Организирање на првата конференција за Гејм Дизајн од светски размери, издадени три големи игри, документарец за игра, неколку Гејм Џемови со повеќе од 30 изработени игри, повторно организирање на најголемиот Е-Спорт настан во Македонија А1 Гејм Фест 2025. И дополнително, формирање на првата организација што ги пласираат перспективите и присуството на жените во гејминг индустријата позната како „Гејм Дивас“. Македонија изминатата 2025 година на гејм дизајн полето и гејминг индустријата ги направи своите најголеми успеси и чекори. Во 2025 година работите што се случуваа одвреме-навреме, почнаа да личат на екосистем што се гради со примери, со големи собири и со нови појавени лица кои ја туркат приказната напред.
Долго време домашната гејм-дизајн сцена повеќе беше приказна со потенцијал отколку приказни со резултати. Три видеоигри, од која едната се чекаше со години, од неколку аспекти, со една од главните причини дека го носи името на главниот град на државата „Skopje ’83“. Другите две се тотално „инди игри“ направени од ентузијасти од своите домови, креирани со многу љубов и страст за правење на видеоигри. Играта „Shtrek“ платформер креиран од само еден човек, и „Chasmal Fear“ направена од двајца браќа од Охрид кои се и првите луѓе што направија гејминг документарец за својата игра.
„Shtrek e мојата прва игра што ја имав направено сам, не за некое студио. Не знаев точно во што влегувам во моментот кога почнував. Крајниот продукт што мојата игра може да се најде на Steam е неописливо, но сепак за следна игра би размислил дали би ја пласирал повторно сам или со помош на издавач“, вели Бојан „Крапверк“ Николов за Мета.мк.
Од Македонија е многу тешко да се издаде игра на кој било начин и на која било платформа. Проблемите се подеднакви, доколку барате издавач што сакате да бидете под нивно водство и тој да ви ја пласира играта, или ќе одите низ целиот процес самите да ја пласирате својата игра на сите платформи. Мислењата се целосно поделени од тоа дали луѓе сакаат да останат целосно „Инди“ или би сакале да бараат помош од издавачи.
Долги и тешки години на чекање и правење имаат резултат на огромен успех
Игра почната само како идеа од неколку луѓе од инди тимот на „Dark-1“, редок гејминг продукт поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, и подоцна целосно поддржана од светски издавач „PM Studios“ е пример како финалниот резултат има огромен успех.
Skopje ’83 е редок момент кога Скопје не е само заднина, туку идеја. Играта го зема градот и го претвора во алтернативен свет со естетика од стрип, и целта е да го спасите градот во рок од 7 дена. Во таа мешавина, ’83 не е само бројка во наслов, тоа е сигнал дека авторите не бегаат од локална атмосфера туку ја користат како потпис“.
За домашната индустрија, важна е практичната страна од играта дека ова е проект што поминал низ многу патеки и стигнал до целосно издание на големи платформи, со издавач. И најважно, игра со целосна локализација што вклучува македонски јазик. Ова е првата игра што има излезено од Македонија каде што можат да се најдат музика на македонски јазик како химната на „Златно Славејче“, песни на Игор Џамбазов, но и гласовни актери коишто се од Македонија, иако зборуваат на англиски за да ги разбираат сите.
Првата конференција за Гејм дев во Македонија од светски размери
Во далечната 1988 година познатиот гејм дизајнер Крис Крафорд решава дека ќе ја организира првата конференција која тогаш била позната како „Конференција за развивачи на компјутерски игри“, во својата дневна соба. Како поминуваа годините конференцијата станува „Game Developers Conference (GDC)“ што денес е најголемата конференција со преку 1000 говорници од 100 земји, и над 30.000 посетители.
Насекаде низ светот има Гејм дев конференции што се познати од сите дизајнери кои секоја година се борат да стигнат на тие места и да ги пласираат своите игри. Затоа во Македонија во 2025 година официјално се направи првата Гејм дев конференција позната како „Game Dev Rev“.
Со повеќе од 40 говорници на три панели симултано, над 30 штандови со прикажување на инди игри од земјава и регионот, и вмрежување со едни од највлијателните луѓе од гејминг индустријата, во Македонија се случи светски настан. Посетителите можеа да ги слушнат говорите на лица како Кејт Едвардс која во гејминг индустријата е повеќе од 35 години и се бори за мали земји како нашата да излезат повеќе на мапата. Дополнително говорниците беа луѓе од PlayStation, Atari, Unity и многу други.
Со оваа конференција официјално станавме и членка на Европската Федерација за развивање на игри коишто во голема мера ќе им помогне на сите гејм дизајнери своите игри полесно да ги пласираат на сите платформи.
Пласирање на жените во Гејминг индустријата преку „Гејм Дивас“
Со помош на „Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри“ (Macedonian Games Industry Association), во Македонија се формираше организацијата позната како „Game Divas“ (Гејм Дивас) што ги пласира перспективите и присуството на жените во гејминг индустријата. Организацијата го формираше проектот „Game Divas: Empowering Women in the Gaming Industry“ со регионалните партнери од Западен Балкан.
Со финалниот панел „Game Divas“, одржан во Скопје во рамки на Game Dev Rev 2025, беше најавено дека индустријата во текот на наредните години ќе претпри големи промени. Во светски познатите студија, статистиките покажуваат дека 25 отсто од сите вработени се жени, според Европската Федерација за развивање на игри.
Во Македонија таа бројка е помала. Главната причина е што нема многу студија за гејм дизајн, но нема ни многу жени што работат на инди игри. Со помошта на Гејм Дивас работите треба да се променат. Треба да започнат да се формираат и студија каде што Извршни директори ќе бидат жени, но и многу повеќе жени како гејм дизајнери.
Во 2026 година логично е очекувањата да бидат повисоки, затоа што 2025 веќе постави темпо и креираше еден скелет за како треба да се прават работите. Ако првата Game Dev Rev успеа да донесе силна посетеност и да го спои локалниот талент со регионални и меѓународни контакти, следниот чекор е природен да биде поголемо.
„Јас сè уште не можам да опишам што направивме со ланската конференцијата и сите работи што ги направивме со МГИ. Исто така сè уште не можам да зборам убаво за сите работи што ги спремаме за следнава година и годините што следат, но можам да кажам дека со тоа што ги поминавме детските болести, повеќе можеме да возиме колку сакаме. Доаѓа Гејм Џем Скопје 2026, ја најавивме следната Гејм Дев Рев конференција, наше е само да ги мотивираме и поттикнуваме гејм дизајнерите да прават игри. Нормално мотивираме и со зборови но и со финансии“, вели за Мета.мк Гораст Цветковски, претседател на Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри.
Изминатата година беше најуспешната досега за македонската гејм-дизајн индустрија 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-13 10:05:39 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

