
Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакревски, за Мета.мк потврди дека Државниот просветен инспекторат утврдил нерегуларности кај седум студенти на магистерски и четворица на докторски студии. Тој додаде дека факултетот веќе постапил по решението, кое сам го иницирал и на овие студенти им е прекинато студирањето.
„Јас лично како декан го пријавив случајот и побарав од ДПИ да ги испита состојбите и да направи вондреден инспекциски надзор. Моја законска должност како декан е кога ќе имам индиции за евентуални нерегуларности, да го пријавам тој случај до надлежните институции. Така би постапил при секоја ситуација“, изјави деканот.
Тој појасни дека спорните студенти поседувале дипломи, но тие биле стручни, а не академски, додека пак законот дозволувал продолжување на студиите на повисоки циклуси само со завршени академски студии. Во конкретниот случај, стручните дипломи биле изедначени со академските, што овозможило запишување на магистерски и докторски студии, иако таква можност не е предвидена со важечкиот закон од 2018 година. Првиот случај на студент запишан на овој начин бил во академската 2019/20 година.
„Запишани биле 17 студенти со завршени стручни, а не академски студии и тие имаат 180 кредити. Најголем дел, односно 7 биле запишани на втор циклус, а 4 биле на докторски, а некои пак го прекинале студирањето од предходно. Повеќето се од Институтот за дефектологија, но има и по неколку студенти од други студиски програми“, изјави Бакревски.
Бакрески посочи дека случајот е повеќеслоен и треба да се разгледа од повеќе аспекти, при што најважно е да се почитува инстуционалната процедура и да се почека до конечниот расплет.
„Во моментот, најважно е да се почитува институционалната процедура и да се почека до конечниот расплет. Случајот е повеќеслоен и треба да се дискутира од повеќе аспекти. Некоректно е да се бара одговорност кај некој од колегите или раководството. Одговорноста ќе се утврдува врз основа на факти, а не на претспоставки. Ние како факултет сме отворени во делот на транспарентсното работење“, изјави Бакревски.
Како што информираше деканот, факултетот со решение веќе на половина од студентите им ги вратил парите потрошени за студирање, а истото ќе го стори и со останатите откако ќе ги приложат трансакциските сметки.
„Сите треба да гарантираме доверба и интегритет. Да нагласам, ние први го пријавивме случајот бидејќи сметавме дека состојбите во високото образование треба да се анализираат на повисоко ниво. А најрелевантна институција задолжена за ова е Државен просветен инспекторат“, изјави Бакревски.
За тоа како настанала ситуацијата, Бакревски не можеше во моментот да даде детали, но кажа дека сè е онака како што е наведено во решението на ДПИ.
„Во изминатиот период имало различни интерпретации на Законот и подзаконските акти, но морам да признаам дека намерата на наставниците никогаш не била да ги доведат студентите до ваква состојба. Во делот на уписите има различни фази и многу тела се вклучени, почнувајќи од студентски прашања, колегиуми, совети, продекани, итн, но не можам да покажам на некој со прст, највалидно е тоа што ќе го докаже ДПИ“, изјави Бакревски.
Во коментари на Фејсбук под објава на портал што ја пренесе веста, реагираа и професорите Маја Геровска Митев и Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, оценувајќи дека информациите се нецелосно и неточно пренесени.
„Би било коректно кога информирате да ги дадете сите информации. Настанатата ситуација е резултат на период во кој важеле правни акти/правилници, согласно кои студенти со завршени стручни студии на прв циклус (180 кредити) и завршени втор циклус студии (60 кредити) можеле да се запишат на академски студии на втор и трет циклус. Студентите имале комплетирано образование кое се барало, факултетот постапил согласно постоечките правилници. Потребно е време да се разреши ситуацијата во најдобар интерес на студентите. Вашите некомплетни информации највеќе им штетат на студентите“, гласи коментарот на професорката Геровска Митев.
Професорот Горан Ајдински, пак, напиша дека запишаните студенти се со дипломи.
„Имаат завршени стручни студии, не академски. Има спорни одредби во нормативните акти каде јасно се пропишува дека не може да бидат запишани, но има и одредби каде може и под посебни услови. Инспекторатот постапи, но постапката не е завршена. ЗНАЧИ, проверете ги убаво информациите без сензационални наслови “без дипломи”…!? И не е само на Филозофски факултет“, стои во коментарот на Ајдински.
Претходно, порталот МКД.мк објави дека Филозофскиот факултет запишувал студенти на магистарски и докторски студии без тие да имаат завршено додипломски студии.
Филозофскиот факултет запишувал студенти на магистерски и докторски студии без дипломи
ДПИ констатирал пропусти на Филозофски факултет по пријава од деканот 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-04-21 16:22:43 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


