Економски раст ќе забрза, инфлацијата ќе забави. 2026 според буџетското “сценарио“ на Власта ќе биде успешна година – зголемена наплата на приходи, дисциплинирани расходи, износ на капитални инвестиции поголем од “дупката“ во буџетската каса пишува Порталб. Според економистите, следната година треба да биде година во која ќе се испорачаат видливи резултати.
“2026-та ќе биде година во која ќе се види дали стабилизацијата ќе се претвори во вистински напредок. Инфлацијата би требало постепено да се намалува, а растот може умерено да забрза ако започнат клучните јавни инвестиции и ако надворешното окружување остане стабилно. Но, тоа е можно само под неколку услови: доследна фискална политика, подобра реализација на инфраструктурни проекти, поголема предвидливост во регулативата и задржување на монетарната стабилност како централен приоритет,“ изјави за Порталб економистот и универзитетскиот професор Синиша Наумовски.
“Доколку овие услови се исполнат, 2026-та може да биде година на реална консолидација и постепено забрзување на економија. Ако не — ризикуваме повторно да се движиме со истата инерција, недоволна за суштинско подигање на животниот стандард. Надворешни ризици – зависност од германската економија, геополитички тензии, можни нарушувања во синџирите на снабдување,“ додава Наумовски.
2026 та за граѓаните започнува со поскапена електрична енергија, и тоа за сите блокови и за двете тарифи, скапата и евтината. Пациентите од 1 ви јануари плаќаат поскапа здравствена партиципација од 33 до скоро 50 отсто. Оваа 2026 та ќе биде неизвесна и за земјоделците – се прелеа проблемот со запрените исплати на средства од ИПАРД 3 програмата поради корупциски скандал во врвот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство а ќе чекаат да им се исплатат заостанатите субвенции и средства по основ на други мерки.
Во најава – големи планови за реални инвестиции
Во новата економска година капиталните инвестиции се проектирани на 640 милиони евра – и тие треба да бидат столбот на економскиот раст, велат економистите.
“Клучен предизвик за нас, овие глобални случувања, е поголемо искористување на глобалните текови на капитал, преку инвестиции. Дел од овие текови се и пари од ЕУ и нејзините институции и банки, што е важна, ако не и клучна задача за Владата. Добро е што се започнаа крупни инфраструктурни проекти во транспортот (железницата) и сметам дека треба и мора да бидеме уште по амбициозни, по „гладни“ пред ЕУ за нови. Ако се успее во навремена и целосна реализација на започнатите проекти, растот на БДП ќе стане одржливо висок (зборувам над 4%) што за релативно краток период од година до две ќе биде и многу видлив за граѓаните“ – вели за “Порталб“ економистот Јован Деспотовски .
Во 2026-та најавен е почеток на мега- инвестиции во патната и железничката инфраструктура но и завршување на веќе почнатите проекти. Така оваа година , според последните најави, треба да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој почна да се гради во 2014 година.
Во оваа 2026-та се прелеа синдикалната битка за поголем пораст на минималната плата – законско усогласување во износ од 1 500 до 1600 денари ќе се случи во март. Приватниот сектор очекува стабилна и предвидлива бизнис – клима. Економистите велат дека потенцијал за инвестирање има.
“Втор приоритет е зафаќање на капиталните текови во приватна сфера. Тука се странските инвестиции, но и домашните компании и капитал. Податокот дека имаме 10 милијарди евра депозити на граѓаните и економијата во банките едноставно мора да се искористи. На пример, да се размисли за воведување на гаранции за „мали“ вложувања на граѓаните во инвестициски фондови кои пак инвестираат не во акции и обврзници на светските берзи, туку во развој на домашните компании. Ако со ваква една мерка се „ослободат“ 50, 60 милиони евра за почеток, тогаш со добри резултати ефектот само ќе се засилува. Впрочем, Македонија нема секако да биде прва во Светот што го прави ова, но секако ќе биде пионер во регионот, од кој ќе можат да учат и останатите“ вели Деспотовски.
Сепак вкупните економски текови ќе бидат условени и од надворешните влијанија, воените конфликти, протокот на стоки и услуги во глобални рамки, царинските и тарифните политики на САД, економската состојба на нашите најважни трговски и инвестициски партнери.
АНАЛИЗА: 2026 треба да биде година на економски резултати, да се види ветуваниот напредок 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-08 10:00:15 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право





