Скопје е најголем загадувач на Вардар и токму затоа со завршување на изградбата на колекторот и станицата за третман на отпадни води, активност кофинансирана од ЕУ, значително ќе се придонесе кон тоа реката да биде почиста. Очекуваме итен ангажман од националните власти овој систем да се стави во функција со што ќе се намали загадувањето на водите. Ова денеска го истакна Штефан Худолин, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, на денешниот настан „Денови на Вардар 2025“. На настанот кој вклучува дискусии, работилници и тренинзи, се зборуваше за заштита и одржливо управување со сливот на реката Вардар, кој опфаќа околу 80 отсто од сите водни тела и со тоа е најзначен воден ресурс во државата.
Активноста е дел од Програмата за управување, користење и заштита на води, која е поддржана од Владата на Швајцарија, а се спроведува во партнерство и со учество на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од Делегацијата на Европската Унија порачаа дека развивањето План за управување со сливот на Вардар ќе биде најзначаен чекор за имплементација на Рамковната директива за води. Како дел од процесот на подготовка за креирање на Планот за управување со сливот на Вардар, Програмата за управување, користење и заштита на води и Европската Унија, донираа нова модерна опрема во лабораторијата на Управата за хидрометеоролошки работи. Дополнително, преку Програмата за води се обезбедија и две нови возила, со цел да се олесни теренската работи при земање примероци вода.
„Првпат воспоставуваме модел каде политиката, експертизата и институциите се усогласени околу една цел, стабилен и одржлив систем на управување со водите. Нашата политичка волја е јасна: да го подигнеме секторот на ниво кое одговара на европските стандарди и на очекувањата на граѓаните. До 2027 година, кога завршува првата фаза од програмата, ќе имаме поставено основа за идни структурни резултати и систем што генерира мерливи промени“, порача Ане Лашкоска, заменичка-министерка за животна средина и просторно планирање.
Албрим Хоџа, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кажа дека програмата има посебно значење бидејќи до 2027 година треба да воспостави информативен систем за води и план за управување со сливот на реката Вардар.
„Политиките засновани на податоци ќе ни помогнат подобро да го планираме развојот на земјоделството, шумарството и водостопанството. Со силни водостопански системи за наводнување во земјоделството, заштита на приносите од сите климатски промени и одржливо управување со земјоделските и шумските капацитети, инвестираме во потенцијалот на руралната средина“, рече Хоџа.
Програмата за води се фокусира на три главни цели – зајакнување на капацитетите на надлежните институции за интегрирано и одржливо управување со водните ресурси, развивање соодветна законска и регулаторна рамка за води и подобро планирање и управување со сливот на Вардар.
Амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер, истакна дека оваа програма е продолжување на дваесетгодишната швајцарска поддршка во подобрување на пристапот до вода за пиење, изградба на капацитети за третман на отпадни води и заштита на животната средина.
„Преку партнерство со институции, експерти и заедниците, работиме на препознавање и заштита на овој клучен ресурс за домаќинствата, земјоделството и индустријата во сливот на Вардар. Имајќи предвид дека овој слив опфаќа околу 80 отсто од водните тела во државата, интегрираното планирање за управување со речен слив, регулаторната реформа и пилот-проектите со земјоделците и општините, ќе ја пренесат политиката во пракса и ќе го поплочат патот за имплементација на Планот за управување со речен слив во земјата“, изјави Зомер.
Во рамки на „Денови на Вардар 2025“, минатата недела се одржа дводневна работилница, на која учествуваа домашни и странски експерти, претставници на клучните надлежни институции и граѓански организации. Утре, на последниот ден од настанот, на Градежниот факултет во Скопје, ќе се презентира Првичниот извештај за значајни прашања во управувањето со водите на сливот на Вардар и ќе се одржи Саем на кариера.
Худолин: Скопје е најголем загадувач на Вардар, очекуваме итен ангажман од власта 2025 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2025 2025-11-24 14:10:21 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


