Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави извештај за ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) за 2024 година, при што се констатирани големи неправилности и слабости во работењето.
Ревизорите утврдиле дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, додека седум од вкупно 16 зони, на површина од 203,5 хектари, како и една индустриска зона од 3,2 хектари, не се ставени во функција и не се дадени под закуп.
Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики на сметката на основен буџет и мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики за 2024 година на сметката на буџет од самофинансирачки активности.
Со ревизијата е утврдено дека инвестициите во тек извршени во зоните во износ од 4.243.216 илјади денари односно 68.995.382 евра сè уште се водат како материјални средства во подготовка и за истите не се пресметува амортизација иако во најголем дел се ставени во употреба. Како причина за ваквата состојба е тоа што не се исполнети условите и законските решенија за добивање на одобрениja за употреба.
До крајот на 2024 година не била донесена тригодишна инвестициона програма како долгорочен документ за планирање на активностите на ДТИРЗ. Истата е донесена во декември 2024 година и се однесува за период 2025 – 2027 година.
Ревизијата укажува и на сериозни слабости кај склучените договори за изградба на објекти по принцип „клуч на рака“. Договор вреден 1,781,800 илјади денари (28,972,357 евра) за ТИРЗ Скопје 1 и 2, Штип и Прилеп бил склучен без анализа на трошоци и придобивки, без физибилити студија и без целосна проектна документација. Исплатен е аванс од 20% (302,000 илјади денари / 4,910,569 евра). Договорот не содржи јасно дефиниран начин на плаќање за проектната документација, што создава правна несигурност и финансиски ризик.
Во ТИРЗ Штип, административен објект, потпорен ѕид и пристапна улица се изградени без целосна проектна документација и дозвола за градење, што е спротивно на Законот за градење.
Во ТИРЗ Гевгелија, и покрај реализираниот договор за консултантски услуги, клучните активности за избор на партнер и склучување договор за јавно-приватно партнерство (ЈПП) не се реализирани, што укажува на несоодветно користење на буџетски средства.
Ревизијата утврдила дека поради поставени ограничувачки и дискриминаторски технички и квалификациски критериуми била доставена само една понуда. Објавените два јавни повици за избор на партнер за ЈПП во 2023 и 2024 година биле поништени бидејќи не била доставена ниту една понуда. И покрај тоа што договорот е реализиран во вкупен износ од 33.088 илјади денари, односно 85% од вредноста на договорот, клучните активности од проектната програма поврзани со избор на партнер и склучување договор за ЈПП не се реализирани, што укажува на несоодветно користење на буџетските средства.
Во септември 2023 година ДТИРЗ склучила рамковна спогодба за промоција на странски директни инвестиции, маркетинг и изработка на промотивни материјали со два економски оператори во износ од 15.340 илјади денари за период од две години, која со анекс од февруари 2024 година е зголемена за дополнителни 2.950 илјади денари, односно вкупно 18.290 илјади денари (зголемување од 19%).
Во 2023 и 2024 година преземени се обврски во вкупен износ од 16.862 илјади денари. Ревизијата утврдила дека дел од услугите поврзани со организирање на настани се извршувале и покрај тоа што во ДТИРЗ постои Сектор за маркетинг и комуникација, а поради невоспоставени индикатори за мерење на ефектите не се уверивме во потребата и ефектите од извршување на предметот на договорот.
ДЗР: Не функционираат речиси половина од технолошко-индустриските развојни зони 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-14 09:49:03 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

