
Цената на тон железо надмина 750 евра. Домашната инфлација повисока од европската. Приватниот сектор алармира дека кризата веќе тропна на врата и на нашата економија. Ценовниот притисок веќе го чувствуваат и граѓаните, пишува Порталб. Владата пакува мерки за амортизирање на ударот, опозицискиот фронт обвинува дека од граѓаните веќе се извлечени милионски суми само од поскапените горива
Граѓаните и дел од компаниите се справуваат со првите последици од новиот ценовен бран
„Секој ден некој производ поскапува од два до три денари, цената на маслото за јадење веќе е над 100 денари , јајцата и дел од овошјето поскапеа“ – вели продавачка во еден од маркетите и додава дека само еден ден по првото поскапување на нафтените деривати, цената на килограм банани и мандарини се зголеми за 30 до 40 денари, иако количините биле набавени претходно.
Економијата повторно влегува во ризична ценовна зона поради новиот воен фронт на Блискиот Исток. За граѓаните, ударот е преку зголемените цени на горивата и поскапените, пред сè, основни прехранбени производи.
Владата мора да посегне по мерки кои ќе го ублажат ценовниот притисок, а тоа може да се направи преку замрзнување на дел од цените, или пак, преку намалување на ДДВ за храната, но и за горивата – коментираат економистите. Веќе е потврдено дека ќе има одредени мерки кои ќе опфатат времено намалување на ДДВ. Ваквиот потег ќе следува по две драматични последователни поскапувања на нафтените деривати. Литар дизел гориво за две недели поскапе за повеќе од 20 денари, а цената на бензините се зголеми за 12 денари.
Поскапените нафтени деривати, економскиот застој во земјите кои се наши трговски партнери, намалени нарачки, намалена побарувачка – надворешните ризици веќе заторпаа на врата и на нашата економија, велат бизнисмените со кои разговаравме.
Многу е важно кога ќе се смири состојбата на Блискиот Исток. Ако цената на нафтата оди нагоре штетите ќе бидат големи, ова ќе биде еден од најголемите удари за економијата. Некои анализи упатуваат на раст на цените и до 200 долари за барел. Кај нас инфлацијата мора да се одржува на ниво блиско до европското, во спротивно ќе имаме проблем со платниот биланс, со трговскиот дефицит. При вакви ценовни шокови на удар се најсиромашните, кои трошат за основни прехранбени производи, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.
И градежната индустрија веќе се соочува со поскапени репроматеријали.
Пред 10-тина дена тон железо на светските пазари чинеше 620 евра, сега надмина 750 евра. Поскапените горива притиснаа на другите цени. Ако војната потрае ќе се соочиме со големи проблеми, вели Ивица Јакимовски од Градежната комора при ССК.
Дел од опозициските партии обвинија дека токму во овој период, трошокот на граѓаните за горива е зголемен за 10 милиони евра.
Само во последните две недели, граѓаните платиле над 10 милиони евра повеќе за нафтени деривати. Зголемувањето на цената од 21 денар по литар директно ги погоди граѓаните, покажале пресметките на ДУИ од каде побараа итни мерки што би го ублажиле овој „неподнослив товар“ врз економијата и домаќинствата.
И од опозициската СДСМ најавија дека ќе предложат пакет законски измени за намалување на акцизите на горивата, ДДВ-то на основните прехранбени производи и преполовување на цената на патарините.

Во февруари трошоците на живот се зголемени за 2,9 отсто во однос на истиот период минатата година, додека годишната инфлација во ЕУ изнесуваше 1,9 отсто.
АНАЛИЗА: Граѓаните и фирмите на удар на „ценовно цунами“ – економијата се соочува со последици 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-03-24 10:01:42 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

