
Во 2026 година, а заклучно со 27 јули, во Македонија се регистрирани вкупно осум случаи на Западно-нилска треска. Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија. Од регистрираните случаи (8), 7 се машки, а едно е женско лице. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 6, а две се лица на возраст од 50-59 години. Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна инфекција и сите биле хоспитализирани“, наведено е во соопштението на ИЈЗ.
Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна инфекција и сите биле хоспитализирани.
Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените, 5, е регистиран во месец јули. Кај два случаи почетокот на симптомите е во месец јуни, а кај еден случај во месец мај.
Западно-нилската треска за прв пат во Македонија е регистрирана во 2011 година. Во периодот од 2011 година до крајот на 2025 година, регистрирани се вкупно 54 лабораториски потврдени случаи. За истиот период, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со оваа болест.
West Nile вирусот (WNV) е арбовирус од родот флавовируси, првпат откриен во 1937 година во Уганда. Денес неговото присуство е регистрирано на речиси сите континенти, вклучувајќи ги Африка, Америка, Азија, Австралија, Европа и Блискиот Исток.
Западнонилската треска е вектор-преносливо вирусно заболување предизвикано од WNV. Вирусот природно циркулира помеѓу комарците (најчесто од родовите Culex и Aedes) и дивите птици, кои претставуваат негов природен резервоар. Луѓето и коњите се случајни, односно крајни домаќини, и немаат значајна улога во одржувањето на природниот циклус на вирусот.
Инфекцијата кај луѓето најчесто се пренесува преку каснување од заразен комарец. Болеста не се пренесува од човек на човек, освен во ретки случаи преку трансфузија на крв или трансплантација на органи.
Инкубацискиот период обично трае од 3 до 14 дена. Околу 80% од заразените лица немаат никакви симптоми. Кај приближно 20% од инфицираните се јавува лесна, самоограничувачка болест со покачена телесна температура и други неспецифични симптоми.
Помалку од 1% од инфекциите преминуваат во тешка форма, која може да се манифестира со воспаление на мозокот (енцефалитис), воспаление на мозочните обвивки (менингитис) или акутни парализи. Овие состојби се потенцијално животозагрозувачки.
За западнонилската треска не постои специфична антивирусна терапија. Лекувањето е симптоматско и, кај потешките случаи, се спроведува со интензивна медицинска нега, која може значително да ги подобри шансите за преживување. Смртноста кај тешките форми изнесува од 3% до 15%, а ризикот е поголем кај повозрасните лица.
Опоравувањето по тешките форми на болеста може да биде продолжено и да биде проследено со долготраен замор, мускулна слабост, отежнато одење, нарушувања на меморијата, депресија и други невролошки последици.
Во моментов не постои вакцина за превенција на западнонилската треска кај луѓето.
Согласно последните достапни информации за Западно-нилска треска од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на сезоната на пренос во 2026 година, а заклучно со 22 јули, идентификувани се 35 региони погодени од вирусот на Западно-нилска треска (WNV) во шест земји во Европа.
Овие региони се наоѓаат во Италија (20), Грција (6), Романија (4), Македонија (2), Шпанија (2) и Франција (1).
Шесте земји пријавиле вкупно 81 автохтон (локално стекнат) случај на инфекција со вирусот на Западно-нилска треска. Од нив, Италија пријавила 46 случаи, Грција 21, Македонија 5 (заклучно со 22 јули, а вкупно 8), Романија 5, Шпанија 3 и Франција 1 случај.
Во оваа сезона, првиот регистриран случај кај луѓе во Европскиот регион е од Македонија.
Годинава во земјава се регистрирани осум случаи на Западно-нилска треска 2026 IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-07-27 12:45:33 Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право


