
Поради недостатокот на стручен кадар, задоцнетите реакции, како и тенденцијата за минимизирање на случаите за да се зачува имиџот на институциите, употребата на наркотични средства меѓу учениците и натаму е алармантен феномен во средните училишта во Полог. Претставниците на учениците и новинарите оценуваат дека училиштата и институциите честопати не успеваат сериозно да го третираат овој проблем, фокусирајќи се повеќе на формалностите и прикривањето отколку на превенцијата, професионалната поддршка и градењето на доверба кај младите луѓе, пишува Порталб.мк.
Овој проблем е проследен со критики за површното третирање, недостатокот на доверба во стручните служби и институционалниот одговор кој често доаѓа дури откако ситуацијата ќе излезе од контрола.
Пасивност и површна реакција
Претседателот на Сојузот на средношколци во Тетово – Ардијан Рамадани за Порталб.мк вели дека состојбата со употребата на наркотични средства е загрижувачка, а како што вели тој, пристапот на училиштата кон овој проблем е површен.
„Не е доволно само повремено да се држат предавања, да се пополнуваат формулари или да се известува писмено дека се спроведени превентивни активности. Проблемот е што честопати нема вистинска работа со учениците, нема директна комуникација, нема континуирано следење на случаите и нема современ метод за разбирање на нивните проблеми“, вели Рамадани.
Тој вели дека во некои училишта е забележана пасивност не само во справувањето со феномените како што е употребата на дроги, туку и во заштитата на правата на учениците и реагирањето за други прекршувања што влијаат на нивното достоинство и благосостојба.

„Уште поголема загриженост предизвикува намалувањето на довербата на учениците во овие служби. Ако ученикот не е сигурен дека разговорот со психологот, наставникот или друго одговорно лице ќе остане доверлив, тогаш нема да побара помош. А во некои случаи, за жал, учениците се увериле дека она што се кажува во канцелариите на овие служби може да се прошири и во училишната средина“, вели Рамадани.
Тој нагласува дека училишните директори не покажале доволен интерес за директно соочување со овие феномени.
„Честопати реакцијата доаѓа само кога проблемот ќе стане јавен, кога ќе се случи инцидент или кога ситуацијата ќе излезе од контрола. Тоа не е превенција. Тоа е задоцнета реакција“, вели Рамадани.
Во училиштата само молк
Рамадани вели дека загрижувачки е и молкот во самите училишта.
„Ако еден професор, класен раководител или службеник во училиштето јасно забележи дека ученикот е во тешка состојба, под дејство на дрога или во опасност, а не го пријави случајот, тогаш сме потфрлиле и морално и институционално. Не сакам да генерализирам, бидејќи има и одговорни професори и професионалци, но молчењето во овие случаи го штити проблемот, а не ученикот. Училиштето не може да се однесува како да не гледа“, вели тој.
Тој вели дека кога се работи за овој проблем нема потреба од институционална пропаганда или криење на случаите за да се зачува имиџот на училиштата.
„Потребна е искреност. Бидејќи училиштето нема штета ако признае дека има проблем; штета има кога го крие тоа. Молчењето не е решение. Молчењето само го продлабочува проблемот“, вели Рамадани.
Тој, меѓу другото, додава дека органите за спроведување на законот и одговорните институции треба да бидат многу порешителни во справувањето со овие случаи и правилно да ги третираат истите, со конкретни планови и мерки.
Тенденција за прикривање на случаите
И новинарот од Тетово – Сенат Зилбехари, од своето искуство кажува дека наишол на случаи каде што во училиштата имало тенденција да се премолчуваат случаите на употреба на дроги или друго девијантно однесување.
Зилбехари вели дека проблемот со употребата на дроги кај младите не може да се третира со затворање на очите или однесување како тој феномен да не постои.
Тој додава дека со години образовните институции и властите реагирале само откако ќе се случи некој алармантен случај, а во училиштата недостасува сериозна превентивна работа.
„Училиштата честопати се фокусираат повеќе на зачувување на својот имиџ отколку на решавање на проблемот. Постои тенденција случаите да се минимизираат за да не се „оцрни“ името на институцијата, но молчењето не го решава феноменот. Напротив, го прави уште поопасен. Како новинари честопати се среќаваме со одбивање и тенденција да не третираме вакви случаи, но ако за овој феномен не се дискутира отворено и ако нема соработка помеѓу училиштето, родителите и институциите, тогаш младите остануваат изложени на сериозни ризици без никаков вистински заштитен механизам“, рече Зилбхеари.

Директорката на медицинското училиште: „Криење на случаите“, несоодветна перцепција во многу случаи
Средното медицинско училиште „Никола Штењ“ во Тетово има најголем број на ученици во Тетово. Со директорката, Маљсоре Рамадани, ние разговаравме во врска со девијантното однесување и употребата на дроги и начинот на справување со овие случаи.
Таа вели дека и покрај сите напори образовниот систем сè уште се соочува со недостаток на човечки и професионални ресурси, особено со училишни психолози и одржливи превентивни програми. Директорката вели дека често недостасува една длабока и континуирана соработка помеѓу училиштето, семејството и здравствените и социјалните институции. Според неа, во многу случаи интервенцијата доаѓа предоцна кога проблемот веќе добил посериозна форма.
„Училиштата обично применуваат превентивен пристап преку психолошко советување, едукативна работа во класен час, предавања од професионалци од областа и соработка со родителите. Во случаи кога постои сомнеж тогаш се активира стручната служба на училиштето и се информираат родителите, со цел да се поддржи, а не да се стигматизира ученикот. Исто така, се спроведува соработка и со надлежните институции согласно законските протоколи“, вели Рамадани.

Таа, меѓу другото, нагласува дека училиштето не може и не треба да остане само набљудувач.
„Тоа интервенира со сите механизми што му се на располагање: од советување, до дисциплински мерки, па се до упатување до надлежните институции. Но, секогаш имајќи предвид дека се работи за дете или адолесцент, а не за „случај“, и секој чекор мора да биде и воспитувачки, а не само казнувачки“, вели таа.
Во врска со „прикривањето на случаите“, директорката вели дека во многу случаи ова е една неправедна перцепција.
„Не станува збор за прикривање, туку за внимателен напор да се заштити достоинството на ученикот и неговото семејство. Ова се чувствителни ситуации каде што погрешен збор може повеќе да повреди отколку да помогне. Нашата цел не е да го прикриеме проблемот, туку да се однесуваме кон него со одговорност, човечност и дискреција“, вели Рамадани.
Продолжува…
(5) Дрогата во училиштата во Полог: Молк, прикривање на случаите и задоцнета реакција 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-05-30 17:47:59 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


