Туристичкиот центар „Попова Шапка“ поминува низ уште една мрачна сезона, а причината е тоа што сè уште нема ништо конкретно од ветувањата и најавите на властите за странски инвестиции. Не е потпишан никаков договор со Италијанците.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кога беше во опозиција, пред шест години протестираше против уништувањето на Попова Шапка. Меѓутоа, откако стана министер, во мај 2025 година тој објави дека со претставници од Саудиска Арабија разговарал за инвестиции во Попова Шапка.
Меѓутоа, во оваа насока засега нема ништо конкретно, ниту договор, ниту инвестиции на терен.
Запрашани за ова, од Министерството за економија и труд за Порталб.мк изјавија дека се водат разговори со сериозни и реномирани странски инвеститори за развој на овој туристички капацитет, со цел Попова Шапка да се претвори во еден од најголемите и најсовремените туристички центри во регионот, па дури и пошироко во Европа.
„Процесот е во тек и се одвива во неколку фази, при што актуелно се утврдуваат главните детали за можните договори. Станува збор за сложени и капитални инвестиции од голем обем, кои бараат време и внимателна подготовка, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој“, соопштија од Министерството за економија.
Од таму додадоа дека во рамките на разговорите се разгледува поширок концепт за развој на Попова Шапка, вклучувајќи и значително проширување на скијачките капацитети, подобрување на инфраструктурата и создавање на услови туристичкиот центар да функционира во текот на целата година.
Во оваа насока, од Министерството нагласија дека се разгледува и можноста за изградба на нова жичарница што ќе го поврзува Тетово со Попова Шапка, што би придонело за зголемување на пристапноста и привлечноста на локалитетот.
„Во оваа фаза Министерството не може да даде дополнителни детали за конкретниот инвеститор, сè додека не се финализираат разговорите и не се постигне конечен договор. Јавноста ќе биде информирана навремено штом процесот ќе влезе во својата
завршна фаза и кога ќе има конкретни и официјални одлуки“, соопштија од Министерството за економија и труд.
Ветувања и изјави за странски инвестиции неодамна дадоа и премиерот и градоначалникот на Тетово.
Пред неколку дена премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Попова Шапка рече дека се блиску до договор со странски инвеститори за Попова Шапка, без да спомне за кого станува збор.
„Наша цел е на краток рок да привлечеме инвеститор кој ќе инвестира, се разбира, заедно со државата. И ќе го направи она што е сон и цел за сите нас, Попова Шапка да стане најубавиот зимски центар во овој дел од Европа“, изјави Мицкоски. Од Владата не одговорија на прашањето на Порталб.мк за тоа кои се овие инвеститори, кога ќе има нешто конкретно и што се случува со преговорите со италијанската компанија која ја презентираше понудата за инвестиција во овој туристички центар.
Од друга страна градоначалникот на Тетово, Билал Касами, на 15 декември 2025 година изјави дека се во преговори со сериозни инвеститори од Истокот.
„Во разговори сме со сериозни инвеститори, верувам дека наскоро, дури и пред крајот на годината, ќе имаме посета од инвеститор кој е заинтересиран да инвестира во Попова Шапка, со што ќе ја претвориме Попова Шапка, овој зимски туристички центар, во модерен центар“, рече Касами.
На прашањето конкретно кои се овие инвеститори, од Општина Тетово не дадоа одговор.
„Прашањето за инвеститорите за Попова Шапка е во завршна фаза на дискусии и преговори. Инвеститорот е сериозен и посветен, и се
работи на склучување на конечниот договор во согласност со јавниот интерес. Откако ќе се финализира договорот Општина Тетово ќе ја информира јавноста за сите детали од проектот и инвестицијата“, велат од Општина Тетово. Според извори на Порталб.мк станува збор за инвеститори од Катар кои ја посетиле Попова Шапка. И самиот Касами во минатото ги спомна Катар и Обединетите Арапски Емирати како потенцијални инвеститори.
Пред локалните избори пратеникот на ВЛЕН, Аднан Азизи, исто така најави дека наскоро се очекува инвестиција од 500 милиони евра за овој туристички центар, но без да даде било какви детали.
Од друга страна, со години нема ништо конкретно од италијанската инвестиција презентирана во 2022 година од италијанската компанија „ТехноАлпин“. Според планот, инвестицијата е планирана да се реализира во седум фази и е во вредност од околу 180 милиони евра. Но, преговорите не постигнаа никаков епилог и не се потпиша договор. „За жал, нема ништо ново“, изјавија од ТехноАлпин за Порталб.мк. Попова Шапка, е една од најдобрите зимски дестинации на Балканот и пошироко, со години е запоставена, и во неа не се направени никакви инвестиции.
Меѓу најголемите проблеми се урбанистичкиот хаос, недостатокот на паркинг места, лошото управување со отпадот, дивоградбите и многу други.
Извор: Порталб.мк
Министерот за економија некогаш протестираше против уништувањето на Попова Шапка, сега не дава детали за најавените инвестиции 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2026-01-11 06:21:57 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
