
Споредбените податоци покажуваат дека најниско планирана сума државата имала во 2022 година од околу 56 милиони евра (3,5 млрд. ден), но ја завршила таа година со планирана исплата на околу 106 милиони евра (6,5 млрд. денари). Највисоките суми биле буџетирани во 2024 година, од вкупно околу 137 милиони евра, но и претходната 2023 година, со вкупно буџетирани 131 милиони евра, пишува „Вистиномер“
Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост:
Од пред неколку дена два различни податоци кружат во јавноста за субвенциите на владата во земјоделството. Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Владата ги крати субвенциите за 40 милиони евра и дека тоа значи земјоделците ја немаат поддршката од државата каква што ја имале додека на власт била СДСМ.
…„Се кратат околу 40 милиони евра, односно една третина помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, полјоделството, овоштарството. Тоа значи дека овие земјоделци нема да имаат доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ“ (види пошироко тука)…
Одговорија и од ВМРО-ДПМНЕ, а и актуелниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски, кои тврдат дека кратење нема, дека во време на владата на СДСМ никогаш немало толкава поддршка и дека таа секоја година се движела околу 100 милиони евра:
Правевме анализа во делот на претходните програми. Никогаш од 2019 година па наваму немало програма во висина од 140 милиони евра. Кога дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година, наследивме наследена програма од 100 милиони евра. Интервентно со ребалансот ја зголемивме на 115, а со пренамената во декември 2024 година, целата програма достигна 136 милиони евра. Тие зголемувања беа за дa се исплати тоа што го наследивме, најголем дел од претходната гарнитура. Секоја годишна програма била околу 100 милиони евра, а во текот на годината може да се прави дополнување со оглед на бројот на апликанти затоа што во јануари не го знаеме точниот квантум на производство. Но, тврдам дека не сме ги намалиле субвенциите за 40 милиони евра – рече Трипуновски, пренесува „Слободен Печат“.
Делумни вистини
Најголем дел од субвенциите, односно годишните директни плаќања во земјоделството се прават преку Програмите за финансиска поддршка за секоја тековна година. Тие обично поминуваат на владина седница при почеток на годината, а со текот на времето трпат зголемувања или измени согласно пројавените потреби кои се најчесто повисоки од планираните. На веб страната на т.н. „Платежна агенција“, односно Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, може да се најдат податоците по години за тоа колку биле одвоени пари од буџетот за директни плаќања како поддршка на земјоделството во изминатите години.
Споредувајќи ги бројките произлегува дека и Филипче и Трипуновски само делумно ја кажуваат вистината, зашто помошта од буџетот варирала од околу 100, до највисоки околу 140 милиони евра.
Ставките секогаш се систематизирани во Програма за финансиска поддршка на земјоделството, а еве ги од 2026 до 2021 година:
– 2026 планирани средства 6.06 милијарди денари.
– 2025 планирани биле 6,2 милијарди ден., на крај на годината сумата е зголемена на околу 6,5 милијарди денари.
– 2024 г. планирани биле нешто под 6 милијарди денари , а сумата за исплата на крај на годината достигнала околу 8,44 милијарди денари.
– 2023 г. биле планирани околу 6,4 милијарди денари, а на крај на годината плановите се зголемиле на околу 8,072 милијарди денари
– 2022 г. биле планирани скромни 3,5 милијарди денари, а на крај од годината плановите се зголемиле на околу 6,5 милијарди денари
Во 2021 г. биле планирани на околу 3,7 милијарди денари, а сумата се зголемила на околу 7,5 милијарди денари
Споредбените податоци покажуваат дека најниско планирана сума државата имала во 2022 година од околу 56 милиони евра (3,5 млрд. ден), но ја завршила таа година со планирана исплата на околу 106 милиони евра (6,5 млрд. денари).
Највисоките суми биле буџетирани во 2024 година, од вкупно околу 137 милиони евра, но и претходната 2023 година, со вкупно буџетирани 131 милиони евра.
Треба да се има предвид дека станува збор за суми за кои биле обезбедени пари за исплата на земјоделците и фирмите во земјоделието како директна субвенција и дека тука не влегуваат суми што се наменети за рурален развој, за финансиска поддршка на рибарството и аквакултурата и други национални програми, но тие суми се значително помали од овие од програмите за директна финансиска поддршка на земјоделието.
Исто така треба да се има предвид, дека во секоја програма значителен дел се издвојува за плаќање на заостанати обврски од програмите за претходните години, така што и во овогодинешната за таа намена се предвидени околу 1/3 од вкупната сума или над 2 милијарди денари (види тука стр.2, точка 12).
Сменети критериуми за директните исплати
Од годинава, она што е новина е дека се менуваат дел од критериумите за тоа кој може да се пријави за директната финансиска поддршка. Според она што го изјавува министерот и она што е пренесено во медиумите намерата е да се окрупни производството, па така само во земјоделието за да се добие поддршка се бара активно засадување на земјоделски култури на најмалку половина хектар, се бара користење на сертифициран семенски материјал кај пченицата, се зголемуваат субвенциите за одредени производи и други мерки од кои дел може да се прочитаат тука, тука и тука.
Во целост, сите измени за критериумите може да се прочитаат во Уредбата на Владата од почетокот на февруари 2026 г.
Пишува: Теофил Блажевски
Делумни вистини за буџетската поддршка на земјоделството, таа варирала од 100 до 140 мил. евра 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-02-19 12:48:29 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

