барања:
1. Итно усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, поднесени на 26 август во Собрание најдоцна до 10 декември 2026 година.
2. Финализирање и усвојување на пакетот измени на осум закони, за кои беше формирана работна група во април 2026 година, меѓу кои Законот за полиција и Законот за семејство, кои треба да обезбедат поефикасна институционална заштита и подобра координација меѓу полицијата, социјалната заштита, правосудството и другите институции.
3. Обезбедување конкретни буџетски средства во Буџетот за 2027 година, вклучително и најмалку 200 милиони денари за специјализирани услуги за заштита и поддршка на жртвите на насилство и превентивни програми за третман на сторителите.
4. Усвојување и јавно објавување на заклучоците од собраниската надзорна расправа за родово базираното насилство, со конкретни институционални задолженија, рокови и механизми за следење.
5. Повлекување на регресивните измени во: законите за основно образование и учебници за основно и средно образование усвоени во април 2025, упатството за заштита од насилство во основно образование (усвоено јули 2025) и програмата за сексуално образование, со кои е ослабена заштитата од дискриминација, родовата еднаквост и превенцијата од родово базирано насилство, како и враќање на сексуалното образование.
6. Итно утврдување индивидуална и институционална одговорност за сите случаи на фемицид, вклучително и последниот случај со 17-годишната девојка од Богданци. Бараме независни проверки на постапувањето на надлежните институции и конкретни последици за утврдените пропусти.
Со истите барања и со повик за конкретна поддршка се обратиле и до амбасадите на развиените европски демократски држави во Северна Македонија, Делегацијата на Европската Унија, агенциите на Обединетите нации, ОБСЕ и претставниците на меѓународната заедница. Од нив бараат да го искористат својот политички авторитет за да поттикнат исполнување на овие барања, јавно да ги поддржат, да побараат конкретни одговори од Владата и Собранието и да го следат напредокот во нивното спроведување.
Упатуваат посебен повик до жените од сите политички партии, пратеничките, градоначалничките, претседателките и членките на општинските совети, без оглед на нивната политичка припадност, да се приклучат кон барањата и активно да се заложат за нивно исполнување.
Предложениот мораториум не значи прекин на граѓанскиот активизам.
„Напротив, ги поддржуваме протестите, маршевите, локалните иницијативи, културните активности и активностите на младите, училиштата и организациите кои обезбедуваат директна поддршка за жените. Она во кое нема да учествуваме се настани, конференции, свечености и протоколарни настани, организирани од институции кои досега имаа само заложби, а ниту едно конкретно исполнување. Особено повикуваме на поддршка на граѓанскиот протест најавен од Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“, за 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, како и на сите други автентични граѓански иницијативи“, стои во соопштението.
Шест барања до институциите за заштита на жените од насилство 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-11-18 01:55:15
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

