
Четвртото издание на меѓународниот фестивал на деветтата уметност „Стрип Трип“ започна вечерта на 5 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје со отворање на изложби, доделување на наградата „Македонско стрип наследство“ на Никола Гелевски и вечерна програма посветена на творештвото на српскиот стрип-автор Алекса Гајиќ.
Фестивалот го отвори Игор Јовчевски, кој во воведното обраќање ги најави гостите и програмските активности на годинешното издание. На отворањето беше оддадена почит и на неодамна починатиот доајен на македонскиот стрип Диме Иванов – Димано (1946–2026), еден од претходните добитници на наградата „Македонско стрип наследство“ во 2023 година. Публиката проследи и краток исечок од интервју со Димано, во кој тој говори за својата посветеност на стрипот како начин за претставување на македонската историја.

Првиот фестивалски ден продолжи со тоа што на авторот, уредник и издавач Никола Гелевски му беше врачена наградата „Македонско стрип наследство“, како признание за неговиот придонес кон македонското стрип-творештво.
Наградата на Гелевски му беше доделена за неговиот долгогодишен придонес во развојот, афирмацијата и видливоста на современиот стрип. Гелевски, главен уредник на „Окно“ и на издавачката куќа „Темплум“, од 1990 година има објавено околу 700 изданија, меѓу кои значајно место заземаат стриповите и графичките новели. Под псевдонимот Пандалф Вулкански го урадуваше списанието за стрип „Лифт“, кое во втората половина на 1990-тите се етаблира како едно од важните места за афирмација на македонскиот алтернативен и авторски стрип. Неговиот ангажман продолжи и преку едицијата за графички новели „Лифт“, годишната награда за стрип „Лифт“, како и преку сопствените авторски проекти, меѓу кои обемниот стрип-проект „Лабрис“, создаван во коавторство со Александар Станковски.

Во последователниот разговор со Ивица Дуковски, Гелевски посочи на неговите корени за интерес кон стрипот во време на бивша Југославија кога трафиката била своевидно свето место за љубителите, и дека дека целата негова работа по независноста од незаинтересираноста на институциите да работат на унапредување на современите културни вредности. При тоа тој се заблагодари на сите што наспроти лошите општествено-екномски услови придонеле заедно со него, како неговиот брат Небојша Гелевски – Бане и студиото „Кома“, како и круговите во кои се движел во текот на кариерата, комбинирајќи го интересот за книжевноста, ликовната уметност и стрипот кој кога е квалитетен е нивна синтеза.

Во врска со „Лабрис“ Гелевски укажа дека се направени над 900 табли од кои само околу половина се објавени. На прашањето дали ќе биде ре/објавен тој рече дека наградата му повлијаела да размисли за тоа, бидејќи стрипот кој содржи е одраз на времето и начинот на кои е создаден, преку динамичната и понекогаш хаотична интеракција меѓу двајцата автори.

Во рамки на вечерната програма се одржа и панел со реномираниот српски стрип-автор Алекса Гајиќ, заедно со промоцијата на неговата книга „Проширено поле на стрипот“. Во разговорот со Давор Драмиќанин тој укажа дека низ неговата работа тој балансира меѓу комерцијални проекти и работа за своја душа која опфаќа правење стрипови во разни форми, меѓу другото и преку физички објекти, како и интегрирање на работата на стрип и анимација. На пример, од работата на филмот „Едит и јас“ истовремено произлегол и стрипот „Технотајз“, еден од класиците на балканскиот сајберпанк.
Програмата во кино „Фросина“ продолжи со прикажување на неговиот краток анимиран филм „Крал на ништо“ од 2024 година, додека вечерта заврши со афтер на платото на МКЦ.
„Стрип Трип“ годинава се одржува од 5 до 7 јуни и носи богата програма со изложби, промоции, панели, мастерклас, работилница, цртачки сесии, берза на стрипови, друштвени игри, поткаст во живо и диџеј сетови.
Главен гостин на фестивалот е Бобан Пешов, италијански илустратор со потекло од Македонија, актуелен со графичката новела „Беше еднаш на Истокот“. Делото веќе привлече внимание на италијанската стрип-сцена, а на фестивалот ќе биде промовирано и неговото македонско издание.

Во меѓународната програма учествуваат и Белкис Аксу од Турција, која ги претставува своите мини-стрипови, како и Владимир Весовиќ од Србија, кој ќе одржи мастерклас и работилница за стрип. Македонската стрип-сцена е претставена преку повеќе автори, меѓу кои Тони Анастасовски, Методија Стојановски, Јордан Коцевски, Ивана Атанасовска, Таки Гаковски, Димитри Балојани, Златко Крстевски и Ивица Дукоски.

Ко-организатори на фестивалот се стрип-книжарницата и издавач „Бункер“, здружението за промовирање на стрип-културата „Макстрипови“ и издавачката куќа „Стрип Квадрат“. Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, Град Скопје и Општина Центар.

Фестивалот „Стрип Трип“ во МКЦ започна со изложби и награда за Никола Гелевски 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-06-06 07:38:42 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


