
Индексот на отвореност на македонските општини годинава опаднал за еден процентен поен, од 40 отсто во 2025 година, на 39 отсто. Анализата на отвореноста на единиците на локалната самоуправа, изработена од Фондацијата Метаморфозис и Рурална Коалиција покажува дека речиси половина од општините имаат резултат под 40 отсто, а добар дел од нив и под 30 отсто. Тоа укажува дека кај значителен број општини сè уште не се воспоставени основните стандарди на отворено, отчетно и транспарентно работење. Само 15 од 81 општина годинава имале резултат над 50 отсто според Индексот на отвореност.
Најотворена општина и годинава е Крива Паланка со отвореност од 73 отсто, пред Берово со 69 отсто, Демир Хисар со 68 и Битола, Делчево и Кочани со 67 отсто. На дното на листата се Студеничани и Лозово со отвореност од осум отсто, кои се веднаш зад Боговиње со 11, Сопиште со 13 и Врапчиште со 14 отсто.
Резултатите од Индексот на отвореност 2026 беа споделени денеска на тематскиот форум „Од отворена општина до активна заедница: Индексот на отвореност 2026 и граѓанското учество на локално ниво“.
Според Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“, отвореноста на локалната самоуправа не значи само една информација да биде поставена на веб-страниците на општините или само исполнување на законските обврски, туку општина во која граѓанинот навреме е запознаен, може и да праша, да учествува, да влијае и да побара отчетност.
„Падот од еден процентен поен можеби не звучи драматично, но проблемот е што немаме тренд на напредок. И по повеќегодишно мерење, препораки, дигитализација и сè поголеми очекувања на граѓаните, нашите општини во просек исполнуваат само 39% од индикаторите за отвореност. Кога зборуваме за отвореност, не зборуваме за тоа дали една општина има убава веб-страница, туку за тоа дали граѓанинот може лесно да го најде буџетот, дали знае како се трошат неговите пари, дали може да ги види одлуките на Советот или пак дали знае што планирала општината, што реализирала и со каков резултат. Тоа значи и дали граѓанинот може да учествува во консултација пред да биде донесена одлука што директно го засега“, вели Даниловска Бајдевска.
Лилјана Јоноски извршна директорка на Рурална коалиција, истакна дека во рамките на анализата се проверуваат веб страниците на локалните самоуоправи и се прават споредби со изминатите години, се испраќаат прашалници кои ги одговараат општините, а се бараат и информации од јавен карактер кои се показател и во која мера се почитува законот за слободен пристап до информации.
„Мора да констатираме дека има намалување на бројот на општини кои одговориле на прашалникот, седум помалку отколку претходната година, а има и 44 општини што не одговориле. Исто така, само 50 општини, односно 61,7 отсто од сите 81 локални самоуправи, одговориле во законскиот рок на барањата за слободен пристап до информации, за разлика од минатата година кога одговориле 62 општини. Поразителни се и фактите дека 15 општини не исполнуваат ниту еден критериум за во делот за свесност, а 10 во делот интегритет“, вели Јоновски.
Таа посочува дека просечната отвореност е во благо опаѓање, а тоа укажува колку тешко можат да се одржат дури и веќе утврдените практики, особено во услови кога се менуваат тимови во администацијата. Како најотворен е оценет Источниот плански регион, а најзатворен е Полошкиот. Јоновски вели дека анализата потврдува дека отвореноста не зависи од големината на општината, туку од посветеноста на тимот, бидејќи има мали општини со подобри резултати од повеќето големи.
Во 2026 година, наодите од Индексот на отвореност покажуваат дека најотворена единица на локалната самоуправа повторно е Крива Паланка (73%), по која следуваат Берово (69%), Демир Хисар (68%), Битола, Делчево и Кочани (67%), Велес (65%), Карпош (64%), Гази Баба (61%), како и Кавадарци, Кичево и Гевгелија (58%). Најдолу на ранг-листата се Студеничани и Лозово (8%), а со малку подобри резултати од нив се Боговиње (11%), Сопиште (13%), Врапчиште (14%), Чучер Сандево (16%), Чаир (18%) и Шуто Оризари (19%). Разликата од 65 процентни поени помеѓу најдобро и најслабо рангираните општини укажува на изразени нееднаквости во примената на принципите на добро владеење на локално ниво.
Сања Станковска од Општина Крива Паланка вели дека резултатите создаваат обврска догодина да бидат уште подобри, да ги задржат добрите практики и подобро да им служат на граѓаните. Посочува дека се обидуваат во процесот на донесување одлуки да вклучат што повеќе граѓани, не само најгласните, туку и младите или маргинализираните, бидејќи тогаш и општината ќе има подобри резултати и ќе носи подобри одлуки.
„Општината Крива Паланка практикува редовно ажурирање на веб страницата, која секогаш треба да има јавни, точни и навремени информации за сите јавни повици, извештаи за буџетот, седниците на Советот, одлуките, записниците и друго. Организраме и буџетски граѓански форуми, каде го слушаме мислењето на граѓаните во процесот на планирање. Благодарни сме за менторството за изработката на годишниот план за јавни консултации од кој очекуваме видливи резултати“, вели Станковска.
„Степенот на рангирање не е најважниот показател за општината, туку што ќе научат и дали ќе се подобрат и напредуваат“, смета Ѓорѓи Пејовски од Општината Берово. Тој ги посочи начините кои ги нуди модерниот начин на комуникација и технологијата за контакт и испитување на мислењето на граѓаните, но ја нагласи и недовербата која граѓаните многу често ја имаат кон локалните самоуправи и ставот дека мислењето на поедниците не е слушнато, ниту пак, може нешто да смени.

Индексот ја мери отвореноста преку четири области транспарентност, свесност, пристапност и интегритет, а отворените податоци се следат како хоризонтален принцип низ сите нив. Најдобри резултати локалните самоуправи постигнуваат во областа транспарентност 47,8%, иако и тука се забележува пад од 49 % од минатата година. Интегритетот е на 40,1 отсто и бележи мало подобрување, пристапноста е на само 33,6 отсто и повторно бележи благо влошување, додека македонските општини се најслаби во областа свесност со само 26 отсто.
„Целта на Индексот не е да покажуваме со прст. Работевме директно со општините, обезбедивме менторска поддршка, развивавме практични механизми за подобрување на транспарентноста и отчетноста и работевме на дигитални механизми преку кои граѓаните полесно ќе можат да комуницираат со локалната власт. Не сакаме Индексот да биде листа што еднаш годишно ќе ја објавиме и ќе ја заборавиме. Сакаме да биде патоказ за промена“, вели Даниловска Бајдевска.
На Форумот, беше презентирана и апликацијата мЗаедница, алатка за директна комуникација на граѓаните со општините. Во моментов мЗаедница е активна во десет општини каде што освен можноста граѓаните полесно и подиректно да комуницираат со општината, развива и функционалности како граѓански форуми, планови за граѓански консултации и друго.
„Апликацијата дава можност буџетските дискусии, кои општините најчесто ги практикуваат, да се прошират на сите теми. Има можност за статистичка обработка на податоците, кои се корисни за креирање на политики“, вели Милан Танчески од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.
Резултатите од Индексот на отвореност и годинава потврдуваат дека степенот на отвореност не зависи исклучиво од големината на општината, бројот на жители или расположливите финансиски ресурси, туку во голема мера од институционалната посветеност, воспоставените внатрешни процедури, активното раководење и проактивното објавување информации. Кај дел од ЕЛС и понатаму се присутни подолги периоди без ажурирање на веб-страниците, нецелосни информации или нефункционални секции, како и недоволна достапност на информациите на сите службени јазици.
Значителен број документи недостасуваат, не се редовно ажурирани или се објавуваат во формати што ја ограничуваат нивната употребливост, а потребно е што повеќе податоци да се објавуваат во отворен формат.
За суштинско подобрување е потребен системски пристап, јасно дефинирана одговорност за ажурирање на информациите и континуирано вложување во транспарентноста, отчетноста и вклучувањето на граѓан(к)ите.
Индекс на отвореност 2026: Нема значаен напредок во отвореноста на општините кон своите граѓани 2026
IUSTITIA.BG – Investigations 2009-2026 2026-09-25 11:35:44
Најнови вести Светски вести Вести од земјата Најважни вести најнови вести најважни најнови вести на денот Правда Петар Низамов Пердуви Петар Низамов – Пердуви Правда bg iustitia.bg iustitia iusticia истрага usticia Бургас Бугарија вести вести од последниот час вести на денот вести од денес вести од Бугарија Вестите од Бугарија блиц вести главни вести најважни најкоментирани најнови вести Бојко Борисов вести за времето вести за коронавирусот вести за времето facebook youtube facebook instagram вести денес вести од последните минути вести денес вести вести bg вести водечки вести актуелни вести bg страница со вести за вести сите вести вести bg вести од последниот час најнови вести bg вести од денес вести денес вести денес вести од последниот час најнови вести денес вести bg вести од 24 часа вести vesti bg вести од Новини свет птица bg bivol bg bivol trud bg novini најнови вести денес novinite bg вести здраво бугарија политичка партија грб делјан пеевски скандалозна Бугарска национална телевизија Слободна Европа телевизија скандал ексклузивно телевизија во живо во живо токму сега tv tv онлајн ТВ програма bg во живо сега tv вести онлајн tv онлајн суд во живо Бургас суд Окружен суд Бургас суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Окружен суд Бургас Обвинителство во Бургас Обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Окружно обвинителство во Бургас Генерален обвинител Иван Гешев Обвинител Гешев Цацаров Министерство за внатрешни работи Бургас ODMR Бургас ODPR Полиција во Бургас Окружна полиција Бургас Обвинителство во Бургас Цацаров Случаи на SGS Суд во Варна претседател на SGS судски одлуки за граѓански предмети одлуки за случаи Суд во Пловдив одлука на судските одлуки случаи Суд во Варна кривични предмети одлуки на окружниот суд работа во судот SGS претседател на SGS судии Софиски суд пост судии Суд во Пловдив судии во Пловдив Инспекторат на Врховниот суд во Пловдив Врховен суд Врховен суд Врховен судски совет адвокат кривични предмети адвокат граѓански предмети адвокат брачни случаи адвокат административно кривично право кривична постапка граѓанско право граѓанска постапка административно право уставно право

