
Во моментов на Клиниката за инфективни болести во Скопје се лекуваат 459 пациенти кои живеат со ХИВ. Тие примаат редовна терапија која вклучува современи лекови согласно најновите препораки на СЗО. На денот кога светот го одбележува Светскиот ден за борба против СИДА, поразговараме со Атанас Аврамов од здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ, „Заедно посилни“.
„Се проценува дека 7 од 10 луѓе го знаат својот ХИВ статус, а тројца не го знаат, иако го имаат, што е причина за продуцирање нови инфекции. Годинава имаме 14 бебиња родени ХИВ негативни, иако некој од родителите им е со позитивен ХИВ статус. Паровите кои сакаат да имаат семејство, тоа го пријавуваат на клиника и според одреден протокол и терапија, можат без поголеми пречки да стасаат до здраво потомство“, вели Аврамов.
Дискриминација во здравството, пациент со ХИВ бил одбиен за спермограм
Луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија и понатаму се соочуваат со сериозна стигма и дискриминација, посебно при добивање здравствени услуги. Како што вели Аврамов, најголемиот проблем е незнаењето и неедуцираноста за начинот на пренос на вирусот.
„Имаме примери кога пациент е одбиен за услуга за која воопшто не постои ризик од зараза. Едно ХИВ позитивно лице беше одбиено да направи спермограм иако немало ризик од пренос“, вели Аврамов.
„Заедно посилни“ работи на ова поле и организира обуки за сензитивизација на здравствените работници.
„Лице што прима терапија не може да ја пренесува инфекцијата. Лекарите слободно можат да оперираат пациент со ХИВ доколку е под терапија. ХИВ статусот не влијае на третманот. Само ограничен број специјалности имаат пристап до овој медицински податок“, додава тој.
Мобинг, изолирање, откази на работно место
Стигмата не застанува во ординацијата. Многу лица со ХИВ се соочуваат со сериозни последици и на работните места, најчесто во приватниот сектор.
„Имаме зголемен број случаи годинава каде што луѓе се соочуваат со мобинг или добиваат отказ откако ќе го откријат својот ХИВ статус. Најчесто тоа се случува во приватниот сектор“, објаснува Аврамов, кој вели дека жртвите обично пријавуваат за овие појави во Државниот инспекторат за труд, но ретко покренуваат постапка.
„Луѓето треба да знаат дека ХИВ не може да се пренесе при вообичаени работни активности“, додава Аврамов.
Министерството за здравство оваа година обезбедило повеќегодишна набавка на ХИВ терапија, чекор кој според Аврамов, значително ја подобрил сигурноста кај пациентите.
„Тие добиваат современа терапија и во тој сегмент не би рекол дека се соочуваат со тешкотии“, додава тој.
ХИВ и понатаму е голем глобален здравствен проблем. Досега се регистрирани 44,1 милиони смртни случаи на светско ниво, а само во 2024 година бројката на луѓе кои живеат со ХИВ достигнала 40,8 милиони.
Годинава, мотото на Светскиот ден за борба против СИДА е „Надминување на нарушувањата, трансформирање на одговорот кон СИДА“, порака која повикува на акција за ставaње крај на епидемијата до 2030 година.
ХИВ не е пречка за семејство, туку стигмата: 14 бебиња се родиле ХИВ негативни од ХИВ позитивни родители 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-12-01 09:12:52 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право
